Тениската репрезентација на Франција е победник на 89 -то издание на Девис купот. Деветата победа на галските петли во Девис Куп натпреварите им ја донесе Николас Ескуд кој во решавачкиот пети натпревар со 3:1 во сетови го совлада Вејн Артурс кој настапи на место повредениот Патрик Рафтер.
Француската тениска репрезентација поведе со 2:1 над Австралија, по мечот во двојки од финалето на Девис купот во Мелбурн. На французите им треба една победа во утрешните два завршни сингл дуела. Австрслискиот капитен Џон Фицџералд се коцкаше и загуби.