TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бучковски демантира дека имало злоупотребa на функцијата

А1 - 10.12.2005

Среќен што може да се оправда пред јавноста, Бучковски го искористи саемот на „Зелс“ и невладините организации да му одговори на државниот ревизор. „Извештајот не е лажен, но тенденциозни се заклучоците кои дел од медиумите ги изнесуваат.

Ревизорите утнале, нема незаконско трошење милиони

Време - 10.12.2005

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА СЕ ПРАВДА Емил Зафировски Министерството за одбрана во 2004 година не склучувало непосредни спогодби во четири очи и го почитувало законот за јавни набавки, изјави Никола Петревски, државен секретар во МО, на вчерашната прес-конференција.

Според ревизорот, има индиции за кривична одговорност на Бучковски

Утрински - 10.12.2005

Работењето во Министерството за одбрана под лупа на Јавното обвинителство и на Антикорупциската комисија Министерството за одбрана тврди дека во 2004 година бил почитуван Законот за јавни набавки и немало непосредни спогодби БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Државниот ревизор оценил дека во работењето на ...

Бучковски платил 1.700.000 евра за опрема и за услуги што не ги добил

Дневник - 10.12.2005

РЕВИЗИЈА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА ЗА 2004 ГОДИНА Министерството за одбрана лани дало 1.796.426 евра аванс за опрема и за услуги што не ги добило, утврдил државниот ревизор. Од 1994 година, поради неизвршени обврски или недоставена документација, Министерството нема оправдано околу 18.070.000 ...

За Министерството, се е законски

Дневник - 10.12.2005

реакциЈа ПО ИЗВЕШТАЈОТ Во Министерството за одбрана лани се се работело според законите, изјави вчера државниот секретар Никола Петроски, а по повод наодите на Државниот завод за ревизија за незаконско и ненаменско трошење пари во овој ресор.

(Не) законски трошени пари

Вечер Прес - 10.12.2005

Министерството за одбрана во текот на минатата година незаконски потрошило буџетски средства за непосредни спогодби и за преферирани фирми, оцени Државниот завод за ревизија во годишниот извештај за работењето на овој владин ресор.

Се разгледува ревизорскиот извештај за Бучковски

А1 - 09.12.2005

Скопското обвинителство го разгледува ревизорскиот извештај, со кој премиерот Бучковски се товари дека во време на министерувањето во одбраната потрошил 914.000 евра за склучување директни спогодби, но и милионите потрошени за повластени фирми, луксузни апартмани, наплата на оштети, штетни договори.

Се расчистува теренот пред престојните избори

А1 - 09.12.2005

Криминал, афери, скандали. На удар Претседателот, сегашниот и бившиот Премиер. Политички најмоќните луѓе во државата. Се расчистува ли теренот пред престојните избори. Се погласни стануваат информациите дека центрите на моќ во власта, поточно струите во СДСМ отворија меѓусебен фронт за цементирање ...

Бојадисувањето на касарните било воена тајна!

Утрински - 09.12.2005

Државниот ревизор откри голем број неправилности во работењето на Министерството за одбрана во 2004 година Незаконски трошени милиони денари за реновирање воени објекти БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Реновирање апартман во хотелот „Илинден”, молеро-фарбарски работи во касарната „Стив Наумов,” набавка на ...

Вклучувањето во ЕУ ќе го поттикне балканскиот напредок

Утрински - 09.12.2005

Обраќање на премиерот Владо Бучковски на економскиот форум "Кран Монтана" Владо Бучковски е добитник на наградата на Форумот "Кран Монтана" за 2005 година Монте Карло - Балканот, а во тие рамки и Македонија, географски се дел од Европа и природно се поврзани со структурата на ЕУ.

Бучковски незаконски трошел милиони од одбраната

Дневник - 09.12.2005

РЕВИЗИЈА НА РАБОТАТА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА во 2004 година Министерството за одбрана лани незаконски вршело непосредни спогодби, имало "омилени" фирми, меѓу кои и човек-фирми, неколкупати склучувало договори откако работата веќе била завршена и вршело неколкукратни набавки од иста фирма за да ...

Државниот ревизор го обвинува премиерот Bучковски. За злоупотреби...

Канал5 - 09.12.2005

Молк од кабинетот на премиерот, по објавувањето на извештајот од државниот ревизор со кој се констатира дека во времето на министерувањето на Бучковски незаконски биле потрошени речиси милион евра. Во одбрана на екс министерот за одбрана настапи државниот секретар.

Предавање на Бучковски на Tетовскиот универзитет

Макфакс - 09.12.2005

Скопје Премиерот Владо Бучковски денеска во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово ќе одржи предавање на тема “Европските перспективи на Република Македонија. Бучковски ќе одговара и на прашања на студентите за реформите и евроатлантските интеграции на Македонија.

Македонија - сигнал за европската иднина на Балканот

Вечер Прес - 09.12.2005

Регионот на Југоисточна Европа, од политички аспект, покажува позитивни трендови, иако се уште не се елиминирани сите фактори на несигурност и поларизираност. Позитивните движења првенствено се резултат на добрите проевропски компоненти, кои на балканските општества им даваат поинаков дух, истакна ...

Медиуми: Незаконски трошени милиони од МО додека министер бил Бучковски

Макфакс - 09.12.2005

Скопје Огромни суми незаконски потрошени пари во Министерството за одбрана открил Државниот завод за ревизија, пишуваат денеска македонските весници. Станува збор за извештај на Заводот за 2004 година, период кога со Министерството раководеше актуелниот премиер Владо Бучковски.

Државниот ревизор го обвинува Бучковски за малверзации

А1 - 08.12.2005

Набавки во четири очи, штетни договори, давање државен имот под закуп за бадијала. Ова се само дел од малверзациите што ги направил Бучковски за време на министерувањето во одбраната, откри државниот ревизор во извештајот објавен денеска.

Македонија шанса за целиот регион

Дневник - 08.12.2005

ПИСМО ОД МАКЕДОНСКИОТ ДРЖАВЕН ВРВ ДО ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Владо Бучковски вчера со писма побараа од земјите-членки на Европската Унија поддршка за Македонија да добие статус на земја-кандидатка за ЕУ.

Бучковски награден од економскиот форум Кран Монтана

Макфакс - 08.12.2005

Скопје Претседателот на македонската влада Владо Бучковски денеска во Монако ќе ја прими наградата на еминентниот економски форум Кран Монтана за 2005 година, соопшти неговиот кабинет. Наградата, како што се наведува претставува силно вредносно охрабрување за борбата за цивилизациските вредности, а ...

Георгиевски и Бучковски творци на аферата девизни сметки?

Макфакс - 08.12.2005

Скопје Лидерот на ВМРО - народна Љубчо Георгиевски изјави дека тој и премиерот Владо Бучковски, во соработка со двајца високи полициски функционери, се творци на аферата девизни сметки во странски банки, во која се посочени претседателот Бранко Црвенковски и поранешниот премиер Хари Костов.

Георгиевски тврди дека со Бучковски се творци на аферата девизни сметки

Макфакс - 08.12.2005

Скопје Неформалниот лидер на ВМРО - Народна Љубчо Георгиевски, изјави дека тој и премиерот Владо Бучковски, во соработка со двајца високи полициски функционери, се творци на аферата девизни сметки во странски банки, во која се посочени претседателот Бранко Црвенковски и поранешниот премиер Хари ...

Бучковски: Владата подготвува нов закон за верски заедници

Макфакс - 08.12.2005

Скопје Владата на Република Македонија подготвува иницијатива за воведување на верска поука во училиштата, како и нови форми на нејзина реализација, соопшти денеска премиерот Владо Бучковски. Премиерот, обраќајќи се на традиционалната новогодишна средба со верските лидери, не наведе попрецизно кои ...

Бучковски: Направивме се што беше потребно

А1 - 07.12.2005

Направивме се што треба, вели премиерот Бучковски во интервју за „Дојче Веле“ на прашањето: Дали Македонија ќе добие позитивен одговор од Брисел на 15.декември. Тој на конференцијата во Париз се сретнал и со претставникот на грчкиот Парламент Пангалос. „Скоро се што требаше направивме.

Црвенковски, Бучковски, Јордановски и Митрева им пишаа на евопските колеги зошто треба сме дел од ЕУ

Канал5 - 07.12.2005

Неизвесноста до последниот ден го натера државниот врв да прати писма до европските престолнини барајќи Македонија на 15-ти декември да го добие кандидатскиот статус. Црвенковски, Бучковски, Јордановски и Митрева во заедничка координација им пишаа на своите европски колеги, објаснувајќи ги ...

Бучковски тврди дека не ги мести Црвенковски и Костов

Макфакс - 07.12.2005

(Утрински весник) – петок, 16.12.2005 Битката за политичка превласт во државава ги турка „швајцарските сметки“ на политички терен Бучковски: Некому му пречи сето ова што позитивно се случува во Република Македонија. Не треба да се биде преголем аналитичар за да се заклучи кому не му одговора сето ...

Бучковски: Македонија конечно „автопатот“ кон Европа

Макфакс - 07.12.2005

Скопје „Конечно Македонија ја напушта балканската калдрма и се приклучува на автопатот кој води во Европа. Европската унија покажа дека верува во македонската приказна.“ Ова го изјави премиерот Владо Бучковски во обраќањето до нацијата по повод добивањето на статусот кандидат на Македонија за ...

Бучковски бара средби низ Европа - домаќините презафатени

Утрински - 06.12.2005

Државниот врв растрчан низ влијателните центри на Европската унија Премиерот денес и утре во Париз и во Лондон за да лобира за кандидатскиот статус на Македонија Слободанка Јовановска Премиерот Владо Бучковски и министерката Илинка Митрева неделава ќе се растрчаат низ Европа, за да спасат што може ...

Средба на Бучковски со Синдикатот за здравство

Макфакс - 05.12.2005

Скопје Македонскиот премиер Владо Бучковски денеска ќе има средба со претставници на Синдикатот за здравство, фармација и социјална заштита. Според најавите, на средбата ќе присуствуваат и ресорниот министер, владини претставници и претседателот на ССМ.

Премиерот Бучковски ги обвини новинарите за поткуп

Макфакс - 05.12.2005

(Дневник) – четврток, 24.11.2005 по НАПИСИТЕ ЗА ТЕНДЕРОТ ЗА ПАСОШИ Видни бизнисмени шетале по редакции, веројатно за да ја поделат со нив легалната провизија од вакви зделки, вели премиерот Македонскиот премиер Владо Бучковски обвини "некои медиуми и некои новинари" дека се "злоупотребени и платени ...

Бучковски да ги каже имињата на корумпираните новинари

Макфакс - 05.12.2005

(Време) – петок, 25.11.2005 Емил Зафировски Здружението на новинари на Македонија ќе побара од премиерот Владо Бучковски да ги посочи имињата на новинарите или медиумите за кои тврдеше дека биле поткупени од фирмите-учеснички во тендерот за пасоши.