TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Дебарчани го претепале младиот Верушевски

Време - 21.07.2005

ИНЦИДЕНТ Група млади дебарчани го претепале контроверзниот син на разузнавачот Александар Верушевски, завчера околу 22 часот во центарот на Дебар. Во тепачката Верушевски го извлекол подебелиот крај, информира Макфакс повикувајќи се на полициски извори.

Верушевски Јуниор изел ќотек во Дебар

Дневник - 21.07.2005

МУ ДОЈДЕ И НЕМУ РЕДОТ Контроверзниот Александар Верушевски, син на разузнавачот Зоран Верушевски, бил претепан завчеравечер во Дебар, во улична пресметка што се случила во центарот на градот, јави Макфакс. Ова го тврдат повеќе очевидци, наведувајќи дека Верушевски бил претепан од група млади ...

Верушевски јуниор претепан во Дебар

Вечер Прес - 21.07.2005

Контроверзниот Александар Верушевски е претепан синоќа во Дебар, во улична пресметка што се случи во центарот на градот. Ова го тврдат повеќе очевидци наведувајќи дека Аџо е "излупан" до група млади дебарчани. Настанот не е пријавен во полицијата.

Александар Верушевски синоќа е претепан во Дебар

А1 - 20.07.2005

Младиот Александар Верушевски повторно вплеткан во инцидент. Овој пат во Дебар, но наместо да тепа тој бил буквално претепан во самиот центар на градот, нешто пред 22:00 часот, пред очите на голем број млади кои вообичаено навечер се собираат токму во кафулињата кои се лоцирани тука.

Верушевски јуниор пак прави бељи

Вест - 19.07.2005

ИНЦИДЕНТ ВО КАФУЛЕТО "ДЕЈФ" НА ПАТОТ ОХРИД -СТРУГА Н.Ј.во саботата пријавил дека со калашников во уста Александар Верушевски син на Зоран Верушевски поранешен висок полициски функционер му се заканувал дека ќе го убие, а потоа ја сменил изјавата и кажал дека Ве Ноќта саботата спроти неделата, во ...

Верушевски пак во тепачка

Дневник - 19.07.2005

СТРУГА Александар Верушевски (18), син на разузнавачот Зоран Верушевски, учествувал во тепачка во неделата ноќта, во клубот "Дајв" на патот Струга-Охрид. Инцидентот се случил во 2 часот по полноќ, кога Н.Ј. не сакајќи се турнал во Дарко, другар на Верушевски.

Верушевски помладиот предизвикал нов инцидент

Време - 19.07.2005

СТРУГА Александар Верушевски во саботата навечер насилно извадил момче од ноќен клуб во Струга и со вперено оружје му се заканувал дека ќе го убие, дознава „Време“. Инцидентот се случил пред локалот „Дајв“. Како што дознаваме, Верушевски почнал расправија со момче од градот.

Аџо на стружанец му ставил пушка в уста

Вечер Прес - 19.07.2005

Осумнаесетгодишната крими-ѕвезда Александар Верушевски повторно во "акција". Во Струга, вчераноќ, Веруш малиот, на негов врсник му ставил калашников во уста и му се заканил дека ќе го убие. Сето ова се случувало пред стотина сведоци во ноќниот клуб "Дајив".

Нова пријава за Верушевски од струшката полиција

А1 - 18.07.2005

Викендов во Струга повторно инцидент поврзан со проблематичниот Александар Верушевски, кој пред неполн месец беше пуштен од притвор што го издржуваше во охридскиот затвор. Како што дознаваме неофицијално, саботата доцна во ноќта во дискотеката „Дајф“ што се наоѓа на новиот пат од Струга кон Охрид, ...