TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Свињите од „Голдфарм“ од денеска на колење

А1 - 23.11.2003

По наредба на ветеринарната управа денеска почна колењето на свињите во кумановската фарма „Голдфарм“. Тие најпрвин се прегледуваат, и потоа се праќаат во кланиците низ Македонија. Пцовисаните свињи се закопуваат во специјални сточни јами и се врши засилена дезинфекција.

Свињите од „Голдфарм“ ќе се колат

А1 - 21.11.2003

Навестен крај на фармата „Голдфарм“ од Речица, каде половина година гладуваат свињи. Ветеринарната управа со став дека прегладнетите свињи треба да се спасат со колење. „Свињите ќе одат на колење со целокупно ветеринарно санитарна контрола“, вели Слободан Чокревски од Ветеринарната управа.

Свињите од Речица се јадат меѓу себе

А1 - 20.11.2003

На фармата за свињи во Речица се случува вистинска трагедија. Сопствениците ретко ги хранат свињите, а за да се избегне поголемата катастрофа работниците ги испуштиле свињите надвор од боксовите. Свињите за да преживеат ги јадат остатоците од мртвите свињи.