TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Добиточните пазари полни со евтина стока

А1 - 23.09.2007

Проблемот со недостигот на добиточна храна и натаму ги полни добиточните пазари со евтина стока. За науката, ова се циклуси кои се случуваат во сушните години кои требаше да се предвидат. „Тоа е една економска законитост. Се продава она што најмалку потрошило храна, што најмалку троши храна во тоа ...

Со побараниот итен увоз на пченка и јачмен од Украина - Владата призна има криза за сточна храна

Канал5 - 23.09.2007

Со побараниот итен увоз на пченка и јачмен од Украина, Владата призна дека во земјава има криза за сточна храна. Откако сточарите и земјоделските експертите постојано предупредуваа дека состојбата со недостигот на храна е алармантна, а последиците може да бидат катастрофални, министерството за ...

Македонија побара итен увоз на жито од Украина

Утрински - 22.09.2007

Македонија побара од Украина да и' помогне во недостигот од жито преку итен увоз на пченка, пченица и јачмен од оваа земја. Барањето го упати вицепремиерот Зоран Ставрески, кој се наоѓа на чело на делегацијата што е во посета на Украина, каде што се одржува основачката седница на Меѓувладината ...

Бараме итен увоз на пченица од Украина

Дневник - 22.09.2007

Владата бара од Украина да дозволи итен увоз на пченка, пченица и на јачмен во Македонија, јави Макфакс. Ова го побара високата владина делегација, која е во дводневна посета на Киев. Украинската влада најавила дека ќе ги поттикне домашните фирми да ја разгледаат можноста за испорака на жито во ...

Македонија побара итен увоз на жито од Украина

А1 - 21.09.2007

Украина ќе ја спасува земјава од кризата за добиточна храна. Владината делегација, предводена од вицепремиерот за економски прашања Ставревски, на дводневната посета на Украина побарала итен увоз на пченка, јачмен и пченица. И покрај тоа што Украина пред помалку од еден месец поради кризата со која ...

Сточна храна има, проблем е цената

Утрински - 21.09.2007

Добиточна храна има, но нејзината цена е висока, тврди министерот за земјоделство, Ацо Спасеноски. Ова е спротивно на изјавите на земјоделците дека во земјава има недостиг од храна за добитокот. Спасеноски смета дека со ослободувањето на увозот од царински давачки им се помогнало на сточарите за да ...

Слободен увозот на сточна храна

Дневник - 21.09.2007

Државата ги укина давачките за увоз на сточна храна за да им помогне на земјоделците. Министерот за земјоделство Ацо Спасеноски вчера изјави дека ова е една од мерките за да се обезбедат поевтини пченка и јачмен. Но, за да дојдат до неа, сточарите треба да се пријават заеднички.

Добиточна храна има, ама е скапа

Вечер Прес - 21.09.2007

Добиточна храна има, но проблемот е цената. Стоковите резерви се пополнуваат со предвидените количини, а увозот е ослободен од царински давачки, изјави вчера министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски на манифестација по повод завршувањето на проектот "Знак за квалитет".

Малите фармери уценети со цената на храната

Дневник - 20.09.2007

Одгледувачите на говеда најавуваат дека во октомври ќе почне масовно колење на добитокот ако државата не најде начин да им даде сточна храна Кризата со недостигот од сточна храна ја користат големите фарми за да профитираат уценувајќи ги малите фармери.

Сточна храна има- тврди министерот Спасеноски, проблем било високата цена

Канал5 - 20.09.2007

Сточна храна има. Ова го тврди министерот за земјоделство Ацо Спасеноски, наспроти изјавите на сточарите и агро-експертите дека состојбата со добиточната храна е алармантна. Недостигот двојно ја зголеми цената на пченката и јачменот.

И експертите прогнозираат криза за добиточна храна

А1 - 19.09.2007

Експертите од Институтот за сточарство по обиколките на фармите, од терен утврдиле дека зимава со полупразните амбари и со високите цени на увозната се заканува криза за добиточна храна. За ваквата алармантната состојба експертите од Институтот веќе ја известиле и Владата.

Сточните пазари преплавени со стока

А1 - 18.09.2007

Овци, кози, прасиња и многу крави, гужва од сточари, повеќето продаваа. Ниските цени примамливи и за купците кои чекаа на ред, за да измерат колку ќе платат за жива мера. Ова е сликата на Скопскиот добиточен пазар. Недостигот од пченка и јачмен уште сега двојно ја поскапе добиточната храна, па ...

Умира крупен добиток во штипско

А1 - 17.09.2007

Угинати говеда фрлени на депонија. Оваа слика деновиве ги вознемири сточарите од плачковичкиот регион. Тие секојдневно губат дел од крупниот добиток. Велат оти не знаат од што им умира стоката, кај која забележувале крвава урина. Најголеми загуби има во штипско Радање.