TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Специјалците користеле моќен наркотик при акцијата во Москва

Дневник - 01.11.2002

ОТКРИЕН МИСТЕРИозниот гас Руските власти соопштија дека гасот направен врз база на моќниот опијат "фентанил" е заслужен за ослободување на заложниците од театарот во Москва, но и виновен за смртта на 117 заложници, соопшти рускиот министер за здравство Јури Шевченко, јави Ројтерс.

"Нека ме повика Путин"

Утрински - 01.11.2002

Москва открива нови детали за тоа како е спроведена акцијата на чеченските терористи Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - Руските власти не го кријат бројот на мртвите - загинаа 119 лица. Никој точно не знае колку луѓе се наоѓале во салата на Домот на културата во која се случи трагедијата.

Анестетскиот гас "халотан" ги убил или ги спасил заложниците во московскиот театар

Дневник - 31.10.2002

ПОЛЕМИКИ ЗА ГАСОТ ШТО УБИ 117 ЦИВИЛИ ПРИ НИВНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ Германски медицински експерт вчера оцени дека руските сили за безбедност веројатно го користеле анестетикот "халотан" за да ги успијат терористите при ослободувањето на заложниците од московскиот театар во саботата, но друг експерт оцени ...

Бројот на жртвите од московскиот театар порасна на 119

Вест - 31.10.2002

МОСКВА, 31 октомври (АП) - Двајца од ослободените хоспитализирани заложници починале во вторникот навечер со што бројот на жртви во заложничката криза во московскиот театар порасна на 119. Руските власти и натаму даваат противречни сознанија за бројот на починатите.

Заложниците загинале од нервен боев отров БЗ или од концентриран опиум

Дневник - 30.10.2002

МОСКВА МОЛЧИ, А ЕКСПЕРТИТЕ НАГАЃААТ Американските војници го користеле отровот БЗ во Виетнамската војна, но престанале откако утврдиле дека непријателите изложени на тој гас се однесуваат премногу непредвидливо Мистериозниот отровен гас што го користеа руските специјалци при ослободувањето на ...

Прво мислев дека е некоја шега

Вест - 30.10.2002

ЗАЛОЖНИК РАСКАЖУВА ЗА 58-ТЕ ЧАСА СТРАВ И УЖАС ВО МОСКОВСКИОТ ТЕАТАР Мислам дека терористите сакаа целиот терористички чин да се прикажува на телевизија. Затоа почнаа и да ослободуваат заложници. За да привлечат поголемо внимание", вели заложникот Марк Подлесни, еден од акте МОСКВА, 30 октомври (АП) ...

Заложниците убиени од јакиот аналгетик „фентамил"?

Утрински - 30.10.2002

Се поголеми се притисоците да се каже кој е виновен за трагичната завршница во московскиот театар Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - Поради тоа што властите молчат или даваат контрадикторни информации во јавноста, сў поголеми се притисоците врз претседателот Путин да каже кој е виновен што ...

Буш ги обвинува терористите, а не владата за смртта на заложниците

А1 - 29.10.2002

Американскиот претседател Џорџ Буш ги обвини терористите, а не руската влада за смртта на 122 лица кои загинаа од последиците на специјалниот гас, што го употребија руските специјални сили за неутрализирање на групата чеченски терористи во московскиот театар за да ја окончаат заложничката криза, ...

"Нема ценкање со терористите", рече рускиот претседател Владимир Путин, кој на војската ќе и даде пошироки овластувања ...

Вест - 29.10.2002

Московските заложници ги убил мистериозен гас Рускиот народ вчера ги оплакуваше жртвите на големата катастрофа со чувство на гнев зашто речиси 118 од заложниците кои починаа во заложничката криза во московскиот театар беа усмртени од гасот што беше пуштен во зградата пред упадот на специјалните ...

Само двајца заложници загинале од куршуми, сите други од гас

Дневник - 29.10.2002

РУСИТЕ НЕ СЕ ЦЕЛОСНО ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИЈАТА ВО МОСКОВСКИОТ ТЕАТАР За најмалку 45 затруени заложници се смета дека им нема спас, a многу други веројатно ќе имаат трајни последици - целосна или делумна парализа, како и други оштетувања на мозокот Русија вчера ги оплакуваше стотината луѓе што загинаа ...

Прејака доза за измачените заложници

Утрински - 29.10.2002

РУСИЈА Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - Русија тагува и жали за големиот број невини жртви кои животите ги загубија поради монструозниот терористички напад во салата на московскиот Дом на културата, каде што дошле да поминат убава вечер гледајќи го веселиот мјузикл.

Русите одбиваат да објават детали за мистериозниот гас

А1 - 28.10.2002

Руските официјални претставници и натаму одбиваат да објават какви било детали за мистериозниот гас што беше користен за окончување на заложничката криза, токму во моменти кога се поставува прашањето дали токму гасот е причината што се изгубени толкав број животи во спасувачката акција.

Стотина заложници не го дочекаа крајот на драмата во Москва

Дневник - 28.10.2002

заврши заложниЧката криза Руските специјалци успеале да ги ликвидираат 50-ината чеченски терористи, но притоа загинале најмалку 118 заложници, а стотици се затруени со мистериозен гас употребен при упадот на специјалците Руските специјалци завчера упаднале во Палатата на културата и ги убиле ...

Путин се извини на семејствата на загинатите заложници

Вест - 28.10.2002

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва побара прошка од роднините и пријателите на загинатите заложници во московскиот театар "Дубровка", кои, како што рече, биле "неизбежни жртви" во акцијата за ослободување на 800 лица кои речиси три дена беа заложници на чеченските терористи.

Таинствениот гас поопасен од куршумите

Утрински - 28.10.2002

"Специјалното средство" што го употребиле полицајците за да ги успијат терористите било кобно Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - "Специјалното средство", т.е. гасот што го употребувале полицајците за да ги успијат терористите и да ги спречат да ги активираат експлозивните направи, било ...

Најлошото беше одбегнато

Утрински - 28.10.2002

Светот со одобрување гледа на полициската интервенција Кофи Анан: Земањето заложници е ужасен терористички чин што не може да биде оправдан во ниту една околност Ширум светот се чувствува олеснување поради завршувањето на заложничката криза во московскиот театар, а голем број држави ја одобрија ...

Крвав крај на рускиот мјузикл

Утрински - 28.10.2002

Руските специјалци ја прекинаа педесетчасовната заложничка драма во московскиот театар. Животите ги загубија повеќе од 120 заложници, а десетици други се наоѓаат во московските болници МОСКВА - Рускиот мјузикл "Норд-Ест" навистина заврши како најкрвава драма, со ликвидација на 50 терористи, но ...

118 заложници загинаа во московскиот театар

Вест - 28.10.2002

РУСКИТЕ СПЕЦИЈАЛЦИ ЈА ЗАВРШИЈА ЗАЛОЖНИЧКАТА ДРАМА Руските специјалци упаднаа во театарот, убија 50 терористи и ослободија околу 750 заложници. Голем број од поранешните заложници се во тешка здравствена состојба поради неидентификуваниот гас што беше употребен од руските специјалци при нивното ...

Терористите стрелале во исплашено дете

Утрински - 28.10.2002

Интерфакс открива моменти пред почетокот на акцијата на полицијата Слушајќи ги истрелите, специјалните сили поверувале дека герилците ја реализираат заканата за убивање на заложниците МОСКВА - Неконтролирана реакција на преплашено младо момче била причина чеченските герилци да отворат оган во ...