TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пронајдени црните кутии од хеликоптерот

А1 - 13.01.2008

Пронајдени се трите црни кутии од хеликоптерот на АРМ што вчера се урна кај Катланово, при што загинаа 11 војници. Во црните кутии се снимаат техничките параметри на леталото и говорната комуникација меѓу пилотите и контролорите на летањето.

Објавени имињата на загинатите припадници на АРМ

А1 - 13.01.2008

Објавени имињата на 11-мината загинати македонски мировници во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце. Најстариот по чин и по години е 40-годишниот потполковник Тони Спасовски, командир на транспортен хеликоптерски сквадрон. Тој управувал со хеликоптерот кога се случила несреќата.

Хеликоптерот експлодирал по уривањето

А1 - 13.01.2008

Армискиот хеликоптер се урнал на земја, па експлодирал на 20 метри од последната куќа во Блаце, која пилотот успеал да ја избегне, тврдат градежните работници кои биле очевидци на несреќата. Хеликоптерот Ми-17 ја надлетал куќата што се гради, свртел полукружно над соседните две куќи, иако според ...

Телата на загинатите мировници префрлени во судска медицина, истрагата за несреќата е во тек

Канал5 - 13.01.2008

Во текот на целата ноќ траеше истрагата на местото на несреќата на армискиот хеликоптер „МИ 17“, кој вчера напладне на враќање од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина се урна кај катлановско Блаце при што загинаa 11 припадници на АРМ. Доцна синоќа беа пронајдени телата на сите 11 загинати.

Мисијата на ОБСЕ им изрази сочувство на блиските на настраданите во хеликоптерската несреќa

Канал5 - 13.01.2008

Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје на семејствата и на блиските на загинатите припадници на АРМ во вчерашната трагична хеликоптерска несреќа им упати најдлабоко сочувство. Скопје, 13 јануари (МИА) Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје на семејствата и на блиските на загинатите припадници на ...

11 те загинати биле дел од воздухопловната единица на АРМ

Канал5 - 13.01.2008

40 годишниот тони Спасовски пилот на хеликоптерот е најстар меѓу 11-мина кои вчера загинаа кај катлановско Блаце. најмлад е десетарот Златко Велјановски. Сите и припаѓале на воздухопловната единица на армијата на Македонија, а изминатите 6 месеци беа на задача во рамките на мировната мисија Алтеа ...

Телата на загинатите припадници на АРМ извлечени

Канал5 - 13.01.2008

Телата на загинатите војници вечерва беа извлечени од местото на хеликоптерската несреќа. Извлекувањето почна околу 19 и 30 и траеше околу два и пол часа. На носилка, под светла од агрегати, телата беа извлечени 7 часа по трагедијата.

Посебната владина комисија ќе ги испитува причините за хеликоптерската несреќа кај Катланово

Канал5 - 13.01.2008

Со одлука на Владата на вчерашната седница формирана е посебна владина комисија која што треба да ги испита причините и сите околности за хеликоптерската несреќа кај Катланово во која загинаа 11 припадници на АРМ кои се враќаа од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

Сочуство за загинатите мировници

Канал5 - 13.01.2008

До семејствата на загинатите и до Македонија стигнуваат сочувства за големата несреќа. Огромна е загубата на овие млади луѓе кои им служеа на својата земја и на каузата на мирот во регионот напиша амбасадорката на ОБСЕ во земјава Наталија Грос.

Маглата и лошата видливост не можат да бидат причина за несреќата

Канал5 - 13.01.2008

Маглата и лошата видливост не можат да бидат причина за несреќата – тврди експерт за канал 5 – хеликоптерот ми 17 бил опремен и можел да лета во сложени метео услови. Воздухопловците кои вчера загинаа тврди тој со себе носеле само лично вооружување што не може да предизвика силни детонации.

Министерството за одбрана ги соопшти имињата на загинатите припадници на АРМ

Канал5 - 13.01.2008

Во вчерашната хеликоптерска несреќа кај Катланово при нивното враќање од мисијата АЛТЕА од Босна и Херцеговина животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко ...

Истражните органи ги пронајдоа „црните кутии“ се вршеше и реконструкција на настанот

Канал5 - 13.01.2008

Министерот Еленовски потврди дека ги имаат потребните докази за утврдување на причината на несреќата . Црните кутии се кај истражната судијка Славјанка Јанкоска. Таа ќе одлучи дали ќе ги преслушуваат само домашни или ќе се побара помош и од странски експерти.

Се пребарува местото на несреќата

А1 - 12.01.2008

Со батерии и агрегати, вака во ноќта продолжи потрагата по телата на жртвите и остатоците од урнатиот хеликоптер. Телата се уште не се извлечени. Крим техничарите и екипите на Судска медицина го вршат увидот. Експерти од воздухопловството се во дилема, се урнал поради удар во височината или ...

11 загинати при уривање на хеликоптер на АРМ

А1 - 12.01.2008

Армиски хеликоптер Ми-17 денеска околу пладне се урна во селото Блаце кај Катланово. Во несреќата нема преживеани. Во хеликоптерот имало 11 војници. Се урнал на само 50-ина метри од последните куќи во селото. Нема жртви од мештаните.

Телата на загинатите ќе бидат донесени во Судска медицина

А1 - 12.01.2008

Во Институтот за судска медицина во Скопје се очекува да бидат донесени телата на загинатите војници од мировната мисија АЛТЕА. Според досегашните сознанија, на местото на несреќата пронајдени и идентификувани се осум од настраданите војници. Се уште се извлекуваат останатите.

Владата одржа вонредна седница за несреќата

А1 - 12.01.2008

Со едноминутно молчење Владата ја почна денешната вонредна седница. Им оддаде почит на 11-мината загинати војници. На седницата, освен владиниот кабинет, присуствуваа началникот на Генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски и директорот на Институтот за судска медицина Алексеј Дума.

Сеопфатна истрага за урнатиот хеликоптер

А1 - 12.01.2008

Експлодирал во воздух или се удрил во ридот кај Блаце. Што е причина за уривањето на армискиот хеликоптер? Започна сеопфатна истрага. Според првичните сознанија, временските услови биле лоши, со густа магла. Хеликоптерот скршнал четири милји од правецот кој е предвиден за слетување.

Сочувства од мисијата на Европската Унија, француската амбасада и српскиот претседател Тадиќ

Канал5 - 12.01.2008

За трагичната смрт на членовите на македонскиот хеликоптерски тим изјави и телеграми со сочувство упатија мисијата на европската унија во Скопје, француската амбасада и српскиот претседател Тадиќ. Длабоко жалиме за трагичната смрт на припадниците на македонската армија кои загинаа во денешната ...

Изјава од седиштето на воената мисија на европската унија во Босна – Алтеа

Канал5 - 12.01.2008

„Околу 9 часот и 30 минути денеска наутро хеликоптер МИ-17 на Поранешната Југословенска Република Македонија го напушти аеродромот Бутмир. Хеликоптерот се враќаше по завршување на мисијата...“ - Околу 9 часот и 30 минути денеска наутро хеликоптер МИ-17 на Поранешната Југословенска Република ...

Перформанси на Ми-17

Канал5 - 12.01.2008

Ми-17 е транспортен воен хеликоптер. Македонската армија имаше три- по денешната трагедија остана со два. Едниот неисправен е паркиран на воениот аеродром- другиот, како што беше и урнатиот, е дел од мисијата Алтеа во Босна и Херцеговина. Ми -17 е транспортен воен хеликоптер.

Груевски: Се случи голема трагедија

Канал5 - 12.01.2008

Станува збор за голема трагедија, изјави претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски по посетата на местото во Катланово, каде денеска се урна хеликоптер на АРМ при што загинаа сите 11 патници. Скопје, 12 јануари (МИА) - Станува збор за голема трагедија, изјави претседателот на ...

Се урна хеликоптер на АРМ, нема преживеани

Утрински - 12.01.2008

Web Special фото ПЕТР СТОЈАНОВСКИ Хеликоптерот „Ми-17“ превезуваше македонски војници кои се враќаа од мисијата „Алтеа“ во БиХ Хеликоптер на Армијата на Република Македонија се урна кај катлановско Блаце, потврди Министерството за одбрана.

Хеликоптер на АРМ се урна во близина на Катланово

Канал5 - 12.01.2008

Хеликоптер на Армијата на Република Македонија попладнево се урна кај катлановско Блаце, потврди Министерството за одбрана. Станува збор за транспортен хеликоптер „Ми 17“ кој што превезувал македонски војници што се враќале од мисијата во Босна и Херцеговина „Алтеа“.

Се урна воен хеликоптер кај Блаце - загинаа 11 војници кои се враќале од мисијата „Алтea“ во Босна

Канал5 - 12.01.2008

Силна и невообичаена бучава слушнале жителите на скопско Блаце, само неколку секунди пред армискиот хеликоптер да падне во дворовите на последните куќи. Тврдат дека имало две експлозии, една уште додека леталото било во воздух, а втората која била многу посилна кога хеликоптерот паднал на земја во ...

Хеликоптерот на АРМ скршнал од рутата

Канал5 - 12.01.2008

Точно во 12 часот и 24 минути била загубена врската со контролата на летање, стои во првичниот извештај за несреќата изготвен од воздухопловните власти, до кој дојде канал 5. Хеликоптерот кој од сараевскиот аеродром Бутмир полетал во 10 часот и 10 минути кај Катланово скршнал дури 4 милји од ...

Црвенковски: Станува збор за огромна трагедија и загуба

Канал5 - 12.01.2008

Станува збор за огромна трагедија и загуба, изјави претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски по посетата на местото каде што денеска се урна хеликоптер на АРМ при што загинаа сите 11 патници. Скопје, 12 јануари (МИА) - Станува збор за огромна трагедија и загуба, изјави претседателот ...

Вонредна владина седница за хеликоптерската несреќа

Канал5 - 12.01.2008

Владина комисија, во која ќе бидат вклучени и претставници од министерствата за внатрешни работи и за правда, ќе и помага на истрагата во утврдувањето на причините за хеликоптерската несреќа. Владина комисија, во која ќе бидат вклучени и претставници од министерствата за внатрешни работи и за ...

Нема преживеани при уривањето на хеликоптерот на АРМ кај Катланово

Канал5 - 12.01.2008

Сите 11 припадници на македонската Армија што се превезуваа со хеликоптерот „Ми 17“ кој што се урна кај катланско Блаце се загинати. Министерството за одбрана ја потврди несреќата, но засега нема информации за причините поради кои дошло до неа.

Осум лица загинаа во хеликоптерска несреќа во мексиканската држава Пуебла

Канал5 - 12.01.2008

Осум лица загинаа при уривање на хеликоптер во мексиканската држава Пуебла, пренесува МИА. Меѓу жртвите е и сопругата на министерот за внатрешни работи на Пуебла, Патрисија Росано. Во несреќата загинале уште четири жени на службеници од истото Министерство и на влијателни претприемачи.

Единаесет загинати при уривање на хеликоптер на АРМ кај Катланово

Канал5 - 12.01.2008

Сите 11 припадници на македонската Армија што се превезуваа со хеликоптерот „Ми 17“ кој што се урна кај катланско Блаце се загинати. Хеликоптерот „Ми 17“ се враќал од мисијата „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина. Засега нема информации за причините за несреќата.