TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Поскапе такси-превозот во Штип

Дневник - 12.01.2008

Штипските такси-превозници од вчера возат по нови, повисоки цени, одобрени од Советот на Општината. Досега такси-превозниците за старт наплатуваа по 30, а за поминат километар по 15 денари. Со новите цени стартот чини 40, а поминат километар 20 денари.

Таксистите вртат на излижана плоча

Утрински - 12.01.2008

ЕДИТОРИЈАЛ САЊА НАУМОВСКА Помина уште еден штрајк на таксистите и се случи уште еден договор со Градот Скопје. Веќе видена ситуација, по којзнае кој пат во последниве неколку години. Но, и покрај тоа, во такси-превозот ништо не е сменето. Ниту е подобар за граѓаните ниту за таксистите.

Таксистите и Градот се договорија, штрајкот ставен во мирување

Утрински - 11.01.2008

Нема да се унифицираат бојата и таблата на возилата, а Градот ќе го запре издавањето нови лиценци Групацијата за такси-превозници при Регионалната комора го прекина штрајкот откако вчера се договори со Градот Скопје да се запре издавањето нови лиценци на таксисти и да се изземе унифицирањето на ...

Градот се откажа од унифирарање на такси - возилата

Вест - 11.01.2008

ПО ВЧЕРАШНИОТ ШТРАЈК НА ТАКСИСТИТЕ Градот и таксистите се договорија секоја недела да се среќаваат за да се изготват одлуките за такси - превозот Таксистите од Групацијата на авто такси возачи при Стопанската комора на Скопје вчера пет часа го блокираа Градско собрание.

Унифицирањето на такси-возилата ќе чека

Дневник - 11.01.2008

Градот интензивно ќе соработува со сите групации и здруженија на таксистите при донесувањето на конечната верзија на Предлог-одлуката за авто-такси превозот во Скопје Унифицирањето на бојата и на таблата на такси-возилата во Скопје ќе биде ставено во мирување, ќе се ограничи бројот за лиценци за ...

Такси(рат) драма

Дневник - 11.01.2008

Такси-возилата во главниот град и понатаму ќе личат на велигденски јајца - секој таксист ќе вози автомобил бојадисан според својот ќеф. Тоа им го овозможи градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, кој потклекна по вчерашната блокада на улицата Илинденска и ја стави во мирување одлуката за ...

Целиот град ќе биде во хаос ако не ни се исполнат барањата

Време - 11.01.2008

ТАКСИСТИТЕ ВЧЕРА ЈА БЛОКИРАА ИЛИНДЕНСКА Групацијата на такси-превозници при регионалната комора на Скопје вчера го почна штрајкот пред просториите на градската управа, со блокада на улицата Илинденска од фонтаната во Градскиот парк до Зоолошката градина.

Со блокади одложено унифицирањето

Вечер Прес - 11.01.2008

Градот и таксистите по двочасовен разговор ги испеглаа разликите. Такси возилата барем засега нема да се бојосуваат во бело-жолти, а ќе се ограничи и бројот на такси лиценците Околу 200 таксисти од Групацијата при регионалната комора на Град Скопје вчера со своите возила неколку часа ја блокираа ...

Таксистите го прекинаа штрајкот

А1 - 10.01.2008

По пет часовна блокада на градското Собрание, таксистите го прекинаа протестот. Со градоначалникот Костовски се договориле, како да се решат најголем дел од проблемите кои беа причина за денешното блокирање на Скопје. „Унифицирањето на авто-такси возилата во Скопје да бидат ставени во мирување, да ...

Дел од скопските таксисти се против штрајкот

Вест - 10.01.2008

СПРОТИВСТАВЕНИ СТАВОВИ НА ГРУПАЦИИТЕ НА АВТОТАКСИ ПРЕВОЗНИЦИ Таксистите од Групацијата за автотакси превоз при Стопанската комора на Македонија не го поддржуваат штрајкот што Групацијата на автотакси превозници при Стопанската комора на Скопје го најави за денес пред Градското собрание.

Таксистите денеска ќе ја блокираат „Илинденска“

Утрински - 10.01.2008

Групацијата на такси-превозници при Стопанската комора нема да излезe на штрајк Такси-компаниите што членуваат во Групацијата на такси-превозници при Стопанската комора нема да излезат на најавениот штрајк пред Градот Скопје.

Пет часа блокада на улицата Илинден

Дневник - 10.01.2008

Ќе штрајкуваат таксисти од Групацијата при Регионалната комора на Скопје, а оние од Групацијата при Стопанската комора на Македонија не го поддржуваат протестот Пет часа денеска ќе биде блокиран дел од улицата Илинден, во делот кај Градското собрание, од Зоолошката градина до фонтаната на влезот во ...

Таксистите го блокираа градското собрание

Канал5 - 10.01.2008

Ќе се ограничи бројот на издадени лиценци за такси возила во Скопје. Ова го договорија денеска претставниците на таксистите и градските власти. Претходно таксистите со повеќе од 200 возила пет часа ги блокираа улиците околу градското собрание.

Таксистите се ем против власта, ем едни против други

Време - 10.01.2008

ЕДНИ ШТРАЈКУВААТ, ДРУГИ ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НИВ Групацијата на такси-превозници при Стопанската комора е против штрајкот што денеска ќе го организира групацијата при Регионалната комора на Скопје, рече вчера нивниот претседател Сашо Рајчановски.

Штрајкот е само желба за сликање со градоначалникот

Вечер Прес - 10.01.2008

Групацијата на таксисти при Стопанска комора на Македонија нема да го поддржи штрајкот што нивните колеги при регионалната комора на Град Скопје ќе го организираат денеска пред Градското собрание. Реализирање на барањата преку организирање на протести, според Сашо Рајчановски, претседател на ова ...

Единаесет такси здруженија нема да штрајкуваат

А1 - 09.01.2008

Единаесет такси здруженија, членови на Стопанската комора на Македонија, нема да го поддржуваат утрешниот штрајк на нивните колеги. Покрај тоа што ќе возат, велат дека и тие не се задоволни од новините за нивната дејност кои градот ги обелодени вчера.

Градот ќе воведе ноќна тарифа во такси-превозот

Утрински - 09.01.2008

Ноќното возење ќе биде поскапо од дневното и ќе важи во период од 22 до 5 часот Градските власти се оптимисти дека со одлуката за вршење на такси-дејноста, што треба да се усвои најдоцна до средината на идниот месец, ќе го решат хаосот што владее по скопските улици во изминативе неколку години.

Одлуката за такси дејност градот ја држи во тајност

Канал5 - 09.01.2008

Дел од таксистите утре ќе ги блокираат улиците кај град Скопје. Незадоволни се од предлозите на градот, за ограничување на бројката на такси возила и воведување на ноќна тарифа. Такси превозниците обвинуваат дека градот нетранспарентно ја турка одлуката за средување на такси превозот.

Таксито навечер ќе биде поскапо

Вест - 09.01.2008

ГРАДОТ ЌЕ ВОВЕДУВА НОЌНА ТАРИФА Од 22 часот навечер до 05 часот наутро таксистите ќе возат поскапо, а колкаво ќе биде поскапувањето допрва треба да се одлучи Скопјани ќе плаќаат повисока цена за такси превоз во ноќните часови, поточно ако се возат со такси од 22 часот навечер до 5 часот наутро.

Сите такси-возила низ Скопје да бидат бели

Време - 09.01.2008

ГРАДОТ СО НОВА ПРЕДЛОГ-ОДЛУКА Бели такси-возила, унифицирање на автотакси-превозот и поскапа ноќна тарифа, која ќе важи од 22 часот до пет часот наутро, се некои од новините што градските власти ќе ги достават за усвојување до советот, најави вчера Јован Христовски, раководител на градскиот сектор ...

Такси-возилата ќе станат подвижни реклами

Дневник - 09.01.2008

По барање од таксистите ќе се воведе ноќна тарифа за возење, која ќе биде поскапа и ќе важи од 22 до 5 часот Два дена пред најавениот штрајк на таксистите пред Градското собрание, градските власти вчера ја промовираа Предлог-одлуката за авто-такси превозот, која наскоро треба да биде донесена.

Скопјани ќе се возат во жолто-бели такси

Вечер Прес - 09.01.2008

Унифицирана боја за сите такси возила, ограничување на нивниот број на 3.000 и воведување на ноќна тарифа, се новини кои во согласност со барањата на таксистите се внесени во новата предлог-одлука за такси превозот во Скопје која ќе се најде на усвојување наредниот месец Единствена унифицирана ...

Новини во такси превозот во Скопје

А1 - 08.01.2008

Ќе се унифицираат такси возилата во Скопје, ќе се зголеми бројот на лиценцирани такси возила, но и бројот на постојките. За возилата кои ќе возат без лиценца ќе има големи казни. Ова се новините кои треба да се внесат во такси превозот во Скопје.

Такси хаос

Канал5 - 08.01.2008

Бело-жолта боја, унифицирани такси табли и воведување на ноќна тарифа за наплата, градските власти решија да го средат хаосот со такси превозот во Скопје. Предлог одлуката што ќе ја достават до советот ќе ограничи на 3000 возилата кои ќе можат да вршат такси дејност.