TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Формирано Здружение на измамени граѓани од „ФИ-КОМ“

А1 - 24.09.2006

Здружение на измамените граѓани од компанијата од градежниот бизнис „ФИ-КОМ“, беше формирано синоќа во Скопје. Околу 100 граѓани кои уплатиле огромни денарски и девизни средства во надеж дека ќе купат стан во една од повеќето згради во изградба што ги правеше компанијата, решија во иднина да ...

Растат жртвите од измамите на „Фи-ком“

Канал5 - 24.09.2006

Лила и Љупчо од Кисела Вода денеска најсурово на свој грб ги почувствуваа последиците од измамите на „Фи-ком“. Ја собраа покуќнината и принудно го напуштија домот во кој беа кираџии три ипол години откако му го отстапија плацот на Николиќ за да ја изгради Антигона 2.

Весна Николиќ се брани со молчење

А1 - 23.09.2006

Весна Николиќ, исто како и нејзиниот сопруг Никола, се брани со молчење. Од вчера е во 30-дневен притвор во истражниот затвор Шутка. Се товари за соучесништво во измамата која ја направил Николиќ со повеќекратна продажба на еден стан.

Ни карабина од правната држава

Дневник - 23.09.2006

Ако уште малку се почека во борбата со урбаната мафија, се плашам дека, не дај Боже, некоја природна непогода ќе биде побрза во „средувањето“ на она што надлежните органи не успеаја да го направат. Зарем треба да чекаме земјотрес? Да се надеваме дека полициската истрага ќе покаже со кого газдата на ...

Доме, горки доме

Дневник - 23.09.2006

На ништо не се надевам, зашто ми е јасно дека Николиќ не е главниот играч, вели Данчо Велковски, чиј стан бил продаден на уште тројца Маж ми е болен и страв ми е да му кажам што се случува со станот, за кој ни јас не сум сигурна дека не им е продаден уште на неколкумина, вели скопјанка, која пред ...

Уапсена сопругата на газдата на „Фи-ком"

Утрински - 23.09.2006

Нема правна заштита за граѓаните кои купуваат станови од приватни фирми БИЛЈАНА АНГЕЛОВСКА Завчера, на граничниот премин Табановце, на излез од Македонија, беше уапсена Весна С. Николиќ, сопруга на сопственикот на фирмата „Фи-ком", Никола Николиќ, кој измами повеќе од 150 граѓани продавајќи еден ...

„Фи-ком“ е првата пирамида што падна, има уште!

Време - 23.09.2006

КАКО ФУНКЦИОНИРА УРБАНИСТИЧКАТА МАФИЈА? Новопечени бизнисмени, нотари, адвокати, вработени во катастар, чиновници по подрачните единици по општините е криминалниот синџир што со години беспрекорно функционира и го гради она што го викаме урбанистичка мафија.

Уапсена и сопругата на сопственикот на "Фи-ком"

Вест - 23.09.2006

ЗАВЧЕРА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ ПРИ ОБИД ДА ЈА НАПУШТИ ДРжАВАВА Весна Николиќ(37) сопруга на Никола Николиќ сопственик на градежната фирма "Фи-ком" кој минатата недела беШе уапсен за измама на граѓани кои уплатувале станови, завчера поладне е упсена на граничниот премин Табановце при бобид ...

За Фи-Ком виновни се Николиќ и нотарите

Вечер Прес - 23.09.2006

Граѓаните и Еуростандард банката се двете страни кои беа изиграни во случајот "Фи-Комè. Ова беше заклучено на вчерашната средба што оштетените граѓани ја остварија со раководството на банката. Граѓаните и раководството на Еуростандард заедно констатираа дека целиот криминал е направен токму од ...

Уапсена сопругата на сопственикот на „ФИ-КОМ“

А1 - 22.09.2006

По Никола Николиќ, полицијата ја уапси и неговата сопруга Весна. Сакала да ја напушти земјата, ја уапсиле синоќа на граничниот премин Табановце. Весна Николиќ се товари за соизвршителство во врска со кривично дело измама. Предадена е кај истражен судија.

Измамените станари протестираа пред Еуростандард

Канал5 - 22.09.2006

Весна Николиќ е уапсена синоќа на граничниот премин Табановце при обид да ја напушти земјата. Осомничена е како соучесник во мега измамата „Фи-ком“. Судот и за неа одреди мерка притвор од 30 дена и од денеска попладне е во истражниот затвор Шуто оризари.

Оштетените од „Фи-ком“ на протести пред Еуростандард-банката

Време - 22.09.2006

ПО НАЈАВИТЕ ЗА АКТИВИРАЊЕ НА ХИПОТЕКИТЕ Оштетените граѓани во случајот „Фи-ком“ денеска се очекува да протестираат пред седиштето на Еуростандард-банката откако генералниот директор Бранко Тозија во изминативе неколку дена најави дека ќе ги активира хипотеките за кредитот што сопственикот на ...

Измамените од „ФИ-КОМ“ сакаат да го спречат активирањето на хипотеката

А1 - 21.09.2006

Протест пред „Еуростандард банката“, најавија граѓаните измамени во градежната афера „ФИ-КОМ“. Ќе се обидат да ја стопират идејата на банката да ја активира хипотеката за становите што тие ги уплатиле. Нивната адвокатка Лорија Ваневска за А1 изјави дека не смее да се активира хипотеката затоа што ...

Нови 30 станари измамил „Фи-Kом“

Канал5 - 21.09.2006

Николина, зградата на „Фи-Kом“ во Капиштец е легло на нов криминал при што се измамени 30тина граѓани кои се пронајдоа меѓу себе. Станарите откриле дека на 21 стан се појавуваат 32 сопственици. За Канал 5 тврдат дека за двојното продавање веќе го известиле Министерството за внатрешни работи.

Нотарската заверка одела според планот

Дневник - 20.09.2006

Нотарот Боривое Стојкоски знаел кои станови се продаваат од фирмата „ФИ-КОМ“ бидејќи го имал планот на една од зградите и знаел што се' е слободно за продажба, тврдат граѓаните што се оштетени со малверзациите при повеќекратни продажби на становите.

Никој не може да спречи двојна продажба на станови

Време - 20.09.2006

ДЕМНАТ СЛУЧАИ КАКО „ФИ-КОМ“ Не постои можност инвеститорите што градат згради да се спречат становите да ги продаваат на повеќе лица, преку договори за заедничко вложување, каков што е случајот со градежната фирма „Фи-ком“, чиј сопственик Никола Николиќ неодамна беше уапсен за ваква измама.

Сите надлежни институции молчат за мега скандалот „Фи-ком“

Канал5 - 20.09.2006

Скандалот со „Фи-ком“ е класичен пример за организиран криминал во Македонија, во кој се вмешани банкари, нотари и адвокати- сметаат правниците. Тие се воздржани од јавни анализи и коментари за случајот, но велат дека измамниците не треба да бидат амнестирани.

Парите ќе завршат во бунар?!

Вечер Прес - 20.09.2006

"Не очекува долг и неизвесен судски процес, околу случајот "Фи-Коми... "Не очекува долг и неизвесен судски процес, околу случајот "Фи-Комè. Многу работи се сў уште неутврдени и неизвесно е дали оштетените граѓани ќе си ги вратат парите или, пак, ќе си ги земат становите што ги уплатиле.

Измамените од „ФИ-КОМ“ најавуваат блокади

А1 - 19.09.2006

Блокада на улицата „Иван Козаров“ во Кисела Вода, најавуваат од здружението на измамените станари во случајот „ФИ-КОМ“. Велат дека ќе останеле пред зградите „Антигона“ еден и два се додека не добијат обештетување. До сега повеќе од 60 граѓани кои купиле стан од Николиќ поднеле документите во МВР ...

Се тресе и хипотеката на Еуростандард банка

Дневник - 19.09.2006

Хипотеката мора да се поништи бидејќи е незаконска, вели Лорија Ваневска, застапничка на оштетените граѓани Полициската истрага за измамата на голем број граѓани со становите што ги градела фирмата „ФИ-КОМ“ ќе го стави под лупа и начинот на кој е ставена хипотеката врз зградите за кредитот од ...

Повеќе од 30 лица пријавиле дека се измамени од „Фи-ком“

Време - 19.09.2006

НА ТЕЛЕФОНОТ НА МВР Повеќе од 30 лица во последниве три дена се јавиле на телефонскиот број во одделението за стопански криминал при МВР, 02/314 2548, за да пријават дека се оштетени од градежната фирма „Фи-ком“. Министерството за внатрешни работи го објави овој број во петокот, кога го уапси ...

30-тина граѓани викендов пријавиле измама од „ФИ-КОМ“

А1 - 18.09.2006

Повеќе од 30 граѓани викендот пријавиле дека се измамени од Никола Николиќ, сопственикот на „ФИ-КОМ“. И денеска измамените пријавуваа во МВР, со документи дека купиле стан од Николиќ, кој од петокот е во притвор. Бараат помош од државата, да им се вратат парите за кои цел живот штеделе со цел да ...

Измамените бараат чаре за недовршените станови

Дневник - 18.09.2006

Полицијата се' уште утврдува колку станови биле продавани два и повеќе пати Стотина граѓани измамени од фирмата „ФИ-КОМ“, која по еден ист стан им продавала на повеќе купувачи, бараат начин да ги довршат зградите. Тие завчера формираа управен одбор, кој треба да процени уште колку пари треба да се ...

Нотарите се оградуваат од одговорност во случајот ФИ-КОМ

Канал5 - 18.09.2006

Нотарската комора се оградува од одговорност во скандалот со ФИ-КОМ. Нотарите не можат да ги заштитат граѓаните од измама, таков ни е правниот систем во државата, вели претседателот на нотарската комора Златко Николовски. Нотарската комора се оградува од одговорност во скандалот со ФИ-КОМ.

Не знае колку пари заработил од измама

Вечер Прес - 18.09.2006

Не знае колку пари се заработени од измама, во случајот на Фи-Коми.... Не знае колку пари се заработени од измама, во случајот на Фи-Комè. Се претпоставува дека станува збор за околу 3 милиони евра, пари што Никола Николиќ ги зел за продажба само 56 станови во Кисела Вода.