TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пријави против директорите што го послушаа Костовски

Утрински - 03.05.2007

Министерството за образование и наука ќе поднесе прекршочни пријави против директорите на училиштата кои на 30 април не изведуваа настава, официјално е соопштено. „Пријавите ќе се поднесат против директорите што не ја почитувале годишната наставна програма и календарот за работа за учебната ...

Глоба од 2.000 евра за директорите

Дневник - 03.05.2007

Две илјади евра е судската казна што им се заканува на стотина директори на основни и на средни училишта поради неодржувањето на наставата во минатиот понеделник. Министерството за образование вчера соопшти дека ќе покрене прекршочни пријави против директори на училишта бидејќи не го почитувале ...

100 училишта празнувале на 30 април

Вечер Прес - 03.05.2007

Во кабинетот на скопскиот градоначалник вчера не сакаа да ги коментираат овие чекори на Министерството со образложение дека не добиле никакво писмено известување. Околу 15 проценти од основните и средните училишта не го почитувале соопштението на Министерството за образование дека 30 април е ...

Пријави против директорите на училиштата што не работеа на 30 април

А1 - 02.05.2007

3.000 евра глоба за училиштата, 2.000 за директорите кои не дојдоа на работа во понеделникот на 30 април. Државниот просветен инспекторат утврдил дека 15% од училиштата низ државата, или над 100 средни и основни го поврзале викендот со 1 мај.

Рушити ќе казнува за неработниот понеделник

Дневник - 02.05.2007

Директорите на средните и на основните училишта кои дозволија понеделникот да биде неработен за учениците, ќе сносат последици, изјави министерот за образование и наука Сулејман Рушити. Какви ќе бидат казните тој не објасни, но напомена дека ќе бидат согласно со законот и откако за тоа ќе се ...

Прекршочни пријави за училиштата кои го споија понеделникот со 1 Mај

Канал5 - 02.05.2007

Прекршочни пријави за непослушните директори на скопските средни училишта – најави Министерството за образование. Прекршочни пријави за непослушните директори на скопските средни училишта најави Министерството за образование.

Министерот Рушити добитник на прва награда за документарец

Време - 02.05.2007

НА 36. КУМАНОВСКИ ФЕСТИВАЛ НА НЕПРОФЕСИОНАЛЕН ФИЛМ Актуелниот министер за образование Сулејман Рушити е добитник на првата награда за најдобар документарец за филмот „Траги” на неодамнешниот 36. Државен фестивал на непрофесионален филм што се одржа во Куманово.

Средношколците како колатерална штета

Утрински - 02.05.2007

ЕДИТОРИЈАЛ ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Министерот за образование, Сулејман Рушити, и градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, се конфронтираа околу продолжениот викнед во скопските средни училишта. Поради некоордираноста на локалната и на централната власта, но и поради суетите на македонските ...

Учениците и наставниците на излет, Рушити најавува санкции

Време - 02.05.2007

ОБРАЗОВАНИЕ Ниедно скопско средно училиште завчера не ја почитуваше одлуката на министерот за образование Сулејман Рушити и не држеше настава. Претходно градоначалникот Трифун Костовски нареди слободен ден и доработување на денот на 5 мај, в сабота.

Пријави против директорите на училиштата што не работеа на 30.април

Макфакс - 02.05.2007

Скопје Прекршочни пријави против директорите на училиштата што на 30. април не изведуваа настава, ќе поднесе Министерството за образование и наука, официјално е соопштено. „Пријавите ќе се покренат против директорите што не ја почитувале годишната наставна програма и Календарот за работа за ...

Образовна и научна соработка меѓу Македонија и Албанија

Макфакс - 01.05.2007

Скопје Извршна програма за образовна и научна соработка меѓу Македонија и Албанија ќе се потпише за време на тридневната официјална посета на министерот образование Сулејман Рушити на Тирана. Во рамките на посетата што започнува денеска Програмата за соработка до 2010 година ќе ја потпишат Сулејман ...

Работеше единствено скопската гимназија „Јосип Броз“

А1 - 30.04.2007

Договорот меѓу Костовски и директорите на скопските средни училишта се исполни, денеска средношколците не учеа . Единствено скопската гимназија „Јосип Броз“ работеше, но на работа беа само наставниците, учениците не дојдоа. Одлуката на директорката, гимназијата да работи, дојде по заканата од ...

Министерот Рушити се сретна со студентите и средношколци Роми

А1 - 30.04.2007

Министерот Рушити задоволен од резултатите на проектот стипендирање на студенти роми „Ромаверзитас“, што американската агенција УСАИД во Македонија ја финансира веќе петта година. Тој денеска се сретна со студенти и средношколци Роми, за да ги слушне нивните проблеми и предлози.

Денеска сите во школо

Дневник - 30.04.2007

Министерот за образование Сулејман Рушити соопшти дека денеска е работен ден за училиштата. Одлуката на некои градоначалници, кои дозволија неработен ден за училиштата за денеска, министерот ја смета неодговорна, самоволна и незаконска.

Скопските средни училишта денеска останаа со празни клупи

Канал5 - 30.04.2007

Скопските средни училишта денеска не работеа. Директорите ја испочитуваа одлуката на градоначалникот Трифун Костовски и покрај најавите на министерот Рушити дека ќе бидат санкционирани ако не го почитуваат владиното решение. Скопските средни училишта денеска не работеа.

Рушити најави казни за училишните директори

Утрински - 30.04.2007

Директорите на училиштата кои самоиницијативно или по препорака на градоначалниците одлучиле денешниот ден да биде неработен, ќе бидат казнети за овој свој потег. Ова вчера го најави министерот за образование, Сулејман Рушити, со објаснување дека Владата не го прогласи денешниот ден за неработен, ...