TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во Арачиново и натаму се пука

А1 - 17.06.2001

Во Арачиново и неговата околина ноќеска и денеска се пука. Ова село на 10 километри од Скопје веќе 11 дена е под контрола на самопрогласените борци за слобода, команданти на паравоената ОНА инаку во слободно време по професија дилери на дрога, дрвосечачи и криминалци.

Напади врз полициските пунктови во Арачиново од страна на терористите

А1 - 16.06.2001

Албанските терористи во регионот на Арачиново ноќеска од 2 до 4 часот ги напаѓале полициските пунктови во селата Страчинце и Брњарци. Полицијата одговорила на провокациите. Портпаролот на министерството за внатрешни работи Пендаровски потврди дека во текот на ноќта терористите стрелале со ...

Застрелан терорист во џип кој пукал во полицијата

Вест - 16.06.2001

НАПАДНАТ ПОЛИЦИСКИОТ ПУНКТ ВО СЕЛОТО БРЊАРЦИ ВО БЛИЗИНА НА АРАЧИНОВО На еден од полициските пунктови во селото Брњарци, во непосредна близина на Арачинов, полицијата завчера околу 20,40 часот,отворила жесток оган врз џип "нисан" со бугарски регистарски таблички, испишан со написи УЧК, во моментот ...

Борис Фровик

Вест - 16.06.2001

САКАМ ДА КАЖАМ Дај да се распукаме за Љубчо да остане на власт 1 Што толку се мачи претседателот Борис Трајковски да избира сигурни места за самитите со партиските лидери? Тие сакаат да бидат изолирани и сакаат да придонесат кон воспоставување на мирот.

Самоубиствен напад на терорист од Арачиново

Дневник - 16.06.2001

КАЈ СКОПСКОТО СЕЛО БРЊАРЦИ Кога се доближил до пунктот на МВР терористот не запрел на знакот на полицијата, туку забрзал и почнал да пука, мислејќи оти ќе успее да се пробие Македонските полицајци од пункт на излез од скопското село Арачиново убиле еден припадник на терористите на ОНА завчера околу ...

Терористите не можеле сами да го лекуваат повредениот, па го повикале Црвениот крст

Вест - 15.06.2001

ВО ГРАДСКА БОЛНИЦА ОПЕРИРАН 53-ГОДИШЕН АРАЧИНОВЕЦ, ПОВРЕДЕН ВО БОРБИТЕ КАЈ СТРАЧИНЦИ Додека Фахри Селими бил извлекуван од Арачиново, екстремистите жестоко напаѓале врз полициските пунктови Во Градската болница во Скопје, завчера во попладневните часови, со тешка повреда во вратот и образот од ...

Во Арачиново се вжештува

Вест - 15.06.2001

Ситуацијата во Арачиново се вжештува. Од таму, вчераноќ, терористите во повеќе наврати ги напаѓале полициските пунктови кај селото Брњарци. Во нападот, покрај автоматско оружје, терористите употребиле и рачни минофрлачи. Но и покрај жестокиот напад, повредени и жртви на страната на безбедносните ...

Пукотници во Страчинце и Брњарци

А1 - 14.06.2001

Од Арачиново кон полициските пунктови во селото не се пука но се уште таму има висока тензија. Во текот на ноќта од крајните куќи на Арачиново и од Страчинце биле нападнати полициските пунктови во Брњарци и Страчинце. Терористите напаѓале со автоматско оружје и со минофрлачи.

Арачиново окупирано, а во околните села се пука

Вест - 14.06.2001

Во окупираното Арачиново и вчера беше напнато. Во него не се пукаше и немаше никакви дејства, но затоа во околните села ечело од рафали. На два полициски пункта кај селата Страчинци и Брњарци,во непосредна близина на Арачиново, терористите во два наврата во текот на ноќта отвориле жесток оган, ...

Во ученичките домови се засолнија 300 арачиновци

Дневник - 14.06.2001

2.500 БЕГАЛЦИ ОД АРАЧИНОВСКО "Занималните ги претворивме во спални за бегалците од Арачиново", велат во домот "Сенич" во Автокоманда Ученичките домови "Сенич" и "Ранка Милановиќ" во Скопје од вчера се дом за околу 300 бегалци - Македонци од Арачиново.

Обезбедени легла за раселените лица од Арачиново

Дневник - 14.06.2001

"МеЃаши" Првата детска амбасада во светот "Меѓаши" обезбеди 12 легла за раселените лица од Арачиново, во прифатилиштето во населбата Јане Сандански. Зградата на прифатилиштето се наоѓа наспроти поликлиниката во населбата во поранешната воена зграда.

Убиени терористи што бегале со автомобил

Дневник - 14.06.2001

Престрелки каЈ АраЧиново Албанските терористи вчера околу 14 часот стрелаа врз полициските пунктови околу Арачиново. Полициските пунктови кај селата Страчинци и Брњанци биле напаѓани и предминатата ноќ од 23 часот се до вчера изутрина.

Нападнат полициски пункт кај Страчинци - скопско.

А1 - 13.06.2001

Околу 14 часот албанските теророристи отвориле оган кон селото Страчинци, во близина на Арачиново. Страчинци беше нападнато и ноќесна околу полноќ, кога албанските терористи отвориле оган на полицискиот пункт. Било пукано од автоматско оружје, на што полицијата одговорила со пушкомитралези.

Арачиново во полициски обрач, но под контрола на терористите

Вест - 13.06.2001

Во Арачиново и вчера беше мирно. Инсталираните албански терористи во селото не ги провоцирале силите на МВР, кои го држат селото во обрач. С&ицирц; уште, сите влезови и излези од селото се блокирани. Албанските сили кои го држат Арачиново и натаму под контрола, имаат поставено барикади на главниот ...

ОНА веднаш да се повлече почнувајќи од Арачиново

Дневник - 13.06.2001

САД И НАТО ГИ ОСУДИЈА ЕКСТРЕМИСТИЧКИТЕ АКЦИИ САД најостро ги осудуваат екстремистичките акции на ОНА и се спротивставуваат на нејзината насилничка тактика, чија цел е поткопување на демократијата во Македонија и и се заканува на стабилноста во регионот.

"Не сакаме хуманитарна помош од државата, сакаме безбедно да се вратиме дома!"

Дневник - 13.06.2001

АРАЧИНОВЦИ ИЗБРКАНИ НА УЛИЦА ОД БАНДИТИТЕ Приодите кон селото се затворени од полицијата и досега нема посериозни оружени провокации од терористите Црвениот крст на Македонија, во истурениот пункт во населбата Ченто вчера им делеше хуманитарна помош на жителите побегнати од селото Арачиново, кое ...

Состојбата во Арачиново

А1 - 12.06.2001

Сите влезови и излези од Aрачиново и натаму се блокирани од македонските безбедносни сили. Албанските терористи имаат поставено блокади на главниот пат низ ова скопско село. Беспилотните летала на KFOR ги утврдија териториите на терористите.Забележано е и ископување на ровови од страна на ...

Арачиново поделено меѓу терористите

А1 - 12.06.2001

Арачиново поделено на четири дела, но не се знае кој е главен од терористите Во текстот на весникот "Дневник" под наслов "Командантите на терористите раскарани, Арачиново поделено на 4 дела", весникот повикувајки се на разузнавачки извори вели дека меѓу командантите дошло до недоразбирање бидејки ...

Арачиново во сценарио за воена состојба

Вест - 12.06.2001

СЕ БЛОКИРА ФОРМИРАЊЕТО НА ЗАЕДНИЧКАТА КОМАНДА НА ВОЈСКАТА И ПОЛИЦИЈАТА Во МВР, во чија надлежност е окупираното Арачиново, немаат рационално објаснување како се дозволи Арачиново, кое е на неколку километри од главниот град на државата, преку ноќ да биде контролирано од вооружените екстремисти.

Помош ќе се почне да се дава денеска

Вест - 12.06.2001

ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА РАСЕЛЕНИТЕ ЛИЦА ОД АРАЧИНОВО Повеќе од 700 внатрешно раселени лица од Арачиново и од околните села се евидентирани во текот на вчерашниот ден од екипите на Македонскиот црвен крст, а повеќе од 50 семејства, по напуштањето на своите домови, останаа без покрив над главата.

Скопско Арачиново се уште под опсада на терористите

А1 - 11.06.2001

Скопското село Арачиново се уште се наоѓа под опсада на албанските терористи, кои во заложништво држат околу 30 Македонци од ова село. Претседателот Трајковски им вети на иселените жители од Aрачиново дека од денеска ќе започне делењето на хуманитарната помош и дека ќе им биде обезбедено привремено ...

Терористите се утврдија во Арачиново, МВР на влезовите од селото

Вест - 11.06.2001

Министерот Бошковски без одговор на прашањето зошто е дозволено терористите да влезат да се утврдат во Арачиново со што во заложништво се држи главниот град Во Арачиново, вчера с&ицирц; уште се наоѓаа албанските терористи, додека пак македонските безбедносни сили останаа на пунктовите околу селото.