TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

За САД Тачи, Хоџа и Чакала дејствуваат екстремистички

Утрински - 14.02.2004

Стејт департментот за црната листа Потпретседателот на ДПА, Мендух Тачи, пратеникот на НДП, Џезаир Шаќири-Хоџа, и Авдиљ Јакупи- Чакала се нашле на американската црна листа поради екстремистички активности и поткопување на Рамковниот договор, соопшти вчера американската амбасада во Скопје.

САД: „Јакупи, Шакири и Тачи на црна листа поради екстремизам“

А1 - 13.02.2004

Авдил Јакупи, Џезаир Шакири и Мендух Тачи се најдоа на американската „црна листа“ од вкупно 13 наведени лица поради екстремистички активности, што подразбира опструирање или поинакво дејствување со цел да се поткопа Охридскиот рамковен договор од 2001, како и мирот и стабилноста во Македонија.

САД никако да ги вратат Тачи и Хоџа во Македонија!?

Утрински - 13.02.2004

Стејт департментот сў уште не ја исправил грешката на црната листа Американскиот Стејт департмент ни два дена по објавувањето, односно дополнувањето на црната листа со тројца македонски државјани не излезе со причините поради кои тие се нашле на неа.

Гаф на Американците, Мендух Тачи го загрозувал мирот во Босна!

Утрински - 12.02.2004

Објавувањето на новата црна листа на САД внесе недоумици поради грешките Борис Георгиевски Понекогаш и родителите ги тепаат своите деца, но тоа не значи дека не ги сакаат. Оваа порака од Стејт департментот и јас ја сфатив на тој начин", изјави потпретседателот на Демократската партија на Албанците, ...

Тачи:„Ќе продолжам да дејствувам политички“

Канал5 - 12.02.2004

Заменик претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи, денеска изјави дека неговото ставање на американската листа на противници на Охридскиот договор, е порака за неговото идно политичко дејствување. „Некои родители ги тепаат д Заменик претседателот на Демократската партија на ...

Законот за Скопје ќе го закопа Охридскиот договор

Утрински - 11.02.2004

Џезаир Шаќири предупредува за етничко чистење на Албанците во Скопје Новиот предлог за донесување закон за градот Скопје, доколку во оваа форма помине во Собранието, а тоа ќе се случи со гласовите на парламентарното мнозинство, тогаш ќе го закопа Охридскиот договор", истакна на вчерашната ...

Мендух Тачи на најновата црна листа на САД

Утрински - 11.02.2004

Вашингтон отиде чекор напред пред Брисел со неговата трета листа на непожелни Слободанка Јовановска Официјален Вашингтон вчера ја збогати својата црна листа на екстремисти од Македонија, и на неа првпат се најде политички лидер на една партија, Мендух Тачи од ДПА.

Мендух Тачи, Хоџа и Чакала на американската црна листа

Дневник - 11.02.2004

НАРЕДБА НА БУШ Мендух Тачи, Авдил Јакупи (Чакала) и Џезаир Шаќири (командант Хоџа) од 1 јануари годинава се наоѓаат на најновата американска "црна листа", на која се наоѓаат вкупно 160 лица од Балканот, кои го попречуваат мировниот процес.

Додадени три нови македонски државјани на црната листа

А1 - 10.02.2004

Потпретседателот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот командант Хоџа, а сега пратеник на НДП Џезеир Шаќири, и екс припадниокот на ОНА Авдиљ Јакупи Чакала од денеска нема да можат да влезат во САД, ниту да извршат финансиски трансакции во таа земја.

НДП предлага поделба на државата на реони

Утрински - 09.02.2004

Партијата на Хоџа против територијалната поделба Национал-демократската партија чиј единствен претставник во Собранието е Џезаир Шаќири, алијас командант Хоџа, не се согласува со предложениот план за нова територијална поделба.