TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Од пробугарин до Бугарин

Дневник - 22.07.2006

За да нема недоразбирање, Љубчо Георгиевски може да се чувствува, да се декларира и да зема какво сака државјанство, зашто, напросто, тоа е негово право што му го овозможува законот. Меѓутоа, работите добиваат друга насока кога ќе се земат предвид таинствените околности под кои е изведено свеченото ...

Георгиевски повлече нога

Време - 22.07.2006

СОФИСКИ „СТАНДАРД“ ОБЈАВИ Откако се расчу дека Љубчо Георгиевски има бугарски пасош, бројот на мераклиите за бугарско државјанство значително се зголеми. Никогаш порано немало редици од Македонци пред Агенцијата за Бугарите во странство, од проста причина што луѓето се криеле.

Македонски министер и пратеници имаат бугарско државјанство, тврди Софија

Утрински - 22.07.2006

Бугарското потекло на Љупчо Георгиевски е докажано, вели потпретседателот на Бугарија, Ангел Марин Виктор Цветаноски Не само Љупчо Георгиевски, туку и еден македонски министер и извесен број пратеници добиле бугарско државјанство, соопшти потпретседателот на Бугарија, Ангел Марин, кој го потпиша ...

Околу 20.000 Македонци имаат бугарски пасош, уште толку чекаат

Дневник - 21.07.2006

Околу 20.000 Македонци имаат бугарски пасош, а уште толку македонски државјани очекуваат наскоро да добијат бугарска патна исправа. Ова се наведува во текст објавен во германскиот весник „Ди велт“. Притоа се наведува дека „Македонците, за да добијат бугарски пасош, треба да докажат дека имаат ...

Не спласнува интересот на Македонците за бугарски пасоши

Утрински - 21.07.2006

Бугарски граѓани со двојно државјанство не смеат да се занимаваат со политика, да бидат пратеници или министри ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ „Љупчо Георгиевски повлече нога за бугарски пасоши во Македонија. Откако бившиот премиер доби наше државјанство, потокот од мераклии за место на живеење кај нас не ...

Чии интереси бранел Љубчо, македонски или бугарски?

Вест - 20.07.2006

ПОПОВСКА ГО ОБВИНУВА ЕКСПРЕМИЕРОТ ЗА ИЗМАМА ПРЕД ГРАЃАНИТЕ Претседателката на Демократска обнова на Македонија Лилјана Поповска вчера го повика експремиерот и народниот пратеник, како што рече, Љубчо Георгиевски да не молчи и јавно да каже - дали навистина зел бугарско државјанство, вистина ли е ...

Љупчо Георгиевски веќе купил стан во Благоевград

Утрински - 20.07.2006

Софија преку државјанството на Георгиевски го отвора прашањето за идентитетот на Македонците ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ Темата за бугарскиот пасош на Георгиевски сж уште е главна тема во бугарските медиуми. Таа и натаму нашироко се третира на страниците на софиските весници.

ДОМ и Титовите леви сили го прозиваат Георгиевски

Утрински - 20.07.2006

Демократската обнова на Македонија побара од Љупчо Георгиевски да излезе во јавноста и да се изјасни колку се вистинити информациите дека зел бугарско државјанство, дали во барањето навел дека е Бугарин по род и кои му биле мотивите да го направи тоа.

Љубчо да каже дали е бугарски државјанин

Дневник - 20.07.2006

Неформалниот лидер на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски јавно да каже дали зел бугарско државјанство, побара вчера Демократска обнова на Македонија (ДОМ). Оваа партија исто така бара Георгиевски да каже дали во барањето посочил дека е Бугарин по род и кои му биле мотивите да го направи тоа.

Георгиевски се докажа како голем Македонец

Време - 19.07.2006

ВЕСНА ЈАНЕВСКА СО ОЦЕНА Дали Георгиевски добил или не бугарско државјанство е прашање лично до него, но неоспорен е фактот дека тој со сиот свој досегашен политички ангажман се покажа како голем Македонец, изјави вчера претседателката на ВМРО-народна, Весна Јаневска.

За 150 евра прошетка до Софија и бугарско државјанство

Време - 19.07.2006

ПАЃА ЦЕНАТА НА БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ Боби Христов Дали сте Македонец - е првото прашање што ќе го слушнете кога ќе свртите некој од десетиците телефонски броја запишани во огласите во кои се нуди посредување за добивање бугарски пасош.

ДОМ: Георгиевски јавно да каже дали има бугарски пасош

Канал5 - 19.07.2006

Демократската обнова на Македонија денеска побара од Љупчо Георгиевски да излезе во јавноста и да се изјасни колку се вистините информациите дека земал бугарско државјанство, дали во барањето навел дека е Бугарин по род и кои му биле мотивите тоа да го направи.

Народњаците бараат причини во другите за бугарското државјанство на Георгиевски

Утрински - 19.07.2006

Во ВМРО-Народна велат дека бугарското државјанство е приватно право на Георгиевски БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Тајмингот за објавување на аферата со бугарскиот пасош на Љупчо Георгиевски не е случаен и се совпаѓа со периодот во кој се формира новата влада во земјава, тврдат неговите сопартијци од ...

Љубчо со уште едно „Б“

Дневник - 19.07.2006

Големиот македонски патриот, големиот Македонец стана обичен државјанин на Бугарија. Статистичка бројка. Тешко дека на македонската јавност некогаш до крај ќе и' се разјасни оваа преобразба на војводата Кога се појави на македонската политичка сцена, Љубчо Георгиевски беше оценет како македонски ...

Благоевград му се израдувал на благонадежниот Љубчо

Дневник - 19.07.2006

Адресата што Љубчо Георгиевски кај бугарските власти ја пријавил како постојано живеалиште е на неговиот долгогодишен пријател Кирил Пендев ,поранешен директорт на Балканска банка во Скопје Нова и модерно изградена четирикатна зграда, со деловен простор на приземјето, во центарот на Благоевград е ...

Георгиевски има бугарско државјанство од 23 февруари

Време - 18.07.2006

КАБИНЕТОТ НА ПРВАНОВ ПОТВРДИ Боби Христов Поранешниот македонски премиер, сега пратеник и неформален лидер на ВМРО - народна партија Љубчо Георгиевски веќе шест месеци има бугарски пасош. Портпаролката на кабинетот на бугарскиот претседател Георги Прванов, Бојка Башлиева, вчера за „Време“ потврди ...

Љубчо стана жител на Благоевград

Вест - 18.07.2006

ПОТВРДЕНО БУГАРСКОТО ДРЖАВЈАНСТВО НА СЕМЕЈСТВОТО НА ЕКС-ПРЕМИЕРОТ ГЕОРГИЕВСКИ Градоначалникот на Благоевград Лазар Причкапов потврди дека Георгиевски станале жители на Благоевград врз основа на указот на бугарскиот премиер со кој Љубчо и Снежана добиле бугарско државјанство, за Георгиевски тоа и ...

Георгиевски добил бугарско државјанство во февруари

Утрински - 18.07.2006

Поранешниот премиер и неговата сопруга Снежана станале жители и на Благоевград каде што имаат адреса на живеење ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ Љупчо Георгиевски добил бугарско државјанство и врз основа на тоа бугарски пасош. Тој не ја кажува вистината кога вели дека информациите за тоа се лаги и конструкции ...

Љубчо Георгиевски бугарски државјанин од февруари

Дневник - 18.07.2006

Бугарскиот весник „24 часа“ вчера објави дека Снежана и Љубчо Георгиевски во понеделникот од полицијата во Благоевград ги подигнале личните карти и пасошите за чие експресно издавање платиле 150 лева Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски и неговата сопруга Снежана Георгиевска се државјани на ...

Љубчо Георгиевски е пријавен за жител на Благоевград

А1 - 17.07.2006

Кметот на Благоевград Лазар Причкапов денеска официјално потврди дека поранешниот македонски премиер, Љубчо Георгиевски и неговата сопруга Снежана добиле бугарско државјанство. Како што јави агенцијата Фокус, брачната двојка Георгиевски за постојана адреса на живеење имаат пријавено на улица ...

Љубчо станал Бугарин

Дневник - 17.07.2006

Бившиот македонски премиер и неформален лидер на ВМРО-Народна партија еден месец пред парламентарните избори во Македонија добил бугарско државјанство, јави бугарската агенција Фокус, која се повикува на свои информации. Според агенцијата, указот за бугарското државјанство на бившиот македонски ...

Георгиевски добил бугарски пасош, тврдат софиските медиуми

Утрински - 17.07.2006

Еспремиерот вели дека тоа се лаги лансирани од полициско- политички структури Поранешниот македонски премиер и неофицијален лидер на ВМРО-Народна партија, Љупчо Георгиевски, побарал и добил бугарски пасош еден месец пред парламентарните избори во Македонија, тврдат бугарските медиуми.

Љубчо Георгиевски станал Бугарин, а демантира

Време - 17.07.2006

БУГАРСКИ ВЕСНИК ТВРДИ Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски станал бугарски државјанин, а указот со кој неформалниот лидер на ВМРО-народна добил бугарски пасош го потпишал лично претседателот на Бугарија, Георги Прванов, тврди бугарскиот дневен весник „Струма“.

Љубчо стана бугарски државјанин со указ лично од Прванов

Вест - 17.07.2006

БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ "СТРУМА" И "ФОКУС" ТВРДАТ: Бугарските медиуми пишуваат дека лично претседателот на Бугарија Ѓорги Прванов потпишал указ со кој експремиерот добил бугарско државјанство, Георгиевски демантира "'Аз сам Блгарин', објави лидерот на ВМРО-НП Љубчо Герогиевски и зема бугарско ...