TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Српската Влада бара повлекување од Ахтисари

А1 - 24.09.2006

Специјалниот пратеник на Обединетите нации, Марти Ахтисари, треба да се повлече од преговорите за статусот на Косово, смета српската Влада. Причина за повлекувањето како што било истакнато на денешната владина седница, е тоа што „Ахтисари ја држел страната на албанските сепаратисти“.

Ахтисари: Нема определено рокови за преговорите за Косово

А1 - 23.09.2006

Советот за безбедност синоќа на затворена седница расправаше за преговорите за статусот на Косово. По седницата не е дадено соопштение и затоа не се познати детали од расправата. Специјалниот пратеник на ОН за статусот на Косово, Марти Ахтисари, по седницата изјави дека нема определено рокови за ...

Предлогот за Косово ќе биде да се оддели од Србија, а да не се спомене независност

Утрински - 23.09.2006

Димитар Чулев Во предлогот на Махти Ахтисари ќе биде споменато дека Србија нема да има јурисдикција над Косово, но нема да се спомене зборот независност. Тоа ќе отвори можност државите посебно билатерално да ја признаат новата држава.

Косово можеби и нема да добие независност

Дневник - 23.09.2006

Сигурно е дека конечниот текст на одлуката на Советот за безбедност на ОН нема да го содржи зборот „независност“, тврди весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ Косово може да добие, ама може и да не добие независност, оцени вчера конзервативниот германски весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ ...

Косово можеби нема да биде независно

Вечер Прес - 23.09.2006

Косово би можело и да добие и да не добие независност, предвидува германскиот "Франкфуртер алгемајне цајтунгè. "Сигурно е дека конечниот текст на одлуката на Советот за безбедност нема да го содржи зборот независност. Текстот ќе биде воопштен, бидејќи Советот е неединственè, оценува весникот, ...

Косово вечерва тема на седницата на Советот за безбедност

А1 - 22.09.2006

Косово вечерва тема на затворената седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации. Ќе присуствуваат претседателите на Косово и Србија, Сејдиу и Тадиќ. Можно е да бидат запознаени со начелата на предлогот на посредникот Ахтисари за конечниот статус на Косово, за кој меѓународната заедница ...

Ахтисари ќе предложи решение за Косово до ноември

А1 - 22.09.2006

Специјалниот пратеник на Обединетите Нации (ОН), Марти Ахтисари, најдоцна до крајот на ноември ќе предложи решение за новиот статус на Косово. „Тоа може да се случи до ноември, а можеби и порано“, изјавил синоќа анонимен дипломатски извор за агенцијата Ројтерс.

Чеку: Србија нема храброст да нападне

Време - 22.09.2006

ИНТЕРВЈУ НА КОСОВСКИОТ ПРЕМИЕР Премиерот на Косово Агим Чеку завчера ги отфрлил српските спротивставувања на независноста за Косово нагласувајќи дека „децениите на крвопролевања на Балканот се завршени“ и дека „Србите немаат храброст да нападнат повторно“, јавува новинската агенција Асошиејтед прес.

Големите сили бараат статусот на Косово да се реши во 2006

Утрински - 22.09.2006

Ниту една од страните нема да може унилатерално да го блокира предложениот план за конечниот статус на Косово ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Големите сили во средата го овластија посредникот на ОН да го предложи планот за конечниот статус на Косово и да се обиде да постигне договор до крајот на годинава, ...

Годинава мора да има решение за Косово

Дневник - 22.09.2006

Најмоќните земји се согласија дека ниедна страна не смее да ги блокира преговорите Контакт-групат го овласти медијаторот на ОН, Марти Ахтисари, до крајот на годинава да предложи конечен статус за Косово, јави Ројтерс. - Шестчлената група, на средбата што се одржа во Њујорк, ја потврди определбата ...

Во Скопје Дебата за идниот статус на Косово

Канал5 - 22.09.2006

Дефиниран косовски статус ќе значи поголема стабилност за Македонија, бидејќи ќе ги релаксира етничките Албанци во целиот регион. Со ваков став, на дебата во Скопје за статусот на покраината, настапи поранешниот косовски премиер Бајрам Реџепи.

Косовското прашање на дневен ред на седницата на Советот за безбедност на ОН

Канал5 - 22.09.2006

Напредокот на преговорите за Косово и начинот на кој ќе продолжи процесот за дефинирање на статусот на покраината ќе бидат тема на денешното заседание на Советот за безбедност на Обединетите нации. Белград, 22 септември (МИА) - Напредокот на преговорите за Косово и начинот на кој ќе продолжи ...

Предлогот за статусот на Косово, ќе се знае за две недели

А1 - 21.09.2006

Предлогот за статусот на Косово, ќе се знае за две недели. Ова го најави косовскиот администратор Јоаким Рикер, по синоќешната средба на посредникот на Обединетите Нации, Марти Ахтисари, со шефовите на дипломатиите на земјите членки на Контакт групата во Њујорк.

Меѓународната заедница поделена околу статусот на Косово

А1 - 21.09.2006

Во меѓународната заедница постои поделеност околу идниот статус и рокот за конечното решение. Разликите дојдоа до израз и во Њујорк, особено во контакт-групата. Специјалниот преставник на Обединетите Нации за Косово до крајот на годинава да даде предлог за финалниот статус.

ОН го осуди насилството на Косово

Вест - 21.09.2006

ПРИШТИНА, 21 септември (Ројтерс) - Нападот врз малцинството Срби на Косово вчера предизвика реакција со остро предупредување од Обединетите нации упатена кон албанските лидери да внимаваат што зборуваат, откако еден од нив предвиде "бунт" ако не им се даде независност од Србија.

Москва не сака да се брза со решението за Косово

Утрински - 21.09.2006

Русија нема да дозволи да биде заобиколена во конечното решавање на статусот за Косово Од нашиот дописник БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Русија и понатаму одлучно се спротивставува на брзањето и какви било ултимативни рокови за завршување на преговорите за идниот статус на Косово.

Коен: Меѓународната заедница поделена околу статусот на Косово

Канал5 - 21.09.2006

Советникот на српскиот претседател Леон Коен синоќа во Њујорк изјави кај важните членки на меѓународната заедница постојат „мошне големи разлики“ во нивните видувања на идниот статус на Косово. Њујорк, 21 септември (МИА) - Советникот на српскиот претседател Леон Коен синоќа во Њујорк изјави кај ...

Контакт-група: Статусот на Косово треба да биде решен годинава

Канал5 - 21.09.2006

Шефовите на дипломатијата на земјите на Контакт-групата на синоќешниот состанок во Њујорк апелираа до специјалниот претставник на Обединетите нации за преговорите Марти Ахтисари да „подготви соопфатен предлог за решавање на статусот на Косово и со тоа да ги ангажира двете страни во помнатамошниот ...

Србија го обвини Ахтисари за необјективност

А1 - 20.09.2006

Специјалниот пратеник Марти Ахтисари не ја извршува објективно и непристрасно улогата на медијатор во преговорите за косовскиот статус. Ова синоќа го соопшти Координативниот центар на српската Влада за Косово по повод нереагирањето на Ахтисари на „отворените закани на Албанците за насилство, ...

„Индепендент“: Косово ќе добие целосна независност

А1 - 20.09.2006

Косово, речиси е извесно, ќе добие целосна независност, пишува денеска лондонски „Индепендент“. Весникот констатира дека меѓународните преговарачи ќе тврдат дека станува збор за исклучок кој не смее да стане правило, но дека промената на статусот на покраината ќе ги охрабри другите сецесионистички ...

Косовците се закануваат со бунт

Време - 20.09.2006

ПРЕГОВОРИТЕ ЗА СТАТУСОТ НА КОСОВО ДОНЕСОА ТЕНЗИИ Меѓународната заедница треба да ја признае независноста на Косово, а во спротивно може да дојде до немири во регионот, изјавил претседателот на косовското собрание Кољ Бериша, при својата завчерашна посета на Љубљана, јави новинската агенција МИА.

Груевски: Границата ќе се реши со статусот на Косово

Време - 20.09.2006

ПРЕМИЕРОТ НА КОСОВО ВО СКОПЈЕ Добив уверувања од премиерот на привремената косовска влада дека прашањето со обележувањето на границата ќе се реши во периодот на утврдување на финалниот статус на Косово, изјави вчера македонскиот премиер Никола Груевски по средбата со неговиот косовски колега Агим ...

Груевски: македонија Ќе ја прифати одлуката за Косовоите смени - неуставни и незаконски

Вест - 20.09.2006

КОСОВСКИОТ ПРЕМИЕР АГИМ ЧЕКУ ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА За Македонија ќе биде прифатливо секое решение за идниот статус на Косово што нема да ги загрозува суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија, изјави вчера, премиерот Никола Груевски по средбата со косовскиот премиер Агим ...

Чеку бара од Македонија поддршка за независноста

Утрински - 20.09.2006

Шлаканица за ДУИ од косовскиот премиер кој дојде во посета на Груевски како премиер Слободанка Јовановска Косовскиот премер Агим Чеку дојде вчера во Скопје за да го увери премиерот Никола Груевски дека независноста на протекторатот нема да претставува закана за соседството и дека Косово ч гарантира ...

Македонија бара повеќе права за Гораните

Дневник - 20.09.2006

Поголеми права за Гораните побара вчера македонскиот премиер Никола Груевски на разговорите со својот косовски колега Агим Чеку Поголеми права за Гораните побара вчера македонскиот премиер Никола Груевски на разговорите со својот косовски колега Агим Чеку, со кого разговараше во Скопје.

Или независност, или немири на Косово

Дневник - 20.09.2006

Американскиот аналитичар Роберт Хејден оцени дека Косово „на еден или друг начин“ до март в година ќе биде прогласено за независно Претседателот на косовското собрание вчера во Љубљана предупреди дека се можни немири на Косово ако се одложи одлуката на меѓународната заедница за независност на ...

Границата одбележана пред независноста на Косово?!

Вечер Прес - 20.09.2006

Македонија ќе го прифати секое решение за идниот статус на Косово ... - Македонија ќе го прифати секое решение за идниот статус на Косово што нема да го загрозува суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата држава, изјави премиерот Груевски по средбата со косовскиот колега Агим Чеку.

Чеку во Скопје на прва официјална средба со Груевски

А1 - 19.09.2006

Македонија да не се плаши од Косово, а границата да се реши што е можно побрзо, се договориле косовскиот премиер Чеку и неговиот домаќин Груевски, на првата средба што ја имаше новата влада со странски државник. Не кажаа како и кога ќе се демаркира границата.

Србија за продолжување на преговорите за Косово

А1 - 19.09.2006

Продолжување на преговорите за децентрализацијата на Косово, побараа синоќа претставници на официјален Белград и на косовските Срби. Преговорите за технички прашања, вклучувајќи го и формирањето нови општини на Косово, без поголем напредок завршија минатата недела во Виена.

Средба Груевски - Чеку

Канал5 - 19.09.2006

Агим Чеку во Скопје го уверуваше новиот македонски премиер дека решавањето на косовското прашање нема да ја дестабилизира Македонија и регионот. Од Груевски доби потврда дека Скопје ќе ја продолжи конструктивната улога во процесот што го менаџира меѓународната заедница.

Ахтисари во среда би можел да го изнесе предлогот за Косово

А1 - 18.09.2006

Специјалниот пратеник на ОН во преговорите за Косово, Марти Ахтисари, веќе во среда во Њујорк би можел да ги запознае шефовите на дипломатиите на контакт групата со својот предлог за идниот статус на Косово. Од тимот на Ахтисари потврдија дека специјалниот пратеник добил налог да подготви решение ...

Чеку ги повика косовските Срби на соработка

А1 - 18.09.2006

Премиерот на Косово Агим Чеку денеска ги повика косовските Срби да се вклучат во институциите на покраината и со тоа да дадат придонес за создавање на клима на толеранција и соработка. „Српските граѓани на Косово самите треба да одлучат дали ќе станал дел од мирољубиво Косово.