TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Буш ги убедува Американците да издржат во ирачката војна

Утрински - 27.10.2006

Не можеме да дозволиме нашето незадоволство да се претвори во разочараност, вели американскиот претседател ВАШИНГТОН - Претседателот Џорџ Буш, обидувајќи се да ја одбрани војната во Ирак во изборната година кога се бараат промени, вчера призна дека не е задоволен од начинот на кој се одвива ...

И покрај многуте жртви, Американците ќе победат

Дневник - 27.10.2006

Американскиот претседател Џорџ В. Буш рече дека е загрижен поради многуте загинати и интензивираните насилства во Ирак, но додаде оти САД победуваат во ирачката војна, јави МИА. - Настаните во изминатиов месец предизвикуваа сериозна загриженост кај мене и кај Американците.

Судирот во Ирак ќе чини 2.000 милијарди долари

Утрински - 27.10.2006

Лондон - Окупацијата врз Ирак е едно од најголемите стратегиски промашувања на нашето време, констатира вчерашен лондонски „Гардијан“. „Американско-британскиот неуспех во Ирак е буквално неверојатен. Садамовата тиранија е заменета со анархија, а интервенцијата, чија цел беше да го направи светот ...

Буш под оган за неуспехот во Ирак

Вест - 27.10.2006

БАГДАД, 27 октомври (Ројтерс) - Американската војска вчера соопшти дека уште петмина американски војници биле убиени во Ирак, со што американскиот црн биланс за октомври изнесува 96, додека пак претседателот Џорџ Буш се соочува со зголемен притисок поради војната во годината на избори.

Пет американски војници убиени во Ирак

А1 - 26.10.2006

Четворица американски маринци и еден морнар, се убиени во западниот дел на Ирак, со што бројката на загинати американски војници овој месец се искачи на 96, соопшти денеска армијата на САД. „Војниците починаа во средата од повредите здобиени во непријателска акција за време на операција во ...

„Гардијан“: Окупацијата врз Ирак е стратешко промашување

А1 - 26.10.2006

Војнички и политички, речиси неверојатен е неуспехот на американско-британската инвазија и окупација на Ирак. Последиците на најголемата стратешка грешка во поновата историја, според оценките на лондонски „Гардијан“, се катастрофални.

Голем притисок на Вашингтон врз ирачката влада

Утрински - 26.10.2006

Ирачаните бесни по воздушните напади на Американците во кои загинаа пет лица БАГДАД - Ирачката влада вчера беше под голем притисок од страна на Вашингтон да преземе енергични акции за да го испочитува распоредот на мерките за следната година за спречување на насилството, за да им дозволи на ...

САД бараат повеќе работа од ирачките лидери

Вест - 25.10.2006

БАГДАД, 25 октомври (Ројтерс) - Американскиот амбасадор во Ирак, Залмај Калилзад, вчера апелираше до ирачките лидери да работат понапорно за да ги постигнат главните политички и безбедносни цели. БАГДАД, 25 октомври (Ројтерс) - Американскиот амбасадор во Ирак, Залмај Калилзад, вчера апелираше до ...

Ирак би можел да се распадне

Утрински - 25.10.2006

МОСКВА - Ирак би можел да се распадне ако ургентно не се преземат мерки за поддржување на националното единство, изјави вчера рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Ако нема ненадејна промена и ако нема почеток на напорите кон единство, оваа ситуација би можела да стане реалност“, ...

Британците сакаат војниците од Ирак да се вратат дома

Утрински - 25.10.2006

ЛОНДОН - Резултатите од две анкети вчера покажаа дека мнозинството Британци сметаат дека нивните војници треба да се повлечат од Ирак порано наместо подоцна. Анкетата на ИЦМ за весникот „Гардијан“ покажува дека повеќе од 60 отсто од Британците сакаат војниците да бидат повлечени од земјата во текот ...

Ирак може да се распадне

Време - 25.10.2006

ПРЕДУПРЕДУВАЊА ОД ЛОНДОН И МОСКВА Министрите за надворешни работи на Русија и Британија, Сергеј Лавров и Маргарет Бекет, во ист ден предупредија дека Ирак може да се распадне на три дела. - Многу би сакале сите да останат заедно, но долгорочно не е наша работа да кажеме „ќе правите вака или онака“.

Можна е поделба на Ирак

Дневник - 25.10.2006

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, предупреди дека е можно Ирак да се подели и покрај напорите за обединување на државата, јави МИА. - Ако наскоро не дојде до подобрување на безбедносната состојба и ако не почне со вистинско обединување, опцијата за поделба на земјата ќе стане ...

Ирак џокер за демократите!

Вечер Прес - 25.10.2006

Околу 60 проценти од Американците се незадоволни со црниот воен биланс, кој се' повеќе ги потсетува на виетнамската војна, најтемната страница во поновата историја на САД Најновата сондажа што ја направи Си-Ен -Ен донесе досега најпоразителни резултати за ангажирањето на администрацијата на Буш во ...

Можна е поделба на Ирак

Вечер Прес - 25.10.2006

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, вчера предупреди дека е можно Ирак да се подели и покрај напорите преземени за обединување на државата, пренесува МИА. - Доколку нема подобрување и доколку не почне со вистинско обединување, ситуацијата (поделбата) ќе стане реалност, нагласи ...

Мнозинството Британци за повлекување од Ирак

А1 - 24.10.2006

Поголемиот дел од Британците се за повлекување на националните трупи од Ирак и покрај ставот на премиерот Тони Блер за завршување на мисијата, покажуваат резултатите од направените две анкети, објави денеска „Гардијан“ . Околу 61% од 1.019 испитаници сметаат дека британските војници треба да го ...

Лавров: Можна е поделба на Ирак

А1 - 24.10.2006

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди денеска дека е можно Ирак да се подели, и покрај напорите преземени за обединување на државата. „Доколку нема подобрување и доколку не почне со вистинско обединување, ситуацијата (поделбата) ќе стане реалност“, нагласи ...

Секој петти жител на САД верува во победа во Ирак

А1 - 24.10.2006

Дури секој петти жител на САД смета дека земјата оди кон победа во војната во Ирак, што е пад за речиси 50% во однос на декември минатата година, се наведува во истражувањето на јавното мислење чии резултати утрово ги објави телевизијата Си-Ен-Ен.

Западот не смее да го напушти Ирак

Вест - 24.10.2006

ЛОНДОН, 24 октомври (Ројтерс) - Ирак е од клучно значење за иднината на светот и западот не може да се откаже и да се повлече и покрај големата загриженост за непрекинатото крвопролевање, изјави вицепремиерот на Ирак Бархам Салих.

Новата стратегија за Ирак пред изборите

Дневник - 24.10.2006

Анкетите покажуваат дека републиканците по изборите најверојатно ќе го загубат мнозинството во Конгресот Сенатори од Демократската партија побараа американскиот претседател Џорџ В. Буш да ја каже стратегијата за Ирак пред одржувањето на парцијалните избори за Конгресот закажани за 7 ноември, јави ...

Папата побара мир во Ирак

Време - 24.10.2006

ВЕСТИ ОД ИРАК И АВГАНИСТАН Папата Бенедикт Шеснаесетти ги повика Ирачаните и верските и политички водачите од светот да ги запрат крвавите сунитско-шиитски пресметки во Ирак. Папата воедно им го честитал Рамазан Бајрам на муслиманите и им посакал мир и спокој.

Ирачкиот заменик-премиер бара САД и Лондон да не паничат

Утрински - 24.10.2006

ЛОНДОН - Ирачкиот заменик-премиер Бахрам Салих вчера предупреди на дефетизам и паника откако неговите американски и британски сојузници се најдоа под се' поголем притисок да ја променат стратегијата во Ирак пред немилосрдното крвопролевање.

Во Ирак месецов убиени 86 американски војници

А1 - 23.10.2006

Уште еден американски војник загинал во западниот дел на Багдад, кога возилото со кое патувал наишло на поставена мина, соопшти денеска американската армија. Тој е шестиот војник убиен во главнот град на Ирак во текот на последните 24 часа.

САД дејствува глупаво во Ирак

Вест - 23.10.2006

САД, 23 октомври (Би-Би-Си) - Висок претставник на Стејт департментот на САД соопшти дека САД дејствувале арогантно и глупаво во Ирак. Алберто Фернандез за телевизијата "Ал-Џезира" изјавил дека САД сега се расположени да преговараат со било која бунтовничка група освен Ал-Каеда во Ирак за да се ...

САД биле арогантни и глупи околу Ирак

Утрински - 23.10.2006

Висок американски функционер со напад против американската политика во Ирак Висок американски официјален претставник од Стејт департментот изјави дека САД покажале „ароганција и глупост“ во Ирак. Алберто Фернандез ги даде овие забелешки за време на интервјуто за арапската ТВ-станица Ал Џезира.

Во Ирак овој месец убиени 86 американски војници

Канал5 - 23.10.2006

Уште еден американски војник загинал во западниот дел на Багдад, кога возилото со кое патувал наишло на поставена мина, соопшти денеска американската армија Багдад, 23 октомври (МИА) - Уште еден американски војник загинал во западниот дел на Багдад, кога возилото со кое патувал наишло на поставена ...

Рамазански договор за мир меѓу сунитите и шиитите

Време - 23.10.2006

ПО СЕРИЈАТА НАПАДИ И МАСАКРИ ЗА ВРЕМЕ НА РАМАЗАН ВО ИРАК Истакнати свештеници на сунитите и шиитите завчера постигнале рамазански договор за прекин на насилствата меѓу двете најголеми муслимански заедници. Договорот бил потпишан во муслиманскиот свет град Мека, во палата близу до каменот Каба, кој ...

Американците ја менуваат тактиката во Ирак

Дневник - 23.10.2006

Функционери од двете партии сфатија дека нема да успее планот на Буш од Ирак да створи стабилна и демократска земја Поради слабите резултати на американската администрација, САД наскоро ќе ја сменат политиката што Белата куќа ја води кон Ирак, се наведува во анализата на весникот „Вашингтон пост“.

Багдад бара Лондон да „не го фаќа паника“ поради Ирак

Канал5 - 23.10.2006

Ирачката Влада побара од официјален Лондон да не го „фаќа паника“ поради сегашната ситуација во Ирак и како последица на тоа да повлече „некакво избрзано решение“, јави дописникот на МИА од Лондон. Лондон, 23 октомври (МИА) - Ирачката Влада побара од официјален Лондон да не го фаќа паника поради ...