TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонската шаховска селекција над очекувањата

А1 - 10.11.2002

Македонската шаховска селекција над очекувањата на олимпијадата во Блед. Со седум победи, четири реми и три порази на делба од осмото до дванаесетото место. Во олимписката елита сме како и на претходниот олимписки собир во Истанбул.

Реми и со Филипините

Вест - 09.11.2002

ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА ВО БЛЕД Втор ден по ред нашите репрезентативци ремизираат на 35. Шаховска олимпијада во Блед. Во рамките на 12. коло, го поделивме пленот со послаборангираните Филипини (2:2), за што најголемите заслуги му припаѓаат на Кирил Георгиев кој на првата табла го совлада велемајсторот ...

Македонија се уште со шанса да биде меѓу првите 20

Дневник - 09.11.2002

ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА ВО БЛЕД По нерешениот резултат завчера од 2-2 против Филипините, машката репрезентација на Македонија на две кола пред крајот се наоѓа на 20-тото место на табелата на шаховската Олимпијада која се одржува во Блед (Словенија).

Реми и победа на нашите шаховски репрезентации на Олимпијадата

А1 - 08.11.2002

Уште еднаш, третпат по ред, 2:2 одигра македонската машка шаховска селекција на Олимпијадата во Блед. Борбено реми денеска во претпоследниот состав против треторангираниот состав на Украина, за одличен пласман во претпоследното коло нашиот водечки шахист Кирил Георгиев го победи актуелниот светски ...

Реми со велесилата Индија

Вест - 08.11.2002

ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА ВО БЛЕД Нашата машка репрезентација и натаму реди извонредни резултати на 35. Шаховска олимпијада во словенечкиот Блед. Во рамките на 11. коло, не Македонија, туку Индија извлече реми, зашто само "благодарение" на киксот на нашиот велемајстор Трајче Недев во дуелот на четвртата ...

Машката селекција на Македонија ремизираше со Индија

Дневник - 08.11.2002

ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА ВО БЛЕД (СЛОВЕНИЈА) По нерешениот резултат против Индија од 2-2, машката репрезентација на Македонија по 11 кола се наоѓа на 20. место на табелата на шаховската Олимпијада, која се одржува во Блед (Словенија).

Реми за шахистите и пораз за шахистките на Олимпијадата

А1 - 07.11.2002

Ново реми за македонската машка селекција на шаховската Олимпијада во Блед во денешното 12-то коло против составот на Филипините. На шахистките како дежа ву им се случуваат поразите од 2:1. Овојпат не совлада репрезентацијата на Колумбија.

Мажите ја декласираа силната Белорусија

Вест - 07.11.2002

ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА ВО БЛЕД Машката репрезентација на Македонија оствари извонреден резултат во рамките на десеттото коло од 35. Шаховска олимпијада во словенечкиот Блед. Нашите шахисти со убедливи 3:1 ја декласираа силната репрезентација на Белорусија, инаку 21-ворангирана.

Македонците ја збришаа и Белорусија

Дневник - 07.11.2002

ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА ВО БЛЕД (СЛОВЕНИЈА) Машката селекција се искачи на 19. место со 24 поени, четири и пол помалку од лидерот Русија, а жените се на 56. место, со 14,5 поени, девет и пол зад првопласираната Грузија Машката шаховска репрезентација на Македонија скокна девет места и се искачи на ...

Шахистите одиграа реми со Индија

А1 - 06.11.2002

Нерешен исход на шахистите во мечот со Индија, нов пораз од Норвешка за дамите, е ефектот на македонските селекции по денешното 11-то коло на Олимпијадата во Блед. 11-то коло, мажи Македонија - Индија 2:2 К. Георгиев - П. Харикришна 1:0 В. Георгиев - Ш. Гангули - реми Н. Митков - А. Кунте - реми Т.

По два пораза, убедливи против Перу

Вест - 06.11.2002

ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА НА БЛЕД По забележаните порази од Словачка и Грција во последните два меча на 35. Шаховска олимпијада во словенечкиот Блед, нашата машка репрезентација во рамките на деветтото коло се рехабилитираше низ дуелот со Перу.

Машката селекција на Македонија го прегази Перу

Дневник - 06.11.2002

ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА ВО БЛЕД (СЛОВЕНИЈА) Македонската машка репрезентација го победи Перу со убедливи 3,5-0,5 во 9. коло на шаховската Олимпијада, која се одржува во Блед (Словенија) и со тоа го поправи пласманот на табелата. За триумфот над Перуанците се погрижија Кирил Георгиев со победата во ...

Победа на мажите, пораз на жените на шаховската олимпијада

А1 - 05.11.2002

Уште една висока победа на македонската машка шаховска репрезентација, 3:1 над Белорусија денеска во десеттото коло, за уште поголем пробив кон горниот дел на табелата на Олимпијадата во Блед. Шахистките, за жал, само го продолжија трендот на порази.

Шахистите загубија од Грција, дамите подобри од Малезија

Вест - 04.11.2002

35-ТА ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА Македонските шаховски репрезентации на 35-та шаховска Олимпијада, која се одржува во словенечкиот град Блед се сеподалеку од светската елита. Во осмото коло кај мажите Македонија загуби од Грција со 1,5:2,5 поени.

Лош викенд за двете наши репрезентации

Дневник - 04.11.2002

ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА ВО БЛЕД (СЛОВЕНИЈА) Порази на шахистите од Грција и Словачка, а жените, откако загубија од Исланд, ја победија Малезија Македонските репрезентации во шах, кои учествуваат на шаховската Олимпијада во Блед (Словенија), имаа слаб викенд, по кој го расипаа својот пласман на табелата.