TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Израел ги деблокира финансиските средства за Палестинците

А1 - 24.06.2007

Израелскиот кабинет денеска ги деблокира финансиските средства за палестинската Влада, соопшти претставник на израелските власти. Средствата потекнуваат од даноците и царинските такси кои Палестинците што работат во Израел ги плаќаат.

В понеделник средба Абас - Олмерт

Вест - 22.06.2007

РАМАЛАХ, 22 јуни (Ројтерс) - Израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас во понеделник ќе се состанат за да воспостават нови односи откако Хамас ја совлада Абасовата група Фатах во Газа, рекоа претставници на двете страни вчера.

Хамас предлага влада составена од технократи

А1 - 21.06.2007

Политичкото раководство на Хамас се заложи за формирање независна влада од технократи, изјави во Дамаск заменик шефот на политичкото биро на исламистичкото движење Муса Абу Марзук. Според заменикот на Халед Мешал, кој исто така живее во Дамаск, составување кабинет од технократи и кој нема да биде ...

Хамас ја украл Нобеловата награда на Арафат

Време - 21.06.2007

БЛИСКИ ИСТОК Членови на терористичката група Хамас, кои ја презедоа контролата врз областа Газа, провалиле во куќата на покојниот палестински водач Јасер Арафат и ја украле неговата Нобелова награда за мир, како и фустани од неговата вдовица, јави новинската агенција АФП.

Израелски тенкови бранат Палестинци од Хамас

Дневник - 20.06.2007

Израелски тенкови навлегоа вчера во Појасот Газа зад главниот премин Ерец за да заштитат група од околу 150 симпатизери на Фатах , кои се обиделе да избегаат од територијата под контрола на Хамас. Меѓу тенковите бил и оклопен булдожер, кој ги урнал бетонските прегради кај Ерец.

Фатах: Иран го поддржа Хамас за превратот во Газа

А1 - 19.06.2007

Иран му дал поддршка на радикалното движење Хамас да ја преземе власта во Појасот Газа, изјави Јасер Абд Рабо, помошник на палестинскиот претседател Махмуд Абас. „Техеран ги поддржува недемократските групи во Палестина и го поддржа Хамас да изврши преврат во Газа“, изјави Рабо кој е член на ...

ЕУ продолжува со испраќање помош за Палестинците

Утрински - 19.06.2007

Солана: Новата влада треба да има буџет со кој ќе може да им помогне на луѓето во Газа и Западниот Брег ЛУКСЕМБУРГ - Европската унија ќе продолжи со испраќање директна помош за Палестинците, како дел од напорите за поддршка на вонредниот кабинет на претседателот Махмуд Абас, изјави вчера ...

Активисти на Фатах ја преминале границата кон Египет

Канал5 - 19.06.2007

Десетици активисти на палестинсктоо движење Фатах меѓу кои и претставници на службите за безбедност од движењето, во текот на ноќта ја преминале палестинско-египетската граница стравувајќи од нови напади на радикалите од Хамас, пренесува МИА.

Олмерт_Подготвени за поголеми ризици за мир

Утрински - 19.06.2007

ЊУЈОРК - Израелскиот премиер Ехуд Олмерт во неделата изјави дека Израел е подготвен да преземе повеќе ризици за мир со Палестинците, сега кога претседателот Махмуд Абас формира влада без Хамас. Ветувајќи поддршка за Абас, чиишто сили на Фатах беа поразени од исламистичката група Хамас во појасот ...

Израел планира за неколку дена да го збрише Хамас

Дневник - 19.06.2007

Генералите сметаат дека во Газа ќе се соочат со посилен отпор отколку при војната со Хезболах во Либан лани Новиот израелски министер за одбрана Ехуд Барак планира акција со 20.000 војници за уништување на борбените капацитети на Хамас во појасот Газа за само неколку дена, тврдат израелски воени ...

САД ќе ја остават Газа во рацете на Хамас

Време - 19.06.2007

БЛИСКИ ИСТОК, АНАЛИЗА НА НОВИНСКАТА АГЕНЦИЈА АФП САД ја разгледуваат можноста да ја остават палестинската област Газа во рацете на терористичката група Хамас, во обид да го оживеат мировниот процес на Блискиот Исток во другата палестинска област – Западниот Брег, оценува новинската агенција АФП во ...

Можност за траен мир со Израелците

Вечер Прес - 19.06.2007

Израел ќе ги обнови испораките на гориво во Појасот Газа, а ЕУ - директната помош за Палестинците во знак на поддршка на претседателот Махмуд Абас Израелскиот премиер Ехуд Олмерт изјави дека новата умерена палестинска влада може да обезбеди обнова на преговорите за постигнување траен мир со ...

Пари и мир за Западниот Брег, изолација за Газа

Дневник - 18.06.2007

Палестинските територии дефинитивно се поделија на два спротивставени пола откако претседателот Махмуд Абас прогласи нова влада од свои симпатизери во Западниот Брег , а Хамас постави сопствена администрација во Газа. Израел и САД ветија итно одмрзнување на финансиската помош за администрацијата на ...

Палестинскиот претседател воспостави итен кабинет

Вест - 18.06.2007

РАМАЛАХ, 18 јуни (АП) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас вчера го воспостави итниот кабинет и ги забрани паравоените сили на исламското движење Хамас, со што раздорот во палестинското општество стана уште подлабок. Хамас во текот на минатата недела целосно презема контрола врз Газа по серија ...

Абас формира нова палестинска влада без Хамас

Утрински - 18.06.2007

Исмаил Ханија, досегашниот премиер, изјави дека новата влада е нелегална ЕРУСАЛИМ - Палестинскиот претседател Махмуд Абас формира нова вонредна влада во која се исклучени неговите исламистички ривали Хамас, кои презедоа контрола врз Газа.

Вондредната Влада положи заклетва

Вечер Прес - 18.06.2007

Вондредната палестинска Влада вчера положи заклетва пред претседателот на Палестинската управа Махмуд Абас, во Рамалах на Западниот Брег. Вондредната Влада е составена од 13 министри, чиј шеф е економскиот експерт и досегашен министер за финансии Салам Фајад.