TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Продолжуваат преговорите меѓу Јушченко и Јанукович

Макфакс - 06.05.2007

Киев Во Киев денеска продолжуваат преговорите меѓу украинскиот претседател Виктор Јушченко и неговиот ривал, премиерот Виктор Јанукович со цел да се најде решение за настаната криза. На разговорите присуствуваат повеќе парламентарни и владини претставници.

Украина се договори за предвремени избори

Вест - 05.05.2007

Претседателот Јушченко и премиерот Јанукович не кажаа кога ќе се одржат изборите КИЕВ, 5 мај (Ројтерс) - Украинскиот претседател и премиерот вчера соопштија дека по неколкумесечните недоразбирања за поделба на власта се договориле да се свикаат предвремени парламентарни избори.

Јушченко ја презеде контролата над специјалците

Макфакс - 05.05.2007

Киев Прозападно ориентираниот претседател на Украина Виктор Јушченко денеска ја презеде контролата над специјалните полициски сили со што политичката криза во државата уште повеќе се продлабочува. Според претседателскиот указ, “силите под команда на Министерството за внатрешни работи се ставаат под ...

Јушченко го смени државниот обвинител

Макфакс - 04.05.2007

Киев Украинскиот претседател Виктор Јушченко го разреши државниот обвинител Светослав Пискун, соопштено е денеска од претседателскиот Кабинет. Јушченко го променил декретот од крајот на април за назначување на Пискун со образложение дека тој извршувал две должности – државен обвинител и пратеник, ...

Украина ќе одржи предвремени избори

Макфакс - 04.05.2007

Киев Претседателот на Украина Виктор Јушченко објави, дека тој и премиерот се договориле за организирањето на предвремени парламентарни избори. „Се договоривме за организирањето на предвремени избори и за тоа што треба да се направи, за да може се спроведат на чесен и демократски начин", рече ...

Јушченко разреши уште еден судија на Уставниот суд

А1 - 02.05.2007

Претседателот на Украина Виктор Јушченко ја ослободи од должност судијата на Уставниот суд Сузана Станик, јавија руските медиуми. Станикова е разрешена „поради кршење на судската заклетва“. Иста причина за разрешување беше наведена и претходно во случајот со судијата Валериј Пшенични.

Јушченко разреши уште еден судија на украинскиот Уставен суд

Канал5 - 02.05.2007

Претседателот на Украина Виктор Јушченко ја ослободи од должност судијата на Уставниот суд Сузана Станик, јавија руските медиуми. Москва/Киев, 2 мај (МИА) - Претседателот на Украина Виктор Јушченко ја ослободи од должност судијата на Уставниот суд Сузана Станик, јавија руските медиуми.

Украинскиот Парламент гласаше за претседателски избори

А1 - 30.04.2007

Украинскиот Парламент одлучи истовремено со парламентарните да се одржат и претседателски избори. Решението го поддржаа 234 пратеници. Парламентот одлучи изборите да се одржат во рок не подоцна 90 дена од моментот на донесувањето на предвидените измени на уставот, но не подоцна од 9 декември 2007 ...