TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Гринспен: Садам мораше да биде соборен

Време - 19.09.2007

ПО ИЗЈАВАТА ЗА ИРАЧКАТА НАФТА Поранешниот директор на американските федерални резерви Ален Гринспен ја појасни својата изјава за војната во Ирак, велејќи дека соборувањето на Садам Хусеин било неопходно за да се заштити снабдувањето со нафта на светот.

Гринспен

Утрински - 18.09.2007

ВАШИНГТОН - Објаснувајќи го контроверзниот коментар во неговите нови мемоари, поранешниот претседател на Банката на федерални резерви, Ален Гринспен, изјави дека ја известил Белата куќа пред војната во Ирак дека отстранувањето на Садам Хусеин е „од суштинско значење“ за да се обезбедат светските ...

Алан Гринспен ја критикува економската политика на Буш

А1 - 17.09.2007

Долгогодишниот претседател на американските Федерални резерви и светски влијателниот финансиски експерт, Алан Гринспен, остро ја критикува економската политика на претседателот Џорџ Буш, воглавно поради склоноста на американската администрација кон преголема потрошувачка.

Ирак се случи поради нафтата

Време - 17.09.2007

АЛЕН ГРИНСПЕН Некогаш најмоќниот економист во САД Ален Гринспен, доскорашен претседател на Федералните резерви, објави мемоари во кои обвинува дека војната во Ирак се води главно поради нафтата. - Жал ми е што стана политички непријатно да се каже тоа што сите го знаат: ирачката војна главно се ...

САД војуваат во Ирак заради нафта

Дневник - 17.09.2007

Борбата за контрола врз нафтените полиња е вистинската причина за американската инвазија врз Ирак, смета Ален Гринспан, поранешен претседател на Управата за федерални резерви на САД, јави МИА. - За жал, мора да констатирам нешто што е тешко да се признае од политичка гледна точка.

Експретседателот на Федералните резерви на САД го критикува Џорџ Буш

Утрински - 17.09.2007

ВАШИНГТОН - Поранешниот претседател на Федералните резерви Алан Гринспен во мемоарите кои вчера беа објавени го критикува претседателот Џорџ Буш и републиканците во Конгресот за напуштање на фискалната дисциплина и ставање на политиката пред економијата.