TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Самитот на Г-8 поддржа создавање палестинска држава

Вест - 29.06.2002

Кананаскис, 29 јуни - На Самитот на лидерите на седумте најразвиени држави во светот и Русија во канадското зимско одморалиште Кананаскис, кој заврши прексиноќа, беше усвоена декларација за Блискиот ... Кананаскис, 29 јуни - На Самитот на лидерите на седумте најразвиени држави во светот и Русија во ...

Путин - победник на самитот на најбогатите

Утрински - 29.06.2002

Русија стана рамноправен партнер на најбогатите КАЛГАРИ - Рускиот претседател Владимир Путин излезе победник на самитот на Г-8, обезбедувајќи постојано место во ексклузивниот клуб, голем безбедносен договор и уште една шанса да ги прикаже придобивките од прозападната политика.

Новинар се сопнал на дијаграм на собите на Буш, Блер и Путин

Дневник - 29.06.2002

НА САМИТОТ НА Г-8 ВО КАНАДА Британски новинар вчера објави дека во паркче кај канадското место Кананаскис случајно ја пронашол комплетната документација за обезбедувањето на светските лидери на самитот на Г-8 во Канада, јави Ројтерс.

Антиглобалистите протестираа, но посмирено

Утрински - 28.06.2002

протести КАНАНАСКИС - Активистите против глобализацијата во средата излегоа на улиците во Канада во знак на протест, бидејќи светските лидери се состанаа длабоко оддалечени од таквите вознемирувања во едно планинско одморалиште.

Блискиот Исток доминираше на состанокот на Г-8

Утрински - 28.06.2002

За што зборуваа осумте најмоќни светски лидери на нивниот годинешен самит во Канада КАЛГАРИ - Лидерите на најбогатите земји во светот вчера го завршија дводневниот самит кога на официјалната агенда се најде Африка, но приватните разговори и натаму беа насочени на Блискиот Исток.

Русија доби членска карта во елитниот клуб и помош од 20 милијарди долари

Дневник - 28.06.2002

САМИТ НА Г-8 ВО КАНАДА Прва жртва на обезбедувањето на самитот е една мечка, која заталкала преблиску до резиденцијата на светските лидери во Кананаскис Најмоќните светски лидери вчера на самитот на Г-8 во Канада и официјално ја примија Русија во својот елитен клуб и и понудија финансиска помош од ...

Русија со полноправен статус во Г8

А1 - 27.06.2002

Лидерите на седум најразвиени индустриски држави во светот на самитот во канадскиот скијачки центар Кананаскис се согласија да и доделат на Русија полноправен статус во Г8. Лидерите на Г7 ги поздравија економските и демократските реформи во Русија, а германскиот канцелар Герхард Шредер изјави дека ...

Самитот на Г-8 расправа за Африка и тероризмот

Вест - 27.06.2002

Калгари, 27 јуни - Лидерите на седумте најразвиени држави и Русија вчера одржаа самит во канадското зимско одморалиште Кананаскис за да ги разгледаат проблемите поврзани со борбата против тероризмот, економскиот развој, а се очекува американскиот претседател да го образложи својот план за решавање ...

Полицајците очекуваат терористи, а се соочија со голи демонстранти

Дневник - 27.06.2002

НА САМИТОТ НА Г-8 ВО КАНАДА Група антикапиталисти демонстранти вчера во Калгари демонстративно се соблекоа пред збунетите полицајци, кои се подготвија да ги чуваат лидерите на Г-8 од терористички или насилни напади, јави Ројтерс.

Викотници на демонстрантите не допираат до ушите на лидерите

Дневник - 26.06.2002

МИРНИ ПРОТЕСТИ ПРОТИВ Г-8 ВО КАНАДА Илјадници демонстранти мирно протестираа во канадскиот град Калгари спроти самитот на седумте најразвиени земји и Русија, кој треба да почне денеска во планинското село Кананаскис, јави Ројтерс.