TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДПМНЕ: Изјавите на Бучковски за митингот се панични

А1 - 17.09.2005

ВМРО-ДПМНЕ смета дека изјавите на премиерот Бучковски за митингот на здружената опозицијата „За подобра Македонија“ се панични и оти станува збор за уште една прилика во која тој ја покажал својата нервоза и се обидел да го прикрие фактот дека деновите му се одбројани.

Бучковски ја доведе Македонија до дното

Вест - 17.09.2005

ОПОЗИЦИЈАТА ПРЕД ВЛАДА Инвестиции, образование и работни места се главните работи што и требаат на Македонија и што ќе ги смират етничките и политичките проблеми и се рецепт за влез НАТО, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на завечерашниов митинг, на опозицијата, во Скопје.

Најнеуспешен митинг во последниве 15 години

Утрински - 17.09.2005

БУЧКОВСКИ СТРУГА - Се надевам дека завчерашниот митинг на опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе дејствува, пред сў, отрезнувачки на Никола Груевски. Верувам дека сега ќе се спушти на земја и ќе сфати дека скромната поддршка и присутност на завчерашниот митинг покажува дека да се биде алтернатива ...

Груевски побара предвремени избори по позитивниот одговор од ЕУ

Утрински - 17.09.2005

Неколку илјади граѓани се собраа на протестот на опозициската коалиција †За подобра Македонија" пред зградата на Владата ПОРАКА Груевски упати оптимистичка порака: По позитивниот одговор од ЕУ во ноември, сите заедно ќе прославиме на плоштадот, а потоа одиме на предвремени избори БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ ...

Деновите ви се одбројани „колега“ – му порачува Бичиклиски на Бучковски

Канал5 - 17.09.2005

Бучковски нервозно се обидува да го прикрие фактот дека деновите му се одбројани, вака ВМРО-ДПМНЕ ја толкува изјавата на премиерот, во која тој митингот на ДПМНЕ го оценува како најлош во историјата на Македонија. Бучковски нервозно се обидува да го прикрие фактот дека деновите му се одбројани, ...

Опозицијата побара оставка и предвремени избори

А1 - 16.09.2005

Оставка и предвремени парламентарни избори. Ова е пораката или барањето на опозицијата упатено до власта на вчерашниот народен собир пред зградата на Владата на Македонија. Аргументите на лидерите на опозицијата е дека владеачката коалиција СДСМ, ЛДП и ДУИ, откако дојдоа на власта пред точно 3 ...

Бучковски: „Најнеуспешен митинг на опозицијата досега“

А1 - 16.09.2005

Премиерот Владо Бучковски одговорајќи на новинарски прашања при денешната посета на струшко, оцени дека синоќешниот митинг на Здружената опозиција бил најнеуспешниот и со најскромна поддршка од граѓаните собир досега во Република Македонија.

Без инциденти на митингот на опозицијата

А1 - 16.09.2005

Извикувања против власта, транспаренти и оро, развиорени знамиња и многу полицајци околу Владата. Вака изгледаше митингот на опозицијата на овој 15 септември, 3 години по 15 септември кога СДСМ и Црвенковски ја освоија власта.

Груевски: Одете си!

Време - 16.09.2005

АНТИВЛАДИН ПРОТЕСТ НА ЗДРУЖЕНАТА ОПОЗИЦИЈА Владата на СДСМ, ДУИ и на ЛДП за овие три години се покажа како неспособна и корумпирана и затоа треба да си оди, порача од прексиноќешниот митинг на здружената опозиција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Коалицијата †За Македонија" ќе бара нов мандат од граѓаните

Утрински - 16.09.2005

Владејачката коалиција со нова платформа се обврза дека ќе ги исполни нереализираните ветувања пред граѓаните БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Владејачката коалиција "За Македонија заедно", предводена од СДСМ, со нова платформа се обврза дека ќе ги исполни ветувањата дадени на минатиот изборен циклус, а кои не ...

Бучковски им фрли ракавица на Груевски и Георгиевски

Дневник - 16.09.2005

КОАЛИЦИЈАТА „ЗА“ ПОТПИША ИЗБОРНА ПЛАТФОРМА Изборните ветувања за економскиот развој што ги дадовме пред три години не се исполнети докрај. И покрај сиот оптимизам ние сме самокритични и прифаќаме дека во овој сегмент можевме да направиме повеќе.

Фијаско на митингот на ДПМНЕ - Владата нема да поднесе оставка

Канал5 - 16.09.2005

Владата на Бучковски не размислува да понуди оставка – ниту да распише предвремени избори до крајот на годинава ,како сто вчера побара лидерот на ВМРО ДПМНЕ Груевски. Тие процениле дека мнозинството граѓани не сака да си оди тимот на Бучковски - ова се покажало и на вчерашниот митинг...

Бучковски го кани Груевски на дуел

Вечер Прес - 16.09.2005

Владо Бучковски вчера го предизвика Никола Груевски да се соочат на кое било место и со кој било експерт или претставник на ВМРО-ДПМНЕ. "Ние не се плашиме и сигурно ќе победиме ако алтернативата треба да биде ВМРО-ДПМНЕ и самопрогласениот лидер на опозицијата Никола Груевски.

„За Македонија заедно“ го обнови договорот за заеднички настап

А1 - 15.09.2005

Здружената коалиција „За Македонија заедно“ го обнови договорот за заеднички настап на парламентарните избори. Бучковски самокритичен за неостварените ветувања во делот на економијата, побара граѓаните повторно да му ја дадат довербата и за следниот мандат.

Опозицијата ќе побара оставка од Владата

А1 - 15.09.2005

Полека почнаа да пристигнуваат граѓаните, а за отприлика 1 час треба да започне митингот во организација на ВМРО-ДПМНЕ, а поддржан и речиси од сите партии од здружената опозиција. Одбраа да го одржат митингот на денешен ден, односно на 15 септември, за да одбележат, како што велат, точно 3 години ...

Партиите од „Заедно“ ќе се дружат и на изборите в година

Време - 15.09.2005

ВЛАСТА ЈА ПРОСЛАВИ ТРИГОДИШНИНАТА ОД ПОБЕДАТА СДСМ, ЛДП и другите седум партии од коалиција „Заедно“ вчера потпишаа платформа за продолжување на соработката, на тригодишнината откако ја презедоа власта на последните парламентарни избори.

ВМРО-ДПМНЕ да плати за митингот пред Владата

Време - 15.09.2005

ГРАДОТ ОДЛУЧИ Партијата ВМРО-ДПМНЕ и другите организатори на синоќешниот митинг пред зградата на Владата ќе треба да му платат такса на градот Скопје затоа што користат јавни површини за одржување собири, велат од градот. И Црвениот крст на Македонија ќе треба да плати затоа што вчера покажуваа ...

ВМРО-ДПМНЕ промовира улична демократија

Време - 15.09.2005

БУЧКОВСКИ ЗА МИТИНГОТ Груевски се обидува да промовира улична демократија, ама мислам дека главната битка ќе се води во парламентот. Подготвен сум за седницата за доверба на Владата, бидејќи таму ќе имаме можност со аргументи да кажеме што се сме направиле.

Власта ги изневери очекувањата, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 15.09.2005

Опозицијата пред денешниот митинг приреди пародија на владеењето на СДСМ Скопје - „Владата на СДСМ ги изневери очекувањата на граѓаните и не исполни ниту едно од ветувањата од изборната програма. Во трите години од владеењето власта функционира дезорганизирано, за што говори и фактот што досега се ...

"За" се мобилизира за изборите

Дневник - 15.09.2005

ПОДГОТОВКИ Партиите од коалицијата "За Македонија заедно" денеска треба да го потпишат договорот за заеднички настап на парламентарните избори наредната година. Ова ќе бидат втори избори на кои партиите од коалицијата "За" засилени со ВМРО-Македонска ќе бараат доверба од граѓаните.

Груевски ја отвори предизборната сезона: Бара избори во следните три месеци

Канал5 - 15.09.2005

Директно од пред зградата на владата, ВМРО ДПМНЕ вечерва ќе побара оставка од премиерот Бучковски и предвремени избори, што би се одржале до крајот на годинава - токму на 3 годишнината од владеењето на СДСМ, ЛДП и ДУИ. Директно од пред зградата на владата, ВМРО ДПМНЕ вечерва ќе побара оставка од ...

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара предвремени избори

Утрински - 14.09.2005

Опозицијата за утрешниот митинг доби поддршка од Синдикатот на Цветановски Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер Љупчо Георгиевски на своите некогашни сопартијци им порача дека помина времето на митинзите во Македонија Премиерот Владо Бучковски да поднесе неотповиклива оставка на функцијата ...

Бучковски и Пенов ја продолжуваат коалициската љубов

Утрински - 14.09.2005

РАЗГОВОРИ СДСМ и ЛДП денеска ќе го официјализираат договорот за настап на следните парламентарни избори, најави премиерот Владо Бучковски. За вчера беше закажана тројна средба на Бучковски со Ристо Пенов и со првиот човек на ВМРО-Македонска, Борис Стојменов, на која требаше да се разговара за ...

Бучковски: Не е добро да се попречува правдата

Утрински - 14.09.2005

Изјава "Мислам дека ова е последен обид на оние што не сакаат да се соочат со реалноста. Се договоривме дека треба да се даде можност во рамките на судот да се донесе судската одлука која потоа сите ќе ја почитуваатти, изјави вчера премиерот Владо Бучковски, одговарајќи на новинарско прашање како ...

Опозицијата ќе бара оставки

Дневник - 14.09.2005

УТРЕ МИТИНГ ПРЕД ВЛАДАТА ВМРО-ДПМНЕ на утрешниот протест пред зградата на Владата ќе побара оставка од премиерот Владо Бучковски и предвремени парламентарни избори, зашто не гледа друг излез од катастрофално лошата економска состојба и меѓународна позиција на Македонија.

Народњаците бараат интерпелација на Владата

Вечер Прес - 14.09.2005

ВМРО-Народна тригодишнината од владеењето на коалиционата Влада на СДСМ-ЛДП-ДУИ ќе ја прослават со барање за оставка на целиот министерски кабинет на премиерот Владо Бучковски. Пратеничката група на Народна, денеска, до Собранието на Република Македонија ќе поднесе барање за покренување ...

ВМРО-Македонска вреди еден пратеник

Вечер Прес - 14.09.2005

Владо Бучковски, Ристо Пенов и Борис Стојменов вчера имаа заедничка средба на која беше разгледана можноста за влегување на ВМРО-Македонска во коалицијата "За Македонија заедно". Целта на средбата била да се изнајде заеничко прифатливо решение за приклучување на партијата на Стојменов.

Власта им брани на НВО да учествуваат на митингот

Време - 13.09.2005

ОПОЗИЦИЈАТА УТРЕ НА ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА Диана Младеновска Сите партии од здружената опозиција ќе учествуваат на утрешниот антивладин протест што го организира ВМРО-ДПМНЕ, но неизвесно е учеството на невладините организации што деновиве се изложени на силни притисоци за да се откажат од митингот, ...

За ВМРО-Македонска двојно помалку од ЛДП!

Вечер Прес - 13.09.2005

Преговорите меѓу СДСМ и ЛДП за продолжување на заедничкиот настап на парламентарните избори ќе финишираат до крајот на неделава. Според најавите, партиските органи ќе треба да го верификуваат договорот за поделба на пратеничките мандати што е договорен од преговарачките тимови на СДСМ и ЛДП.

Стојменов си замислува дека е Пенов!

Вечер Прес - 12.09.2005

Претседателот на СДСМ Владо Бучковски и Борис Стојменов, претседателот на ВМРО-Вистинска, во саботата, во скопското кафуле "Интермецо" имаа кафе-средба, на која беа разгледувани деталите за коалицирање на наредните парламентарни избори.