TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Се бара социјалната заштита да биде дел од тендерот за ЕСМ

Утрински - 17.09.2005

Вработените во ЕСМ реагираат до Владата поради нерешениот статус Синдикатот на вработените во ЕСМ бара од Владата што поскоро да го одреди процентот на акциите со кои ќе се стекнат вработените, пред да почне приватизацијата и бараат започнување на социјалниот дијалог со Синдикатот заради решавање ...

Не го продавајте ЕСМ зашто ве чека струен шок

Дневник - 17.09.2005

ЕВРОПСКА КОНФЕДЕРАЦИЈА НА СИНДИКАТИ Не го продавајте "Електростопанството" бидејќи земјата ќе се соочи со рестрикција на струја, граѓаните со ценовен шок, а вработените со откази. Оваа порака вчера од Скопје до Владата ја испратија претставници на Европската конфедерација на синдикати (ЕКС).

Синдикалците на ЕСМ дискутираа со своите колеги од Европа

А1 - 16.09.2005

Синдикалците на Електростопанство ги собраа своите колеги од Европа за да ги објаснат нивните приватизациони искуства.Бугарија ја продала дистрибуцијата поради наводна потреба од инвестиции, а до денес ни евро не е вложено. „За 3 години цената на струјата растеше, еднаш за 20%, еднаш за 15% и еднаш ...

Дајте им социјален пакет на вработените во ЕСМ!

Време - 16.09.2005

ЕВРОПСКИТЕ СИНДИКАЛЦИ И ПОРАЧАА НА ВЛАДАТА Македонија, која е аспирант за влез во Европската Унија. мора да ги почитува директивите на Унијата за економски и социјален дијалог и за исполнување на социјалните барања на вработените, и порачаа вчера на Владата на Бучковски претставници од Европската ...

Вработените во ЕСМ се закануваат со блокади

Време - 15.09.2005

АКО НЕ ДОБИЈАТ АКЦИИ Вработените во „Електростопанство на Македонија“ се закануваат дека ќе ги блокираат патиштата низ целата земја и ќе ја спречат најавената приватизација доколку Владата бесплатно не им подели 10 отсто од капиталот на компанијата.

Итните инвестиции мора да ја поскапат струјата

Време - 14.09.2005

СВЕТСКА БАНКА УКАЖУВА Светската банка и сугерира на Владата дека в година ќе мора да има позначајно зголемување на цената на струјата за да може да се покриваат инвестициите во електросекторот. Според експертите, сегашната цена може само на краток рок да ги покрие трошоците на работење во ЕСМ, но ...

Струјата нема да поскапи годинава

Утрински - 14.09.2005

Владата реши да даде поддршка за капиталните инвестиции на "Електростопанство на Македонија" Зголемување на цената на струјата може да се очекува дури во текот на идната година, кога ќе заживее либерализираниот, регионален пазар на струја, најавува премиерот Бучковски МАЈА ТОМИЌ Цената на струјата ...

Бучковски им вети акции на вработените во ЕСМ

Дневник - 14.09.2005

ПРЕД ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА "ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО" Вработените во "Електростопанство на Македонија" сигурно ќе добијат акции, но Владата засега не утврдила дали ним ќе им бидат поделени еден, два или десет отсто од капиталот на компанијата.

Се очекуваат големи играчи, тендерот без почетна цена

Време - 13.09.2005

КАКО ЌЕ СЕ ПРОДАВА ЕСМ Мирче Котевски „ЕСМ-дистрибуција“ ќе се продава без почетна цена, а за него ќе имаат шанса да се борат само странски компании со висок кредитен рејтинг. Ова се само дел од правилата на игра на меѓународниот тендер за продажба што се очекува да го објави Владата во средината ...

Владата ќе инвестира 42 милиони евра

Време - 13.09.2005

ВО ХИДРОЦЕНТРАЛАТА „МАТКА 2“ Владата ќе обезбеди државна гаранција од 42 милиони евра за доизградба на хидроелектричната централа „Света Петка“ на реката Треска, соопшти вчера премиерот Владо Бучковски при посетата на градежната локација.

Владата ги издрибла вработените во ЕСМ

Дневник - 13.09.2005

СИНДИКАЛЦИТЕ НАЈАВУВААТ ВОЈНА Владата е крајно несериозен партнер бидејќи иако се договоривме дека вработените во Електростопанство на Македонија ќе добијат акции по продажбата на компанијата, сега пред објавувањето на тендерот за продажба на дистрибуцијата, таа се повлече и повторно сме на ...

Валкана игра со вработените во ЕСМ

Дневник - 13.09.2005

Слободан СодиЌ Вработените во ЕСМ имаат право да добијат акции во компанијата бидејќи така е предвидено и во законот за преобразба на компанијата. Но сега министерот за економија Фатмир Бесими ја разводнува целата работа и вели дека тоа не било задолжително, туку облигаторно, односно спогодбено.

Директор тврди дека не крадел струја

Време - 12.09.2005

ПО ОБВИНУВАЊАТА ОД ЕСМ Како директор на училиште не сум крадел струја бидејќи немам клуч од училишната зграда, ниту од струјомерот, вели Славе Крлески, директор на основното училиште „Живко Чинго“ од охридското село Велгошти.

Тендерот за продажба на ЕСМ и на ТЕЦ „Неготино" ќе се распише во октомври

Утрински - 12.09.2005

Заклучоци на Владата околу тековната приватизација на ЕСМ На продажба ќе одат 90 проценти од ЕСМ и 100 отсто од капиталот на ТЕЦ "Неготино" Владата на последната седница донесе одлука за продажба на 90 отсто од акциите на †Електростопанство на Македонијааи и на сто проценти од ТЕЦ „Неготиноои на ...

За вработените во ЕСМ нема парче од колачот?

Дневник - 12.09.2005

по ПРИВАТИЗАЦИЈАТА Законот предвидува акции за вработените, но тоа не е задолжително, туку е дадено како можност, вели министерот за економија Бесими Приватизацијата на дистрибутивната мрежа на Електростопанство на Македонија ќе почне за еден месец, а 3.440 вработени најверојатно нема да го добијат ...

Ќе ги остави ли продажбата на ЕСМ вработените без акции

Канал5 - 12.09.2005

Ќе ги остави ли продажбата на ЕСМ вработените без акции? Законот за приватизаација на Електостопанство предвидува пакет акции за вработените, но Владата сеуште се мисли дали и колкав процент да им пренесе. Ќе ги остави ли продажбата на ЕСМ вработените без акции? Законот за приватизаација на ...

На продажба 90 отсто од дистрибуцијата

Вечер Прес - 12.09.2005

Во средината на октомври, Владата ќе го распише тендерот за приватизација на ЕСМ, во кое остана дистрибутивниот сѕстем, при што на продажба ќе биде понуден пакет од 90 отсто од акциите. Ова ќе биде повик за предквалификација, на кој ќе можат да се пријават потенцијално заинтересираните странски ...