TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Косовската влада за непроменливост на границите во регионот

Макфакс - 09.04.2006

Скопје Владата на Косово го почитува во целост територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија и го потврдува принципот на непроменливост на границите во регионот. Овој став, косовскиот премиер Агим Чеку синоќа во телефонскиот разговор му го пренел на македонскиот премиер Владо Бучковски.

Приштина молчи за препукувањето Скопје - Белград

Канал5 - 08.04.2006

Приштина не се вклучува во полемиката меѓу македонските и српските власти кој треба да му биде партнер на Скопје во демаркацијата на границата. Приштина не се вклучува во полемиката меѓу македонските и српските власти кој треба да му биде партнер на Скопје во демаркацијата на границата.

Бучковски – попладне ќе се знае дали Чеку ќе ја посети Македонија

Макфакс - 08.04.2006

Охрид Попладнево ќе се знае дали косовскиот премиер Агим Чеку ќе дојде во официјална посета на Македонија. “Чеку во последно време даде неколку избрзани изјави, но целата работа сега омекнува и создадени се сите предуслови по попладневниот телефонски разговор да се разрешат дилемите, изјави денеска ...

Чеку: Косово независно под закрила на ОН

Макфакс - 08.04.2006

Софија Косово ќе стане независно со нова резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), а не врз основа на некаков договор. Ова синоќа во интервју за софиската „Нова телевизија“, го изјави косовскиот премиер Агим Чеку, додавајќи дека очекува резолуцијата да биде донесена до крајот ...

А. Чеку: Македонија за Kосово е стратешки партнер

Макфакс - 08.04.2006

Софија Македонија ја гледаме како стратешки партнер на Косово во никој случај не сакаме нејзина дестабилизација. Ова во интервју за софиската „Нова телевизија“, синоќа ги изјави косовскиот премиер Агим Чеку, јави агенцијата Бгнес.

Белград очекува добронамерност од Македонија

Утрински - 07.04.2006

Средба на претседателот Црвенковски со српскиот колега Борис Тадиќ околу спорните прашања Македонија нема интерес да го отвора прашањето на границата, туку да ја спроведе демаркацијата, изјави Црвенковски Димитар Чулев БЕЛГРАД - Борис Тадиќ побара од претседателот Бранко Црвенковски Македонија да ...

Приштина ја прифаќа границата со Македонија како државна

Утрински - 07.04.2006

Бучковски - Чеку На состанокот на лидерите од регионот во Букурешт премиерот Владо Бучковски имаше средба и со косовскиот премиер Агим Чеку. По средбата, Чеку изјави дека прашањето со границата е техничко и во никој случај нема да ги доведе во прашање добрососедските односи меѓу Македонија и Косово.

Србија лута на Бучковски

Дневник - 07.04.2006

Претседателот Црвенковски има принципиелен став за сите внатрешни прашања на Србија и очекувам исто така да се однесува и македонската влада, изјави српскиот претседател Борис Тадиќ Македонската влада да не се меша во внатрешните работи на Србија и да не го прејудицира конечниот статус на Косово.

Кољ Бериша: Границата со Македонија по статусот

Макфакс - 07.04.2006

Приштина Спорните прашања околу границата меѓу Македонија и Косово ќе бидат расчистени по утврдувањето на статусот на Косово. Ова за косовската телевизија РТВ 21 го изјави претседателот на косовското Собрание Кољ Бериша, додавајќи при тоа, дека околу ова прашање непотребно се крева голема прашина.

Бучковски денеска во посета на бискупот Стојанов

Макфакс - 07.04.2006

Скопје Претседателот на Владата на Република Македонија Владо Бучковски денеска ќе го посети бискупот на Скопската Бискупија и Апостолски Егзарх во Македонија, г-дин Киро Стојанов. Посетата е по повод католичкиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден , а преку посетата, премиерот на ...

Граничен ќор-сокак!

Време - 06.04.2006

БОБИ ХРИСТОВ Судејќи според последните изјави на државниот двоец Црвенковски - Бучковски, обележувањето на северната граница кон Косово се повеќе запаѓа во ќор-сокакот на правни и реалполитички дилеми - како ова крупно прашање за македонските државни интереси да се реши во конфузната арена на ...

Граница: Црвенковски за Белград, Бучковски за Приштина

Време - 06.04.2006

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ПРЕМИЕРОТ СО РАЗЛИЧНИ ПОРАКИ Боби Христов Нема причина со никого да се потпишува нов договор за северната македонска граница кон Косово, а нејзиното обележување треба да се случи пред финалниот статус на покраината, а партнери да бидат Белград, Приштина и УНМИК.

Небото е граница

Вест - 06.04.2006

ЗА ДЕМАРКАЦИЈАТА СО КОСОВО ЗА БУЧКО ПАРТНЕР Е ПРИШТИНА, ЗА БРАНКО - БЕЛГРАД Претседателот во Белград изјави дека нема потреба со кого било повторно да се потпишува договор, а премиерот во Прага рече дека проблемот би се решил кога Приштина ќе добие меѓународен легитимитет Претседателот и премиерот ...

Прага ќе отвори амбасада во Македонија

Утрински - 06.04.2006

Премиерот Владо Бучковски ја заврши посетата на Чешка Чешка е заинтересирана за соработка и инвестирање и во областа на екологијата и на хемиската индустрија; од средбата Владо Бучковски и Вацлав Клаус Прага - Официјална Прага планира да отвори амбасада во Македонија, сугерирајќи дека ќе биде ...

Бучковски гледа изборна шанса во економскиот дебакл на Македонија

Утрински - 06.04.2006

Премиерот не го губи оптимизмот наспроти анкетите во земјата Идејата за проширување на ЕУ е загрозена а дебатата за него драматична - оценува Бучковски Премиерот Владо Бучковски, во интервјуто за Радио Слободна Европа во Прага, огромното незадоволство од економските состојби во државата, забележано ...

За демаркацијата нема меѓународна поддршка

Утрински - 06.04.2006

ЕКСПЕРТ Професорот од Националниот институт за одбрана во Вашингтон Стивен Маер оценува дека засега нема доволно меѓународна поддршка за демаркација на границата со Косово. Евентуалниот договор меѓу премиерите на Македонија и на Косово може да биде испратен до ОН, вели Маер, но не верува дека ќе ...

Договори без граница

Дневник - 06.04.2006

Евентуалниот договор помеѓу премиерите на Македонија и на Косово може да биде испратен до ОН, но не верувам дека тој ќе биде прифатен, смета Стивен Маер, професор на Националниот институт за одбрана во Вашингтон Македонски експерти ги утврдуваат правните модалитети за затворање на прашањето за ...

Трговскиот дефицит со Чешка 24 милиони долари

Дневник - 06.04.2006

Македонија може да смета на поддршка од Чешка за приклучување во ЕУ и во НАТО. Добрите политички односи помеѓу двете земји треба да бидат придружени и со соодветна економска соработка, оценија чешкиот претседател Вацлав Клаус и македонскиот премиер Владо Бучковски на вчерашната средба во Прага, ...

Членството во НАТО претежок товар за Македонија?

Дневник - 06.04.2006

Македонија треба да е внимателна за тоа што носи членството во НАТО, предупреди професорот од Националниот институт за одбрана во Вашингтон, Стивен Маер, поранешен службеник на ЦИА. За Гласот на Америка на македонски јазик, Маер истакна дека Македонија треба да разбере што значи членството во НАТО ...

Скопје со два различни става за границата кон Косово

Макфакс - 06.04.2006

Тирана Македонија има два различни става во врска со границата кон Косово, оценува денеска албанскиот печат. Според истите извори вчерашните изјави на македонскиот претседател Бранко Црвенковски и на премиерот Владо Бучковски потврдија дека нивните ставови за границата се различни.

Црвенковски и Бучковски со различни ставови за границата

А1 - 05.04.2006

Имаат ли шефот на државата, Црвенковски и премиерот Бучковски, различни ставови околу прашањето за демаркацијата на границата меѓу Македонија и Србија и Црна Гора во делот кон Косово? Да, судејќи според изјавите што ги дадоа, Црвенковски во Белград, а Бучковски во Прага.

Необележаната северна граница - главна тема на разговорите

Утрински - 05.04.2006

Црвенковски денес во официјална посета на Белград ДИМИТАР ЧУЛЕВ Повеќе од извесно е дека проблемот со сў уште необележаната северна граница на Македонија во делот кон Косово ќе биде една од доминантните теми на денешните средби на македонскиот претседател Бранко Црвенковски со лидерите на ...

Добредојдена е секоја помош за влез во ЕУ и во НАТО

Утрински - 05.04.2006

Бучковски во посета на Чешка Аспирациите на Македонија за членство во ЕУ и во НАТО, користењето на чешкото искуство и билатералната соработка се централни теми за кои премиерот Владо Бучковски ќе разговара со својот колега Јиржи Пароубек во Прага.

Бучковски: Бараме начин за демаркација на границата со Косово

Канал5 - 05.04.2006

Евентуалниот финален статус на Косово ќе биде решение што ќе го договорат Белград и Приштина со посредство на меѓународната заедница. Прага, 5 април (МИА) - Евентуалниот финален статус на Косово ќе биде решение што ќе го договорат Белград и Приштина со посредство на меѓународната заедница.

ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ЧЕШКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВАЦЛАВ КЛАУС

Канал5 - 05.04.2006

Претседателот на Владата на Република Македонија Владо Бучковски кој престојува во дводневна официјална посета на Чешката Република денеска во Прага ќе се сретне со нејзиниот претседател Вацлав Клаус. Скопје, 5 април (МИА) - Претседателот на Владата на Република Македонија Владо Бучковски кој ...

Чеку во Скопје на петти мај

Макфакс - 05.04.2006

Приштина Претседателот на владата на Косово Агим Чеку ќе ја посети Македонија на почетокот на наредниот месец, јавија гласилата во Приштина. Чеку во Скопје треба да престојува на петти мај, а македонската страна, според гласилата, очекува дека за време на посетата ќе стане збор и за ...

Бучковски ја продолжува посетата на Чешка

Макфакс - 05.04.2006

Скопје Македонскиот премиер Владо Бучковски, денеска, на вториот ден од посетата на Чешка треба да биде примен од шефот на државата Вацлав Клаус. Предвидено е Бучковски да има средби и со претседателите на двата дома на чешкиот Парламент, Премисл Соботка и Љубомир Заоралек.

Бучковски: Белград не е партнер за демаракција

Макфакс - 05.04.2006

Прага Белград не може да и биде партнер на Македонија за демаркација на северната граница, а проблемот би се решил кога Приштина ќе добие меѓународен легитимитет, изјави денеска македонскиот премиер Владо Бучковски. "Сите ја почитуваат резолуцијата 1244, но реално Белград не може да биде нашиот ...

Црвенковски/Тадиќ - Делиме исти стратешки интереси

Макфакс - 05.04.2006

Белград Претседателите на Македонија и Србија се согласија вечерва дека стратешки интереси и на двете земји се градењето добрососедски односи, внатрешната стабилност и членството во Европската унија и НАТО. “Во интерес на Македонија е на север да има стабилна, демократски и европски ориентирана ...

Чеку – Косово не ја признава спогодбата за границата

Макфакс - 05.04.2006

Приштина Спогодбата за границата постигната меѓу Скопје и Белград во 2001 година не е валидна и не се признава од страна на косовската влада. Ова синоќа во Приштина го изјави косовскиот премиер Агим Чеку, по средбата со лидерот на Демократската партија на Албанците во Македонија (ДПА) Арбен Џафери.

Бучковски го фрли во оган Црвенковски

Вечер Прес - 05.04.2006

Претседателот Бранко Црвенковски од денеска престојува во дводневна официјална посета на Белград, по покана на неговиот српско-црногорски колега Светозар Маровиќ. Посетата на Црвенковски доаѓа во незгодно време, кога македонско-српските односи се заладени поради скорешните "несреќни изјави" на ...

Маер: Нема доволна поддршка за демаркацијата на северната граница со Косово

Макфакс - 05.04.2006

Вашингтон Засега нема доволна меѓународна поддршка за демаркацијата на границата меѓу Македонија и Косово, изјави професорот на Националниот институт за одбрана во Вашингтон Стивен Маер за радио Глас на Америка на македонски јазик.

Бучковски во посета на Чешка

Макфакс - 04.04.2006

Скопје Македонскиот премиер Владо Бучковски, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Чешка. Според агендата, Бучковски ќе има средба со неговиот чешки колега Јиржи Пароубек, а ќе биде примен и од претседателот на државата Вацлав Клаус.

Чешка поддршка за евроинтеграцијата на Македонија

Макфакс - 04.04.2006

Прага Чешка ги поддржува напорите што Македонија ги прави да стане членка на Европската унија (ЕУ) и е подготвена да и ги пренесе искуствата на тој пат. Ова, како што јавија агенциите, го изјави вечерва чешкиот премиер Јиржи Пароубек на конференција за новинари во Прага, по средба со премиерот на ...

Бучковски утре во посета на Чешка

Макфакс - 03.04.2006

Скопје Македонскиот премиер Владо Бучковски, утре и задутре ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Чешка, соопштено е денеска. Во рамките на посетата премиерот Бучковски ќе има средба со неговиот чешки колега Јиржи Пароубек, а ќе биде примен и од претседателот на државата Вацлав ...