TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Алонсо потпишал двегодишен договор со Рено

Утрински - 08.12.2007

Шпанецот се врати во својот бивш тим, само неколку часа откако Французите беа прогласени за виновни за шпионирање на Мекларен, но не добија казна Според „Ел Мундо Депортиво“, двократниот светски шампион Фернадо Алонсо веќе решил да се врати во тимот на Рено и парафирал двегодишен договор со Флавио ...

Алонсо две години во Рено

Дневник - 08.12.2007

Шпанските медиуми објавија дека двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се договорил со Рено следните две години да се натпреварува за овој тим. Во веста на „Ас“ се наведува дека Рено договорот треба официјално да го потврди в понеделник.

Рено е виновен, казна нема

Вечер Прес - 08.12.2007

На сослушувањето во Монако, Светската автомобилистичка федерација востановила дека францускиот тим имал во свое поседство материјали од туѓа интелектуална сопственост Идентично како во првичниот случај на судењето со Мекларен, ФИА одлучи да не го казнува Рено за поседувањето материјали кои што ...

Формула 1: Рено е виновен, но не е казнет

А1 - 07.12.2007

Тимот на Рено не е казнет, иако е прогласен за виновен за поседување на доверливи информации околу својот противник во Формула 1, Мекларен. Рено можеше да биде казнет со 100 милиони долари, колку што беше казнет Мекларен во септември, поради користење на доверливи информации за Ферари.

Мекларен сака Алонсо да се врати

Време - 06.12.2007

ФОРМУЛА 1 Шпекулациите за нејасната иднина на двојниот светски првак Фернандо Алонсо одат дотаму што сега во игра е и неговото враќање во тимот на Мекларен Мерцедес, тимот што го напушти по само една година. Шефовите на Мекларен веќе стапиле во контакт со менаџерот на Алонсо, а се смета дека до тоа ...

ФИА денес го суди Рено

Вечер Прес - 06.12.2007

Во втората во низа афера за поседување информации кои се туѓа интелектуална сопственост, ФИА денеска во Париз ќе ги сослушува претставниците на Рено, чиј инженер Фил Мекерет е обвинет дека понел со себе скенирани цртежи од болидот на Мекларен за 2006 и 2007 година.

130.000 потписи против Мекларен

Вечер Прес - 05.12.2007

Група навивачи на Фернандо Алонсо собрале 130.000 потписи на 7200 страници, кои во пакет тежок 30 килограми, им ги предале на одговорните лица во седиштето на ФИА во Париз. Организираната акција за собирање потписи била за да се протестира против многуте нерегуларности кои ја нарушиле шампионската ...

Алонсо вети потпис до 10 декември

Вечер Прес - 04.12.2007

Неговиот менаџмент вети дека ќе ги расчисти сите дилеми откако Рено ќе биде сослушан во ФИА в четврток Долго вртените шпекулации за иднината на двократниот светски првак Фернандо Алонсо дефинитивно ќе бидат прекинати по сослушувањето на Рено во случајот за поседување туѓи материјали на 6 декември ...