TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Њу Џерси е првиот финалист во големото НБА финале

А1 - 25.05.2003

Кошаркарите на Њу Џерси втора година по ред се најдобра екипа во источната конференција. Мрежичките се изборија за големото НБА финале откако славеа победа над Детроит во четвртиот натпревар од завршницата на истокот. Уште еднаш Џејсон Кид предводник со дабл - дабл ефект за прва стотка во серијата.

Нетси на чекор до повторување на ланскиот успех

Утрински - 24.05.2003

Њу Џерси поведе со 3:0 во финалната серија на Истокот, совладувајќи го Детроит 95:87 Кошаркарите на Њу Џерси ги дели само една победа од пласманот во финалето на Источната конференција, со што би го повториле успехот од ланската сезона, откако во третиот меч извојуваа победа пред своите навивачи ...

Њу Џерси води со 3-0 и е речиси сигурен финалист

Дневник - 24.05.2003

НБА - ФИНАЛЕ НА ИСТОЧНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА Њу Џерси нетс го победи Детроит со 97-85 во третиот финален меч од Источната конференција во НБА-лигата и со водството од 3-0 и втора година по ред најверојатно ќе игра во големото финале.

НБА: Њу Џерси е на чекор од големото финале

А1 - 23.05.2003

Екипата на Њу Џерси е на чекор од повторување на минатогодишниот успех - пласман во големото финале на НБА лигата. „Мрежичките“ синоќа и по трет пат, а прв пред својата публика, го совладаа Детроит и поведоа со убедливи 3:0, предност што досега ниеден тим не успеал да ја надмине.

Мартин ги доведе Нетси на пола пат до финалето

Утрински - 22.05.2003

Њу Џерси повторно славеше во Детроит (88:86), поведувајќи со 2:0 во финалето на Истокот 3ошаркарите на Њу Џерси го добија и вториот натпревар од финалето на Истокот, повторно совладувајќи го Детроит во неговата сала со 88:86, со што поведоа со 2:0 во меѓусебната серија.

Нетс на ист начин пак победи во Детроит

Дневник - 22.05.2003

НБА - ПЛЕЈОФ, ФИНАЛЕ НА ИСТОКОТ Иако на мечот имаше 14 израмнувања и 16 промени на водството, Детроит во последната четвртина влезе со предност од 11 поени, кои на крајот ги загуби Њу Џерси нетс поведе и со 2-0 против Детроит во дуелот од финалето на Источната конференција на НБА-лигата, откако ...

НБА: Њу Џерси води со 2:0 против Детроит во финалето на истокот

А1 - 21.05.2003

Две победи на гости како силен адут пред следните два дуела на свој терен. Њу Џерси е веќе многу блиску до повторување на минатогодишниот успех- пласман во големото финале на НБА - плеј - офот. 88:86 за Њу Џерси против Детроит и вторпат за само два дена - тесна победа од два поена разлика во ...

Големото Финале повторно борба на Давид и Голијат

Вест - 20.05.2003

НБА-ПЛЕЈОФ Разигрувањето за титулата во НБА, најквалитетната кошаркарска лига на планетава, веќе е при крај, а единствено што се знае е тоа дека новиот шампион од екипите на Сан Антонио, Далас Маверикс, Џерси и Детроит.... Разигрувањето за титулата во НБА, најквалитетната кошаркарска лига на ...

Пресуди Кид на 1,4 секунди до крајот

Утрински - 20.05.2003

Њу Џерси поведе со 1:0 во финалето на Истокот, совладувајќи ги Пистонси во гости 76:74 Њу Џерси поведе со 1:0 против Детроит во серијата подобар од седум во финалето на Источната конференција, откако во првиот натпревар во гости ги совлада Пистонси со 76:74.

НБА: Њу Џерси поведе со 1:0 против Детроит во финалето на истокот

А1 - 19.05.2003

Со седмата последовна победа во НБА плеј-офот, Њу Џерси поведе со 1:0 против Детроит во финалната серија од Источната конференција. Нетси славеа ноќеска во „Оубурн Хилс“ и ја презедоа предноста на домашниот терен. Sвездата на Њу Џерси Џејсон Кид го донесе тирумфот погодувајки за победа од 76:74 во ...