TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Со победа над Германија се враќаме во колосек

Дневник - 30.11.2001

СЕЛЕКТОРОТ ПО НЕУСПЕШНИОТ ПРВ ЦИКЛУС Со победа над Германија во 4. коло, шансите за пласман на ЕП остануваат реални, смета селекторот Јорданчо Давитков. - Загубениот меч во Ирска беше добиен за нас и мораше да славиме. Беше копија на тој со БиХ кога победивме во загубен меч.

Неочекуван пораз на Македонија од Р. Ирска

Дневник - 30.11.2001

КОШАРКА - КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2003 ВО ШВЕДСКА Не се остварија планираните две победи во првите три средби поради катастрофалниот втор дел во кој најмногу разочараа Наумоски и Стефанов Македонските сениори, по второто катастрофално полувреме, доживеаја разочарувачки пораз од Р.

Избраниците на Давитков против домаќинот Ирска

А1 - 28.11.2001

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во Даблин ќе го одигра третиот натпревар од квалификациите за ЕП 2003 против домаќинот Ирска. По саботната победа против Босна избраниците на Давитков се оптимистички расположени и пред средбата со Република Ирска, која во изминатите две кола доживеаа ...

Македонскиот баскет во Ирска бара една од "двете победи на гости"

Вест - 28.11.2001

КОШАРКА - КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2003 Чија ќе биде?.- Гечевски и Шљиванчанин во борба за топката Многу порезервирано отколку пред седум дена, македонската кошаркарска репрезентација влегува во третиот дуел од квалификациите за Европското првенство 2003 во Шведска. Вечерва, во Даблин ( 20 ч.

Премијата за победа во Даблин е 30.000 ГМ

Дневник - 28.11.2001

КОШАРКА - ТРЕТ МЕЧ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2003 Македонскиот тим оптимистички расположен за мечот против Р. Ирска вечерва (20 ч.) >Премијата за победа против Р. Ирска, вечерва во Даблин (20 ч., пренос на Радио Скопје) е 30.000 ГМ, потврди Милан Сотировски, директор на македонскиот А-тим, спроти ...

Ирците во Македонија гледаат шанса за победа

Дневник - 28.11.2001

Ирците очекуваат со победа да го завршат овој циклус, а во Македонија гледаат најголема можност за тоа, во серијата средби на кои ирските кош-фанови не можат доволно да веруваат дека се случуваат. По поразот од Хрватска, беше објавено дека следен чекор е да се почне со земање скалпови.

Македонските кошаркарски репрезентативци отпатуваа за Ирска

А1 - 27.11.2001

Македонската кошаркарска селекција отпатува денеска за Даблин каде што утре го игра квалификацискиот дуел за идниот Евро баскет, со Република Ирска. Слекторот Јорданчо Давитков на располагање ги има истите десет играчи кои славеа во драматичната завршница на натпреварот со БИХ во Скопје.

Македонија ќе оди на победа

Дневник - 27.11.2001

КОШАРКА - А-ТИМОТ ПАТУВА ЗА Р. ИРСКА Македонската машка сениорска репрезентација патува денеска во Р. Ирска, каде што утре гостува во меч од 3. коло од квалификациската група Ц за Европското првенство во кошарка во Шведска 2003.

Наумоски и одбраната направија чудо по негативата од 12 поени

Дневник - 26.11.2001

КОШАРКА - КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП: МАКЕДОНИЈА - БИХ 101-92 Капитенот со 21 поен во последните 13 минути и агресивната одбрана придонесоа за пресврт и победа над БиХ, која промаши и многу "пенали" >>>>Петар Наумоски го имаше насекаде, а даде и 21 поен во пресвртот во кој Македонија, со одлична одбрана во ...

Наумоски: Чековски - творец на пресвртот

Дневник - 26.11.2001

РЕКОА ПО НАТПРЕВАРОТ: Петар Наумоски, капитен на Македонија: Не очекувавме дека во 1. дел БиХ ќе играат толку квалитетно и да не промашат. Нервозата кај нас се создаде од нашата слаба игра и од публиката. Од неа не бев задоволен и во еден момент мислев и да ја прекинам играта.