TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

9 април официјален празник на Ирак

А1 - 13.07.2003

Преодниот политички совет на Ирак, кој денеска за прв пат заседава во Багдад, реши датумот 9 април, кога беше урнат режимот на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин, да биде официјален празник на државата. Советот, кој претставува прв извршен орган во Ирак по уривањето на режимот на Хусеин, ...

Ирачаните убија уште двајца американски војници

Вест - 11.07.2003

БАГДАД, 11 јули (АП) - Ирачаните почнаа нова серија напади врз американските војници при што со истрели од огнено оружје и рачни минофрлачи убија најмалку двајца, а раниле еден. Во градот Рамади, 100 км западно од главниот град, имало три одделни напади со ракети врз американските војници, ни нема ...

Убиени уште двајца американски војници во Ирак

Утрински - 11.07.2003

Продолжуваат секојдневните напади врз американските окупаторски сили во Ирак БАГДАД - Бунтовниците спроведоа нов напад врз американските војници во Ирак, притоа убивајќи најмалку двајца од нив и повредувајќи го третиот во нападот со ракетни гранати, соопшти вчера армијата.

Убиени уште двајца американски војници, САД регрутираат Ирачани

Дневник - 11.07.2003

ПРЕСТРЕЛКИ ВО ИРАК Двајца американски војници завчера вечер биле убиени во два одделни напади во Ирак, а вчера биле забележани четири напади со минофрлачи и рачни ракетни фрлачи врз Американците во кои немало загинати, јави Ројтерс.

Со Садам е завршено, тврди американскиот управник на Ирак

Дневник - 10.07.2003

ирак Американскиот управник на Ирак, Пол Бремер, изјави дека ирачките граѓани се почесто соработуваат со американските војници во потерата по Садам Хусеин и оцени дека тој е готов. - Со Садам е завршено - изјави Бремер. САД ветија награда од 25 милиони долари за луѓето што ќе им помогнат во ...

Садам пак ги повика Ирачаните да ги напаѓаат американските окупатори

Вест - 09.07.2003

ДУБАИ, 9 јули (Ројтерс) - Телевизијата "Ал Џазира" вчера објави аудио-снимка на глас што наводно му припаѓа на ирачкиот претседател Садам Хусеин во која тој на Ирачаните им вели дека ненадејни напади се најдобриот начин за борба против американско-британската окупација.

Уште една порака на Садам

Утрински - 09.07.2003

АЛ ЏЕЗИРА ДУБАИ - Наводната аудиоснимка од соборениот ирачки лидер Садам Хусеин, емитувана вчера, им посочува на Ирачаните дека тајните герилски напади се најдобриот начин за окончување на окупацијата на САД врз Ирак. Катарската телевизиска станица Ал Џезира и либанската ЛБЦ Ал Хајат ја пренесоа ...

Садам секој ден повикува на бој со Американците

Дневник - 09.07.2003

ПРЕКУ АРАПСКИ ТЕЛЕВИЗИСКИ СТАНИЦИ ЦИА оцени дека гласот на лентата која минатата недела ја емитуваше телевизијата "Ал џезира" веројатно е од Садам, што е прв знак дека ирачкиот диктатор ја преживеал војната Неколку арапски телевизиски станици вчера објавија нова снимка од скриениот ирачки диктатор ...

2.500 долари за информација за нападите во Ирак

А1 - 08.07.2003

Американско-британската коалиција вети 2.500 американски долари награда за секоја информација што би довела до апсење на сторителите на непријателски напади врз нивните војници или ирачките полицајци, пишува денеска коалиционото гласило во Багдад „Ал-Сабах“.

Нови американски жртви во Ирак

А1 - 07.07.2003

Најмалку двајца американски војници се убиени во текот на ноќта, во два одвоени инциденти во ирачкиот главен град Багдад, соопштија денеска американски воени извори. Еден војник загинал во акцијата организирана при потрага по група вооружени Ирачанци во багдадскиот кварт Азамијах.

Бомба уби седум регрути на ирачката полиција

Дневник - 07.07.2003

ЕКСПЛОЗИЈА ВО ГРАДОТ РАМАДИ Најмалку седум полициски регрути загинаа, а повеќе од 20 се ранети при експлозија на моќна бомба во саботата во ирачкиот град Рамади, јави МИА. Бомбата била активирана кога пред полициската станица се собрале осумдесетина ирачки полициски регрути по час на обука од ...