TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Железницата заглави во Радо банка

Дневник - 14.05.2005

ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРОПАЃАЊЕТО НА БАНКАТА НА газда НИНИ Во стечајот на Радо банка, кој за неколку дена веројатно ќе биде отворен, ќе заглават и 2,6 милиони денари од сметката на "Македонски железници". Во оваа банка има и сметки на Експорт-импорт банка во стечај, "Сувенир" во стечај, "Јака 80", "Јака ...

Радо банка поднесе жалба за одземената дозвола

Утрински - 14.05.2005

Последниот ден од законскиот рок Како што и се најавуваше, вчера Радо банка поднесе жалба на решението на гувернерот Петар Гошев за одземање на нејзината дозвола за работа. Жалбата е поднесена буквално во пет до 12, односно на последниот ден од законскиот рок од осум дена по одземањето на дозволата.

"Радо" во рацете на Советот на НБРМ

Вечер Прес - 14.05.2005

"Радо банка" вчера ја поднесе жалбата до Народната банка на Македонија на решението на гувернерот потпишано минатиот петок со кое на оваа банка и се одзема дозволата за работа. Со тоа менаџментот на "Радо банка" во законскиот рок од осум дена достави приговор кој истече вчера во 15 часот.

Радо банка и официјално во стечај

А1 - 13.05.2005

Радо банка од денеска и официјално е во стечај - што наскоро ќе резултира со ликвидација, изјави за А1 гувернерот Гошев. Денеска на истекот од законскиот рок за жалба - Радо банка не го обжалила решението со кое и се одзеде дозволата за работа.

Се наближува прогласувањето стечај врз Радо банка

Утрински - 13.05.2005

Денеска истекува законскиот рок за жалба до НБМ Денеска истекува законскиот рок од осум дена во кој Радо банка треба да ја достави евентуалната жалба на решението на гувернерот Петар Гошев за одземање на нејзината дозвола за работа, што тој го потпиша минатиот петок.

Газда Нини не ја дава "Радо банка"

Вечер Прес - 13.05.2005

Доминантниот сопственик на Банката, бизнисменот од Србија, Јовица Стефановиќ -Нини, сепак ќе се обиде да ја спаси банката и нема да дозволи Народната банка на Македонија да и стави клуч на врата. Нини, наводно планира денеска "во пет до дванаесет" или што би се рекло во последен момент, да ја ...

Трпески ја подобрувал ликвидноста и на Радо, со пари на Народната банка

Канал5 - 12.05.2005

Поранешниот гувернер на Централната банка Љубе Трпески пред да замине од функцијата се обидувал да ја спасува и Радо банка, која уште во негово време покажувала знаци на несолвентност. Според документите до кои дојде Канал 5, Радо банка уште во времет Поранешниот гувернер на Централната банка Љубе ...

Радо банка дефинитивно ќе се ликвидира

А1 - 11.05.2005

Радо банка дефинитивно ќе биде ликвидирана, дознава А1 од високи извори во Народната банка. Одлуката за ликвидација, Советот на НБМ се очекува да ја донесе на крајот од оваа недела. Сега се чека дали Радо банка ќе го обжали решението на Централната банка со кое и е одземена дозволата за работа.

Радо банка ги заглави штедачите со 1,5 милиони евра

Утрински - 11.05.2005

Во банката на газда Нини останаа заробени и пари од граѓани НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Граѓаните кои штеделе во Радо банка во неа "заглавиле" близу 1,5 милиони евра. Имено, според сознанијата на "Утрински весник", во Радо банка во моментов како штедни влогови се депонирани 90 милиони денари или близу ...

Големите не ги штедат малите банки

Дневник - 11.05.2005

Коментар - Спасијка Јованова Народната банка на Македонија конечно навреме и стави клуч на вратата на една банка, која се соочи со банкрот. Иако се уште не се отворени сефовите на Радо банка, банкарите прогнозираат дека штетата од нејзиното пропаѓање нема да биде голема.

Граѓаните "заглавија" со 1,5 милион евра

Вечер Прес - 11.05.2005

Граѓаните кои своите пари ги чувале во "Радо банка" не треба да стравуваат бидејќи ќе бидат целосно обесштетени преку Фондот за осигурување на депозити. Ова го тврдат од Кабинетот на гувернерот на Народната банка на Македонија, која, како што е познато, во петокот минатата недела на "Радо" и ја ...

Фалат 4,5 милиони евра од жиро-сметката на НБРМ?

Вечер Прес - 11.05.2005

Откриена е нова "дупка" во сметките на Народната банка на Македонија. Од тековната сметка на Централната банка фалат 280 милиони денари жирални пари, или нешто повеќе од 4,5 милиони вера. Финансиските инспектори во содејство со актуелната монетарна власт во државата веќе извесно време се во потрага ...

По Радо банка ќе се решава судбината и на други мали банки

А1 - 10.05.2005

По Радо банка, дефинитивно ќе се решава судбината и на уште 4 други мали банки, што во последниот лански извештај на Централната банка се посочени како проблематични. Тоа се ситни банки, што повеќе немаат шанса да опстанат. Од ден во ден го губат и бизнисот и клиентите, не можат да понудат нови ...

Прво ќе се обесштетува државата

Дневник - 10.05.2005

БАНКРОТ НА РАДО БАНКА Во почетокот на следната недела во Радо банка ќе биде отворена стечајна постапка. Според нашите информации, евентуалната жалба од банката за одземената дозвола за работа нема да биде прифатена од Народната банка на Македонија.

Радо банка е жртва на Експорт - импорт банка

Утрински - 10.05.2005

Банкарите го поздравуваат експресното решавање на проблематичната банка Нема никакви шанси за спас на Радо банка и таа сигурно ќе доживее банкрот. Ова за "Утрински" го тврдат високи извори од Народна банка на Македонија, кои потенцираат дека банката сигурно ќе оди во стечај, по што неминовно ...

„Радо-банка“ пред стечај и ликвидација?

Време - 10.05.2005

НАРОДНА БАНКА ОДЗЕДЕ ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА Првите луѓе на „Радо-банка“ имаат осум дена за да поднесат жалба до Советот на Народна банка на решението на гувернерот Петар Гошев, со кое и се одзема дозволата за работа на банката. Ако Советот на НБРМ не ја прифати жалбата на „Радо-банка“ следува стечајна ...

Клиентите и вработените во Радо банка во паника

А1 - 09.05.2005

Додека се чека законската разрешница и потегот на гувернерот Гошев за Радо банка, откако и ја одзеде дозволата за работа, клиентите и вработените се во паника. Едни стравуваат за своите пари, други за работните места. Некои се оптимисти.

И бугарската ДЗИ што сакаше да ја купи Радо банка доживува пропаст

Канал5 - 09.05.2005

Бугарската ДЗИ најверојатно ќе ја дели судбината на македонската Радо банка. ДЗИ банкарската групација влегла во крајно лоша финансиска состојба и целата операција со Радо банка, била инспирирана од нечесни бизнис мотиви, велат извори на Канал 5.