TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

До среда насоки за преговорите

А1 - 13.04.2008

Претседателот и Премиерот најдоцна до среда треба да ги завршат консултации кои на преговарачот Димитров треба да му донесат прецизни насоки, како да ги продолжи преговорите со Нимиц и грчкиот колега Василакис. Според најавите Нимиц во Скопје доаѓа со намера да утврди дали во Македонија има ...

Нимиц планира нова средба на преговарачите Димитров и Василакис во Њујорк

Канал5 - 13.04.2008

Посредникот Метју Нимиц планира да ги собере преговарачите Димитров и Василакис на нова рунда разговори во Њујорк, ако за време на неговите посети на Скопје и Атина в четврток и петок се потврдат информациите дека двете страни се подготвени да останат во процесот.

Караманлис се закани со вето за ЕУ

А1 - 12.04.2008

Прашањето за името да биде вратено што поскоро на преговарачка маса. Во спротивно, Македонија би можела да се соочи со уште едно вето при приемот во ЕУ, порача грчкиот премиер Костас Караманлис. Скопје не треба да губи време и да тактизира, бидејќи тоа им оди на нивна директна штета.

Нимиц в четврток доаѓа во Скопје

А1 - 12.04.2008

Медијаторот во спорот за името, Метју Нимиц, наредниот четврток доаѓа во Скопје, дознава А1 од извори во Обединетите Нации. Се очекува по средбата со државно-владиниот врв, Нимиц да отпатува за Атина, каде ќе се сретне со претставници на другата страна.

Амазонка во министерско руво

Утрински - 12.04.2008

СТИЛ Дора Бакојани стана истурениот камшик на Атина во спорот за името и речиси е сигурен наследник на Караманлис Димитар Чулев Препознатлива е по гардеробата на деловна жена, секогаш елегантна со сако кое ноншалантно го носи преку рамо или, пред да влезе на средба, во од им го дофрла на луѓето од ...

Караманлис: Грција е јасно заинтересирана за решавање на долготрајното прашање за името

Канал5 - 12.04.2008

„Грција е јасно заинтересирана за решавање на долготрајното прашање за името – единствената вистинска разлика меѓу двата балкански соседа“, вели во денешната изјава грчкиот премиер Костак Караманлис. Во обраќањето пред централниот комитет на неговата „Нова Демократија“, Караманлис уште еднаш го ...

Ќе упропастиме историска шанса

Дневник - 12.04.2008

Најновата иницијатива на САД за решавање на спорот за името подразбира ангажман на преговарачи и на политички субјекти што имаат целосен легитимитет, а не распуштено Собрание и техничка влада, вели Црвенковски Шефот на државата Бранко Црвенковски е категорично против тоа земјава, токму сега,да ...

Поканата за НАТО има рок-почетокот на јули

Утрински - 12.04.2008

Во Алијансата се чувствува резигнираност од однесувањето на Македонија по Самитот во Букурешт Од нашиот дописник Слободанка Јовановска Брисел - Македонија мора да го реши проблемот околу името до почетокот на јули, бидејќи потоа ќе биде предоцна, е пораката од Алијансата, каде што веќе почна ...

Не е во прашање името на државата, туку на народот

Дневник - 12.04.2008

Грција спроведува исклучително етноцентрична политика и во тој контекст не сака стабилна Македонија (па, приемот на Македонија во НАТО ќе значеше стабилизирање на грчкото соседство) и нема да прифати никакво решение - освен она што ќе значи долгорочна нестабилност во Македонија.

Во јули последниот воз за во НАТО

Дневник - 12.04.2008

Почетокот на јули е одреден за краен датум до кога НАТО очекува да се реши спорот за името, а оваа порака им била пренесена и на Црвенковски и на Груевски Почетокот на јули е крајниот датум до кој НАТО очекува спорот за името помеѓу Грција и Македонија да биде решен.

Посредникот на ОН Метју Нимиц в четврток во Скопје

Канал5 - 12.04.2008

Специјалниот претставник на ОН за спорот меѓу Скопје и Атина во врска со употребата на уставното име на Република Македонија, Метју Нимиц, презема нова иницијатива за изнаоѓање na решение на проблемот. Скопје, 12 април (МИА) - Специјалниот претставник на ОН за спорот меѓу Скопје и Атина во врска со ...

Грција: Скопје не ја сфатило пораката

Вест - 12.04.2008

ПО ПИСМАТА ОД МИЛОШОСКИ ДО ЧЛЕНКИТЕ НА НАТО Грчката дипломатија вчера брзо реагираше на писмата кои македонскиот министер завчера им ги испрати на земјите членки на НАТО велејќи дека земјава не ги разбрала пораките од Самитот во Букурешт.

"Македонската салата" е резултат на дејствијата на САД

Вечер Прес - 12.04.2008

"И се додека не разбере дека е наше право на самоопределување да бидеме Македонци кои говорат македонски јазик, се дотогаш ќе го имаат тој проблем, изјави Милошоски Грција се сомнева колку Македонија ја разбрала пораката на НАТО.

Атина: Шансата за решение е во рацете на Скопје

А1 - 11.04.2008

Шансата за решение на спорот е во рацете на Скопје, соопшти Владата во Атина за време на дебатата во грчкиот Парламент за резултатите од самитот на НАТО и проблемот со името на Македонија. „Сакаме пријателски односи и соработка со поранешната југословенска република Македонија, но не си играме со ...

Почетокот на јули е последната шанса за НАТО

А1 - 11.04.2008

Почетокот на јули е последната шанса Македонија да го реши спорот со името, доколку сака да се приклучи на Хрватска и Албанија, изјавуваат високи дипломатски извори од НАТО. Тогаш во јули почнува процесот на ратификација, во спротивно дури и на есен ако се реши спорот, се комплицира целиот процес ...

Штабот на НАТО останува во Скопје

Време - 11.04.2008

КОНСУЛТАЦИИ ЗА ИМЕТОИ ПОКРАЈ ВЕТОТО НАТО ќе ги задржи штабовите во Скопје и во Тирана, а нивната задача ќе биде како и досега, да даваат поддршка и помош при спроведувањето на реформите, велат претставници на Алијансата во Македонија и на Генералштабот на АРМ.

Нимиц доаѓа во Скопје, Бакојани на готовс

Време - 11.04.2008

ПРИТИСОК ДА ПРОДОЛЖАТ ПРЕГОВОРИТЕ Горан Момировски Метју Нимиц, посредникот во македонско-грчкиот спор за името, во текот на следната недела ќе пристигне во Скопје, доколку деновиве добие сигнал од македонските власти дека се подготвени да ги продолжат преговорите, информираат дипломатски извори.

Ако сака приклучок со Албанија и Хрватска, Македонија треба да го реши прашањето за името до јули

Канал5 - 11.04.2008

Македонија има рок до првата декада на јули да го реши спорот со Грција ако сака да им се придружи на Хрватска и Албанија во пакетот нови земји членки на НАТО информираат високи дипломатски извори во Алијансата. НАТО нема сомнеж околу поканата за Македонија штом се реши проблемот со името, како што ...

Нимиц ни доаѓа наредната недела

Дневник - 11.04.2008

Посредникот во грчко-македонските преговори за името, Метју Нимиц, се очекува во наредната недела да дојде во Скопје , а не е исклучено да ја посети и Атина.Причина за посетата е намерата на американската администрација многу брзо да се затвори прашањето за името за да не се оддолжи поканата за ...

Нимиц ќе даде нов предлог за спорот со името?!

Вечер Прес - 11.04.2008

Грчките медиуми вчера објавија дека Метју Нимиц следната недела ќе даде нова иницијатива за решавање на проблемот меѓу Атина и Скопје и ќе ги ги покани преговарачите на двете земји на средба Македонската Влада се уште нема изграден став за понатамошните преговори со Грција за спорот со името.

Македонија ќе продолжи со реформите во одбраната

А1 - 10.04.2008

Македонија ќе продолжи со реформите во одбраната, и покрај недобивањето покана за членство во НАТО. Првиот човек на одбраната најави дека трансформацијата на АРМ ќе продолжи со новиот план за наредните 10 години. „Досега можеби бевме повеќе концентрирани генерално кон добивањето на поканата за НАТО.

Грција ја зацврстува позицијата пред новите преговори

А1 - 10.04.2008

Грција од ден во ден ја зацврстува позицијата на земјата пред новата рунда преговори за името. На лидерската средба со грчките партии, Караманлис уште еднаш децидно рекол дека Атина нема да отстапи од своите позиции во спорот за името.

Метју Брајза денеска во Атина ќе разговори со Дора Бакојани

Канал5 - 10.04.2008

Заменик-помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Метју Брајза денеска во Атина ќе разговара со грчкиот министер за надворешни работи Дора бакојани, соопшти агенцијата АНА-МПА. Атина, 10 април (МИА) - Заменик-помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски ...

Атина_ Нема НАТО и ЕУ без името

Утрински - 10.04.2008

Атина - Официјална Атина вчера повтори дека нема да дозволи влез на Македонија во НАТО и во Европската унија без решение околу името. „Грција со задоволство ќе поздрави членство на Македонија во Северноатлантските и во европските институции веднаш по постигнување прифатливо, применливо и ...

Нимиц наредната недела во Скопје?

Канал5 - 10.04.2008

Посредникот Метју Нимиц има намера идната седмица да дојде во Скопје во обид да го заживее преговарачкиот процес за името по грчкото вето во Букурешт – дознава Канал 5 од дипломатски извори. Планираната мисија на Нимиц е дел од засилените американски напори за што побрзо затворање на прашањето за ...

ДПМНЕ: Без НАТО и без името

Дневник - 10.04.2008

САД, од свои причини, ќе се занимаваат со нас и со нашиот проблем на периферијата од своите интереси уште некое време. Ќе се обидат да не' поддржат со тоа што ќе не' притиснат да го смениме името на нашата земја. И толку. Потоа нема да го прават ниту тоа зашто ќе бидат оптоварени со милиони други ...

Што по Букурешт?

Утрински - 10.04.2008

Мислења Ермира Мехмети Останавме и без името и без НАТО, а сега се поставува прашањето: како ќе излеземе од оваа внатрешна криза? По Самитот на НАТО во Букурешт на кој Македонија не доби покана за полноправно членство заедно со Хрватска и Албанија, основно прашање е како да се надмине општото ...

Македонија има шанси со Хрватска и Албанија да стане НАТО-членка на јубилејниот самит догодина

Канал5 - 10.04.2008

Тоа што се случи со македонската покана во Букурешт е всушност позитивен развој бидејќи стана јасно дека единствената пречка за Македонија е спорот со името, изјави портпаролот на алијансата Џејмс Апатурај. Иако се свесни дека јавноста во Македонија овој настан го доживеа на негативен начин НАТО ...

Лидерите на партиите во Грција денеска ќе го разгледаат проблемот со името на Македонија

Канал5 - 10.04.2008

Лидерите на политичките партии во Грција денеска ќе ги разгледаат натамошните активности на земјата за решавање на проблемот со името на Македонија, како и резултатот од минатаонеделниот самит на НАТО во Букурешт на која Атина стави вето против македонската покана за членство во Алијансата, ...

Атина испрати нова покана до Скопје

Вечер Прес - 10.04.2008

Премиерот на Грција, Костас Караманлис, вчера изјави дека Македонија треба да одговори на грчката покана за почнување на нови преговори за името и со тоа да се насочи кон европската иднина, а не кон балканското минато. "Атина испрати нова покана до Скопје за отпочнување на дијалог за спорот со ...

Република Македонија (Скопје) е добар предлог!

Вечер Прес - 10.04.2008

-Генерално сум задоволен од проширувањето на НАТО, но не сум задоволен од тоа што Македонија не е таму. Остана надвор поради нешто што нема врска со НАТО, туку станува збор за билатерално прашање кое, сепак, беше доволно за вето.

Грција е подготвена за преговори

Вечер Прес - 10.04.2008

Подготвени сме за интензивни преговори со Македонија, изјавила вчера Дора Бакојани, министер за надворешни работи на Грција, на трибината на годишниот конгрес организиран од магазинот Економист во Атина, јавија грчките медиуми.

Грција бара продолжување на преговорите во ОН

А1 - 09.04.2008

Грција бара итно да продолжат преговорите за името под покровителство на Обединетите нации. Премиерот Костас Караманлис на економскиот форум во Атина, изјави дека е потребно со Скопје да се изнајде решение со погледот насочен кон европската иднина, а не балканското минато.

Тимот на НАТО без работа

Време - 09.04.2008

ПО НЕГАТИВНИОТ ОДГОВОР ОД САМИТОТ ВО БУКУРЕШТ Ирина Гелевска Се уште не е јасно што ќе работи сега советодавниот тим на НАТО во Македонија. Во ноември лани, при примопредавањето на командата на штабот на НАТО во Скопје, се очекуваше бугарскиот генерал Стојан Генков да биде последниот шеф на ...

Да не се преговара, да се врати знамето

Време - 09.04.2008

СПОРЕД „ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ“ Македонската заедница „Обединети Македонци“ од Германија побара од македонската Влада, по грчкото вето во Букурешт, да ги прекине преговорите за името со Грција и да го врати знамето со сонцето од Кутлеш, кое државата го промени под притисок на Грција со Привремена ...

Караманлис упати јавна покана до Скопје за што поскоро продолжување на преговорите

Канал5 - 09.04.2008

Грчкиот премиер Караманлис упати јавна покана до македонското политичко раководство за што поскоро продолжување на преговорите за името. Атина ја нијансира реакцијата на изјавите на високиот американски дипломат Даниел Фрид за постоење македонски народ и македонски јазик.

Бакојани: Грција е подготвена за неодложни преговори за спорот со името

Канал5 - 09.04.2008

Подготвени сме за неодложни преговори со „Поранешната Југословенска Република Македонија“, изјави грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани на годишниот конгрес организиран од весникот „Економист“ во Атина, соопшти електронското издание на грчкиот весник „Навтемборики“.

СДСМ: Преговорите со Грција да продолжат што побрзо

Дневник - 09.04.2008

Македонија со засилен преговарачки тим треба што поскоро да ги продолжи преговорите со Грција за надминување на спорот со името и максимално да ја искористи поддршката од САД и Џорџ Буш, оцени вчера претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Грција смета на руска поддршка за името

Макфакс - 09.04.2008

Москва Грција смета на поддршка од Русија за своите позиции во врска со разликите со Македонија околу името. Ова го изјави грчкиот премиер Костас Караманлис во интервју за руската агенција РИА Новости, пред неговата посета на Москва, која официјално започнува денеска.

Грција ја покани Македонија на преговори во ОН

Макфакс - 09.04.2008

Атина Грција денеска испрати нова покана до Македонија за стартување на преговорите за разликите во името во рамки на Обединетите нации. Грчкиот премиер Костас Караманлис во говорот на економски форум во Атина истакна дека „Скопје треба да ја прифати поканата за дијалог со поглед кон европската ...

Македонија и светот по грчкото вето

Макфакс - 09.04.2008

Скопје Реакциите по ветото со кое Грција го блокираше членството на Македонија во НАТО се централна тема на најновиот број на неделникот „Macedonia In Europe“. Ревијата посветена на евроатлантските интеграции ги пренесува оценките кои отворено или посредно го осудуваат ветото на Грција, како и ...

Нема нов предлог од Нимиц

Макфакс - 09.04.2008

Њујорк Нема да има нов предлог на новата рунда разговори што посредникот Метју Нимиц ја почнува денеска со македонскиот и грчкиот преговарач, Никола Димитров и Адамантиос Василакис. Ова пред средбата со двајцата преговарачи го изјави портпаролот на посредникот за разликите меѓу Македонија и Грција ...

Грција – нема влез во НАТО и ЕУ без решение за името

Макфакс - 09.04.2008

Атина Официјална Атина денеска повтори дека нема да дозволи влез на Македонија во НАТО и Европската унија (ЕУ) без решение околу името, пренесува Макфакс „Грција со задоволство ќе поздрави членство на Македонија во Северноатлантските и Европските институции веднаш по постигнување прифатливо, ...

Ветото нема да ги запре реформи

Вечер Прес - 09.04.2008

Грчкото вето за влез во НАТО нема да ги затвори вратите на земјава бидејќи тие секогаш се отворени за странските инвеститорите. Економски реформите се доказ дека земјава се движи во правилна насока, а Владата досега овозможи одлична комуникација со странските инвеститори, ниски логистички трошоци, ...

Не е јасно што ќе работи советодавниот тим на НАТО

А1 - 08.04.2008

Се уште не е јасно што сега ќе работи советодавниот тим на НАТО во Македонија. Во ноември мината година, при примопредавањето на командата на штабот на НАТО во Скопје, се очекуваше бугарскиот генерал Стојан Генков да биде последниот шеф на советодавниот тим на Алијансата и неговата работа да заврши ...

СДСМ бара заедничка политика за НАТО, ЕУ, и за името

Вест - 08.04.2008

ЛИДЕРСКА СРЕДБА ЗА ДЕБАКАЛОТ ВО БУКУРЕШТ Вчера премиерот Никола Груевски поединечно ги информирал лидерите на СДСМ Радмила Шеќеринска, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи за случувањата на самитот на НАТО во Букурешт, на кој Македонија доживеа дебакл и не ја доби очекуваната покана за во ...

Ќе си го прашаме Караманлис

Дневник - 08.04.2008

Македонија деновиве е изложена на силен меѓународен притисок да ги продолжи преговорите соГрција за своето име. Од нас се бара да замижиме пред понижувачкиот, срамен епилог од НАТО- самитот во Букурешт и повтоно да седнеме со Грција на преговарачка маса, на која љубезни и добронамерни олеснувачи ќе ...

Бакојани: САД не може да даваат наредби

Дневник - 08.04.2008

Во Букурешт една пречка е помината, но претстои долг пат, изјави грчкиот претседател Каролос Папулјас, оценувајќи го самитот како „успех и нов почеток“ Грчкото раководство е задоволно од Самитот во Букурешт иго оцени како „успех и нов почеток“.

Дали злосторството се исплатува?

Утрински - 08.04.2008

Европа-Балкан Иван Торов Проблемот на Македонија е „што има многу пријатели, но нема сојузници“ БЕЛГРАД - Глетката беше по малку парадоксална. Додека македонската делегација во Букурешт сите, посебно Буш, ја тешеа затоа што грчкото вето и' ја скрати поканата за членство во НАТО, многу официјални ...

Атина подготвува нова стратегија за преговорите

Утрински - 08.04.2008

Атина - Атина разработува нова стратегија за преговорите со Скопје во врска со името по блокирањето на приемот на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт, пишуваат денеска весниците во Грција. Владини извори што ги цитира „Елефтеротипија“ се убедени дека по грчкото вето работите ќе се одвиваат ...

Нимиц ќе истрча со нов предлог за името?

Време - 08.04.2008

СЕ НАЈАВУВА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ Горан Момировски Посредникот Метју Нимиц, по препораки од Американската администрација, можно е наскоро да излезе со нов предлог за името, со кој би се оживеале преговорите меѓу Македонија и Грција.

Граѓаните ја чекаат пораката што ќе се прави понатаму

Утрински - 08.04.2008

Грција крои стратегија за името, Македонија се мисли за избори Соња Крамарска Иако поминаа шест дена од настаните во Букурешт, државниот врв се' уште не се состанал за да го анализира исходот од Самитот на НАТО, кој е крајно неповолен за Македонија и ги загрозува нејзините евроатлантски перспективи.

Пази се од Бакојани кога носи црвено палто

Вест - 08.04.2008

ШЕФИЦАТА НА ГРЧКАТА ДИПЛОМАТИЈА СЕКОГАШ ИСТО ОБЛЕЧЕНА НА ПРЕГОВОРИТЕ СО МАКЕДОНИЈА Црвеното палто струкирано со три брусни стана препознатлива борбена униформа на Бакојани во средбите кога темата се преговорите за името на Македонија Како бик кога ќе се разјари пред црвениот плашт на тореадорот, ...

Нимиц:Преговарачкиот процес е жив

Макфакс - 08.04.2008

Атина Преговарачкиот процес е жив и решението ќе се бара во рамки на Обединетите нации(ОН), без какви и да било рокови. Ова денеска го изјави посредникот во спорот со името Метју Нимиц, по средбата со грчката шефица на дипломатијата Дора Бакојани во Атина.

Нимиц на разговори во Грција

Макфакс - 08.04.2008

Скопје Специјалниот посредник на ОН за разликите околу името со Грција денеска во Атина треба да оствари средба грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани. Задоволен сум што добив единствена порака од лидерите на Македонија, дека се подготвени да продолжат со преговорите, рече Метју ...

Дијаспората бара прекин на преговорите за името

Макфакс - 08.04.2008

Берлин Владата веднаш да ги прекине преговорите за името со Грција кои се водат под покровителство на ОН, побара македонската дијаспора во Германија. Македонската заедница „Обединети Македонци” ја повика Влада и да го врати знамето со сонцето од Кутлеш како национален симбол, кое под притисок на ...

Бакојани – Името нема да се реши до јуни

Макфакс - 08.04.2008

Атина Грција не верува дека прашањето за разликите околу името може да се реши пред вонредните парламентарни избори во Македонија, закажани за 1 јуни. „Шансите се мали“, изјави шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани, одговарајќи дали прашањето за името може да се затвори до почетокот на јуни.

За нови одлуки треба ново, стабилно, мнозинство во парламентот!

Вечер Прес - 08.04.2008

Се создава лажна дилема: Груевски го чува името, а СДСМ, Тито Петковски и Андов се пазарат по системот - име за власт. До ден-денес СДСМ не излезе со јасен став што подразбира под прифатлив компромис со Грција за народот да може да се изјасни по нивниот предлог.

Рогозин: Разликите меѓу Русија и НАТО остануваат

А1 - 07.04.2008

Постојаниот претставник на Москва во НАТО, Димитриј Рогозин, изјави дека разликите меѓу Русија и Алијансата во однос на прашањето за Косово, противракетната одбрана, контролата на вооружувањето и филозофијата на партнерството, не се надминати ни по минатонеделната средба на Советот Русија-НАТО што ...

Нови американски активности за спорот за името

А1 - 07.04.2008

Продолжуваат активностите на американската администрација за итно решение на спорот за името. По пораката на претседателот Буш дека тој треба да се реши во најскоро време, двајца високи претставници со конкретни задачи, чие исполнување треба да создаде услови Македонија да биде дел од ...

Мнозинство Грци го одобруваат ветото

Утрински - 07.04.2008

Атина - Мнозинството граѓани на Грција го одобруваат ветото дадено од премиерот Костас Караманлис на Самитот на НАТО во Букурешт против членството на Македонија во Алијансата, покажуваат резултатите на социолошкото истражување објавено во весникот „Катимерини“.

Името ќе се реши за време на Буш

Утрински - 07.04.2008

Чарлс Купчан Интервју со директорот во Советот за безбедност на поранешниот претседател Бил Клинтон Од нашиот известувач Борис Георгиевски Оклахома Сити - Чарлс Купчан е актуелен професор по меѓународни односи на Универзитетот „Џорџтаун“ и експерт за европски прашања во влијателната невладина ...

ДУИ бара продолжување на преговорите со Грција

Утрински - 07.04.2008

ТЕТОВО - Македонија да ја признае независноста на Косово, да продолжат преговорите со Грција до изнаоѓање конечно прифатливо решение за двете страни и да продолжат активностите во земјата до исполнување на критериумите за членство во НАТО и започнување преговори за ЕУ.

Грците го одобруваат ветото

Дневник - 07.04.2008

Мнозинството граѓани на Грција го одобруваат ветото дадено од премиерот Костас Караманлис на самитот на НАТО во Букурешт против членството на Македонија во алијансата, покажуваат резултатите на социолошкото истражување објавено во весникот „Катимерини“.Дури 95 отсто од анкетираните како правилен го ...

Интервју со министерот за одбрана Лазар Еленовски

Канал5 - 07.04.2008

Одговора на прашањата за неуспехот во Букурешт, ангажманите во Авганистан, расветлување на хеликоптерската несреќа кај Блаце. - ДУИ најави дека утре ќе предложи распуштање на Собранието. Како ќе ја протолкувате ситуацијата околу предвремените избори? - Во една демократија сите опции се возможни и ...

Резигната

Дневник - 07.04.2008

Мислам дека делегацијата на Македонија требаше да остане до крајот на самитот за да покаже дека нашиот интерес за НАТО останува перманентен и ако треба на секого по милион пати да му повтори дека не се повлекуваме од овој значаен процес за нас „Разочарувањето е најбрзиот, но исто така и најмоќниот ...

Грчкото вето нема да предизвика радикализам

Утрински - 07.04.2008

Прашањето со името не смее да биде игри без граници, порачуваат албанските интелектуалци Светлана Унковска По пехот што го доживеа Македонија на НАТО-самитот во Букурешт со грчкото вето, сега е потребно да се смират емоциите за да може да се продолжи со студени глави, но, од друга страна, и ...

На Македонија никако да и' тргне

Утрински - 07.04.2008

Македонски состојби Манчо Митевски По преспаното разочарување, нашата политичка елита треба да се соочи со реалноста Конечно, дојде и помина денот „Д“. Се одржа толку очекуваниот самит на НАТО во Букурешт. Многу нови работи се случија, само со нас се' е по старо.

Решение мора да има или ќе нема преговори со ЕУ

Време - 07.04.2008

ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ БАРААТ СРЕДБА МЕЃУ СКОПЈЕ И АТИНА Игор Чавески Европскиот парламент в среда и в четврток ќе расправа за напредокот на Македонија за почнување преговори за членство во Европската унија. Доколку земјава ги исполни осумте забелешки што ни беа предочени од страна на Европската комисија ...

ЕУ порачува Македонија да не ги заборава реформите

Дневник - 07.04.2008

Европската комисија може да препорача преговори дури и ако спорот со Грција не биде решен, но македонското барање за преговори не може биде остварено без зеленото светло на земјите-членки меѓу кои рамноправно со другите седи Грција Европската Унија со нетрпение ќе очекува да слушне од македонското ...

Атина подготвува нова стратегија за преговорите со Скопје

Канал5 - 07.04.2008

Атина разработува нова стратегија за преговорите со Скопје во врска со името по блокирањето на приемот на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт, пишуваат денеска весниците во Грција. Атина, 7 април (МИА) - Атина разработува нова стратегија за преговорите со Скопје во врска со името по ...

Преговорите за името да продолжат

Време - 07.04.2008

ЕКСПЕРТИТЕ СО СТАВ ЗА СЛЕДНИТЕ ЧЕКОРИ ПО ВЕТОТО Игор Чавески Македонија не смее да се повлече од преговорите за името со Грција, иако Атина со блокадата на влезот во НАТО грубо ја прекрши спогодбата од 1995 година. Експертската јавност е единствена во ставот дека прекинувањето на преговорите би ...

Се бара рецепт по шокот од Букурешт

Време - 07.04.2008

СЕ ГРАДИ НОВАТА МАКЕДОНСКА СТРАТЕГИЈА ЗА НАТО И ЗА ИМЕТО Политичари, експерти, академци и пратеници, речиси целиот македонски интелектуален капацитет следнава недела треба со бистри глави, отрезнети од шокот во Букурешт, да ја изградат новата Македонска стратегија што да се прави по ветото за НАТО.

Грција договори нова стратегија за името

Макфакс - 07.04.2008

Атина Грција подготви нова и сериозна стратегија за името на Македонија, и ќе продолжи да работи во рамки на ОН за изнаоѓање заемно прифатливо решени за доброто на сите на Балканот. Ова денеска го изјави грчкиот премиер Костас Караманлис, не прецизирајќи повеќе детаљи.

Грција разгледува стратегија по ветото

Макфакс - 07.04.2008

Атина Грчкото државно раководство ги почна денеска консултациите за стратегијата за името, по самитот на НАТО на кој стави вето за поканата на Македонија. „Една пречка е помината, но има се уште многу долг пат“, изјави претпладнето премиерот Костас Караманлис по средбата со шефот на државата ...

Консултации по ветото во Букурешт

Макфакс - 07.04.2008

Скопје Премиерот Никола Груевски денеска треба да одржи поединечни средби со претседателите на ДПА, Мендух Тачи, на ДУИ, Али Ахмети и на СДСМ, Радмила Шекеринска. На средбите премиерот ќе ги информира претседателите на трите партии за учеството на македонската делегација на Самитот на НАТО во ...

Нимиц - Македонија сака да продолжи со преговорите

Макфакс - 07.04.2008

Скопје Задоволен сум што добив единствена порака од лидерите на Македонија, дека се подготвени да продолжат со преговорите, рече Метју Нимиц по средбите со македонскиот државен врв. Медијаторот на ОН за разликите за името со Грција, по средбите со претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола ...

Спорот со името тема на средбата Караманлис-Папуљас

Макфакс - 07.04.2008

Атина Анализа за исходот од Самитот на НАТО во Букурешт и продолжувањето на преговорите за името е тема на денешната средба на највисокото грчко раководство. Според најавите на грчките медиуми, премиерот Костас Караманлис денеска треба да се сретне со претседателот Каролос Папуљас за да го ...

Грците го сакаат Саркози, Албанците сами се нудат

Вечер Прес - 07.04.2008

Според грчкиот дневен весник Та Неа, нашиот јужен сосед однапред смета на помош од француската дипломатија за решавање на спорот со Скопје за името на Македонија. -За тоа има две причини: прво затоа што САД и Македонија влегуваат во предизборен период и согласно на тоа не се очекува да преземат ...