TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Неизвесно кој ќе ја води битката за градоначалник на Скопје

А1 - 22.01.2005

На само две недели пред истекот на крајниот рок за доставување на кандидатските листи до ДИК се уште неизвесно кој ќе ја води главната битка за градоначалник на Скопје. ВМРО-ДПМНЕ се премислува до последен момент која опција да ја избере за овие локални избори на кои за прв пат ќе си ги измерат ...

Груевски во сендвич меѓу сопартијците и коалициските партнери

Време - 22.01.2005

ВО ИК НА ВМРО-ДПМНЕ НЕ ГО САКААТ КОСТОВСКИ Дел од членовите на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не сака да го поддржи Трифун Костовски во трката за функцијата градоначалник на Скопје поради што на партискиот лидер Никола Груевски му е потребна уште една недела за размислување, велат извори од ...

По Скопје, најголемата битка ќе се бие за Гази Баба

Време - 22.01.2005

ПОРАДИ ОЧЕКУВАНИ ГОЛЕМИ ПАРИ По фискалната децентрализација се очекува дека трипати повеќе пари или околу 400 милиони денари годишно ќе се слеваат во касата на скопската општина Гази Баба. Поради тоа, градоначалничката функција во оваа општина за партиите стана посакувана речиси исто како и ...

Костовски бара поддршка и од Груевски

Време - 21.01.2005

ВО ОБИД ДА СТАНЕ ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ НА ОПОЗИЦИЈАТА Независниот кандидат за градоначалник на Скопје Трифун Костовски вчера од прес-конференција побара поддршка од најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ. И покрај тоа што преговорите со таа партија се одвиваат подолго време, оттаму се уште ...

Трифун Костовски – кандидат за градоначалник на Скопје

Време - 21.01.2005

Сајт на денот Трифун Костовски може да се смета за првиот сајбер-кандидат за градоначалник во земјава, бидејќи веб-сајтот е составен дел од неговата кампања од нејзиниот почеток. Тој е исто така пионер меѓу македонските политичари во употребата на повеќе јазици за јавна комуникација преку Интернет.

Останувам во трката и ако Груевски се кандидира

Вест - 21.01.2005

КОСТОВСКИ ГИ СОБРА ПОТПИСИТЕ ЗА КАНДИДАТУРА ЗА СКОПСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК Костовски досега ја има поддршката на 12 партии и здруженија, вели дека со ВМРО-ДПМНЕ уште се преговара и дека сака и оваа партија да биде со него. Независниот кандидат Трифун Костовски ги собра потребните потписи за да се ...

Костовски пред Пенов, граѓаните за чисто и богато Скопје

Време - 21.01.2005

ПРВИЧНИ ИСПИТУВАЊА НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ Трифун Костовски води пред Ристо Пенов. Граѓаните на Скопје се најзаинтересирани за подобрување на хигиената на градот (73 отсто), за економскиот развој на главниот град (69 отсто) и за развој на инфраструктурата.

Пенов без поддршка од ДУИ во првиот круг?

Утрински - 21.01.2005

Партиите се подготвуваат за изборите, а фаворитите се кријат од јавноста ПЕНОВ: ЛДП засега не открива која ќе му биде стратегијата на Пенов за освојување на третиот градоначалнички мандат Трифун Костовски вчера изјави дека ја очекува и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за неговата независна кандидатура за ...

Зад Костовски застанаа 12 партии и здруженија

Утрински - 21.01.2005

Прес-конференција на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски КОСТОВСКИ: ВМРО-ДПМНЕ е добредојдена и сакаме да биде со нас СаШко Димевски Независниот кандидат Трифун Костовски вчера на прес-конференција соопшти дека го обезбедил бараниот цензус од 1.000 потписи од граѓаните ...

ВМРО-ДПМНЕ и "Третиот пат" се скараа за листите

Дневник - 21.01.2005

надмудрувања во опозициЈата Советничките листи за општините ВМРО-ДПМНЕ ги составила без да се советува со коалицијата "Третиот пат". Откако таквиот потег предизвикал лавина од незадоволство кај партиите од "Третиот пат", листите вчера веднаш биле повлечени.

ЛДП не прифаќа фактури од ДУИ

Дневник - 21.01.2005

тактизирање во владеЈаЧката коалициЈа ЛДП вчера не сакаше да ја коментира одлуката на ДУИ во Скопје да истакне свој кандидат за градоначалник, иако најавуваа дека уште во првиот круг ќе го поддржат Ристо Пенов. - Одлуката на ДУИ е самостојна и не можеме да се мешаме.

Трифун Костовски се надева на ВМРО-ДПМНЕ

Дневник - 21.01.2005

ОТКАКО ЈА ОФИЦИЈАЛИЗИРАШЕ КАНДИДАТУРАТА Скопскиот бизнисмен Трифун Костовски од вчера и официјално е независен кандидат за градоначалник на Скопје, откако објави дека за еден ден ги собрал потребните илјада потписи. Зад неговата кандидатура досега застанаа девет партии и неколку граѓански ...

ВМРО ДПМНЕ ни се добредојдени

Вечер Прес - 21.01.2005

Независниот кандидат Трифун Костовски првиот ден собрал 1.238 потписи од скопјани. Со тоа, тој го исполнува потребниот цензус за да се кандидира за градоначалник на Скопје, но граѓаните ќе може да се потпишуваат и во наредните денови.

Костовски ги собра потребните потписи

А1 - 20.01.2005

Пратеникот Трифун Костовски не се дава, тој се уште се надева дека ќе успее да го убеди Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите коалициони партнери да застанат зад неговата кандидатура за градоначалник на Скопје.

ДУИ се ценка со Пенов, независните собираат потписи

Време - 20.01.2005

БИТКА ЗА СКОПЈЕ Околу 800 скопјани вчера за четири часа депонирале потписи за поддршка на независната кандидатура на Трифун Костовски за градоначалник на Скопје, а во неговиот штаб очекуваа да се надмине потребната бројка од 1.000 потписи.

Сдсмовците во Гази Баба на пат да ги бојкотираат изборите

Време - 20.01.2005

НЕЗАДОВОЛСТВО ВО ОПШТИНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ Александра М. Митевска Сдсмовците од Гази Баба се подготвуваат да ги бојкотираат локалните избори доколку партиската централа не го смени ставот градоначалничкиот кандидат во таа скопска општина да биде од редовите на ЛДП.

Сакам Скопје да личи на престолнина

Вест - 20.01.2005

НЕЗАВИСНИОТ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ТРИФУН КОСТОВСКИ ПОЧНА СО СОБИРАЊЕТО ПОТПИСИ Независниот кандидат за градоначалник на Скопје Трифун Костовски се надева на масовна поддршка од сите граѓани на главниот град бидејќи, како што вели, се залагал за нешта што се заеднички за сите, а тоа се ...

Тројца кандидати за штипски градоначалник

Утрински - 20.01.2005

Предизборни калкулации во Штип ШТИП - Во Штип сў повеќе расте интересирањето за имињата на кандидатите кои ќе го трчаат завршниот круг на локалните избори. Во Штип се говори дека битката за градоначалничката функција ќе се води помеѓу тројца сериозни кандидати: на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот ...

Трифун Костовски ги собра потписите за независна кандидатура

Утрински - 20.01.2005

Предизборни комбинаторики на партиите и на кандидатите за градоначалник на Скопје До средината на идната недела ќе биде нејасно дали ВМРО-ДПМНЕ ќе му даде поддршка на Костовски или во Скопје ќе истакне свој кандидат СаШко Димевски Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, ...

Груевски и Костовски во војна на нерви

Дневник - 20.01.2005

ДИСТАНЦИРАЊА ВО ОПОЗИЦИЈАТА Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и независниот кандидат за скопски градоначалник Трифун Костовски се дистанцирани во однос на можната соработка на локалните избори. Извори во партијата потврдија дека меѓу нив не постои комуникација.

ДУИ со свој кандидат за Скопје

Дневник - 20.01.2005

ВО ЛДП ИЗНЕНАДЕНИ Во вториот круг ќе го поддржиме Пенов само ако вети дека ќе инвестира таму каде што се мнозинство Албанците, велат во ДУИ ДУИ во првиот изборен круг, најверојатно, ќе истакне свој кандидат за градоначалник на Скопје, дознава "Дневник".

Лидерот на СДСМ се одмаздува

Дневник - 20.01.2005

општински организации ОБВИНУВААТ Претседателот Владо Бучковски им се одмаздува на разграноците што на Конгресот не му дадоа целосна поддршка за партиски лидер и тие општини им ги дава на коалициските партии, обвинуваат во СДСМ.

Лидерите на СДСМ, ЛДП И ДУИ не се договорија

Вечер Прес - 20.01.2005

Лидерите на СДСМ, ЛДП и ДУИ на завчерашната средба не постигнаа договор за предизборно коалицирање на локалните избори. На тројната средба на Владо Бучковски, Ристо Пенов и Али Ахмети биле разгледани варијантите и последиците од евентуалната поддршка на заедничките кандидати во некои општини, ...

ДУИ сами во Скопје

Вечер Прес - 20.01.2005

ДУИ, најверојатно, ќе излезе со свој кандидат за градоначалник на Скопје. Неговото име ќе се држи во тајност до крајот на идната недела, кога ќе биде објавена целосната листа на кандидати за градоначалници од најголемата албанска партија.

Костовски собира потписи, Груевски тактизира

А1 - 19.01.2005

Никола Груевски или Труфун Костовски - се стеснува кругот на потенцијалните кандидати зад кого би застанале опозициските партии, предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Додека Груевски уште се премислува, тимот на Костовски денеска почна со собирање на потребните 1.000 граѓански потписи да ја поткрепи својата ...

Костовски тргна во освојување на фотелјата на Пенов

Време - 19.01.2005

СО ПОДДРШКА НА ДЕЛ ОД ОПОЗИЦИЈАТА И НА ГРАЃАНИТЕ Диана Младеновска Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, очекува дека уште денеска ќе собере илјада потписи од граѓаните, кои се потребни за формализирање на неговата кандидатура.

Георгиевски застана зад Костовски, Груевски се уште тактизира

Утрински - 19.01.2005

Полека се составува мозаикот со кандидатури за скопски градоначалник Болеста на Ахмети го одложи дефинирањето на евентуалната соработка на владината коалиција уште во првиот круг од изборите СаШко Димевски ВМРО-Народна ќе го поддржи Трифун Костовски како независен кандидат за градоначалник на ...

Костовски денеска ќе стартува со собирање потписи

Утрински - 19.01.2005

КАМПАЊА Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, од денеска ќе почне да ги собира потребните 1.000 потписи за поддршка на неговата кандидатура. Оваа своја законска постапка тој ја најави преку медиумите, а сите заинтересирани граѓани кои сакаат да дадат потписи за ...

Трифун во поход по потписи

Дневник - 19.01.2005

ОД ДЕНЕСКА Независниот кандидат Трифун Костовски од денеска почнува да ги собира потребните илјада потписи за кандидатура на изборите за градоначалник на Скопје. Во неговиот изборен штаб се убедени дека за еден ден ќе ја добијат поддршката од жителите на главниот град и очекуваат утре официјално да ...

Крива Паланка ќе ги скара СДСМ и ЛДП

Дневник - 19.01.2005

ПРЕГОВОРИ СДСМ и ЛДП не можат да се договорат за градоначалничката функција во Крива Паланка поради тоа што разграноците на двете партии инсистираат таа општина да им припадне ним. Иако во СДСМ велат дека Крива Паланка и припаднала на таа партија, во ЛДП инсистираат да го задржат тоа место, поради ...

Трифун Костовски ги собра потребните потписи за кандидатура за градоначалник на Скопје.

Канал5 - 19.01.2005

Ова е неофицијалната информација од изборниот штаб на Костовски. Само до 12 часот во 12-те подрачни и месни единици на министерството за правда низ градов, беа собрани повеќе од 800 потписи, од потребните илјада. Самиот Костовски денеска изгледаше самоуве Ова е неофицијалната информација од ...

ВМРО-ДПМНЕ сеуште го држи Костовски во неизвесност

А1 - 18.01.2005

Партијата на Груевски сеуште го држи Костовски во неизвесност. Продолжува играта на нерви. ВМРО-ДПМНЕ се реши да прави анкети и да го тестира мислењето на своето членство за некои кандидати за градоначалници. На оваа листа за градоначалници на Скопје, најверојатно ќе се најде и дел од раководството ...

Коалиционата лидерска тројка ќе се договара за поддржката на Пенов

А1 - 18.01.2005

Коалиционата лидерска тројка, Бучковски, Пенов и Ахмети вечерва во Владата конечно ќе седнат на заедничка маса да ја прецизираат формата на поддржката на кандидатурата на лидерот на ЛДП, Пенов, за скопски градоначалник. Ќе се расчистуваат дилемите, ќе застане ли ДУИ од стартот зад Пенов, или ќе се ...

ВМРО-ДПМНЕ би прифатила, СДСМ сака да размисли

Време - 18.01.2005

ТЕТОВСКИ РЕАКЦИИ НА ПОНУДАТА ЗА МАКЕДОНСКА КОАЛИЦИЈА Тетовскиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ начелно ја прифаќа идејата за македонска коалиција во Тетово, додека во СДСМ ќе размислат и ќе одговорат во текот на идната недела. Ова се првичните реакции на понудата од општинскиот комитет на ВМРО- народна ...

Скопските директори решиле да станат градоначалници

Време - 18.01.2005

ТУРКАНИЦИ ВО ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА Коалицијата „Заедно“ се надева дека ДУИ уште во првиот изборен круг ќе ги поддржи нејзините кандидати за градоначалници на Скопје и на Куманово. За возврат, СДСМ и ЛДП би ги поддржале градоначалничките кандидати на ДУИ во Гостивар и во Тетово.

Љубчовистите ја официјализираат поддршката на Костовски, Груевски тактизира

Време - 18.01.2005

ДОГОВОРОТ ПАДНА Извршниот комитет на ВМРО-народна партија синоќа требаше да го одобри договорот според кој оваа партија ќе го поддржи независниот кандидат Трифун Костовски во трката за градоначалник на Скопје. Тоа вчера го потврди Спиро Мавровски, член на извршниот комитет на партијата и еден од ...

Андов и Џафери работат за Пенов

Вест - 18.01.2005

СУЕТИТЕ ЈА РЕАСТУРААТ ОПОЗИЦИЈАТА Ако опозицијата оти со двајца кандидати, тогаш Пенов и покрај слабиот рејтинг без мака ќе го добие Скопје Опозицијата сеуште е без компас за кандидат за градоначалник на Скопје. Вчера разговараа ВМРО-ДПМНЕ и Третиот пат. Но ништо не се договориле.

Единствен кандидат во Скопје и дава шанси на опозицијата

Утрински - 18.01.2005

ВМРО-ДПМНЕ и "Третиот пат" пред конечен договор за заеднички настап на изборите Од Ахмети многу зависи изборот на Пенов за уште еден мандат Сашко Димевски ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата "Третиот патти денеска или најдоцна утре ќе го официјализираат заедничкиот настап на претстојните локални избори, ...

Градоначалниците од Тиквешијата сакаат нови мандати

Утрински - 18.01.2005

Во Кавадарци и Неготино КАВАДАРЦИ - Градоначалникот на Општина Кавадарци, Панчо Минов, на претстојните локални избори ќе ја побара поддршката од граѓаните за втор мандат. Тој и за вториот мандат ќе биде независен кандидат, а ќе добие поддршка од СДСМ.

Ристо Пенов чека глас од Али Ахмети

Дневник - 18.01.2005

КАНДИДАТСКИ КОМБИНАТОРИКИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА Лидерите на владејачките СДСМ и ЛДП, Владо Бучковски и Ристо Пенов, ќе бараат од Али Ахмети неговата ДУИ да го поддржи Пенов во првиот изборен круг за градоначалник на Скопје. Тие требаше да се сретнат доцна синоќа, а барањето поддршка е со цел да ја ...

Груевски ќе пресече за поддршката на Трифун

Дневник - 18.01.2005

ВМРО-ДПМНЕ СЕ УШТЕ СЕ ДВОУМИ Во ВМРО-ДПМНЕ се уште размислуваат дали да го поддржат независниот кандидат Трифун Костовски за градоначалник на Скопје. Официјално, на прексиноќешната седница на Извршниот комитет на партијата не се зборувало за Костовски како можно решение за главниот град.

Во ВМРО ДПМНЕ се уште размислуваат како ќе настапат во Скопје

Канал5 - 18.01.2005

Отворени се три опции – да предложат свој кандидат, да го поддржат независниот Трифун Костовски или да одат на трета варијанта.. Какви се во моментов релациите меѓу ВМРО ДПМНЕ и Костовски и има ли нешто на тој план? Костовски, по вчерашните разгов Отворени се три опции – да предложат свој кандидат, ...

Љубчо со Трифун, Груевски тактизира

Вечер Прес - 18.01.2005

ВМРО-Народна дефинитивно ќе застане зад кандидатурата на Трифун Костовски за градоначалник на Скопје, дознава "Вечер" од партиски извори. Одлуката требаше да биде и официјално потврдена на синоќешната седница на Извршниот комитет на партијата.

ДУИ за Пенов, за возврат поддршка за Тетово

Вечер Прес - 18.01.2005

Одлуката, дали ДУИ ќе го поддржи Ристо Пенов во трката за градоначалник на Скопје, требаше да биде објавена по синоќешната средба на лидерите на коалицијата "За Македонија заедно". Сепак, неофицијално дознаваме дека поддршката за Пенов од ДУИ е извесна, со тоа што, Ахмети ќе бара за возврат, СДСМ и ...

Неизвесно дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи Костовски

А1 - 17.01.2005

Груевски не сака да се види со Костовски, барем не сега, затоа што немал ништо ново да му каже. А1 дознава дека ова е одговорот испратен до Костовски, кој сакал преку средба во четири очи со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да договараат меѓусебна соработка.

ВМРО-народна ќе го поддржи Костовски за градоначалник

Време - 17.01.2005

ПАРТИСКИ ИЗВОРИ ТВРДАТ ВМРО-народна партија на Љубчо Георгиевски ќе го поддржи Трифун Костовски во трката за градоначалничката функција во Скопје, тврдат извори од партијата. Тоа било договорено во петокот вечер, на средбата на Георгиевски и Костов, а ќе биде официјализирано најверојатно во ...

Бучковски и Пенов денеска ќе преговараат со Ахмети

Време - 17.01.2005

СДСМ И ЛДП СИ ГИ ПОДЕЛИЈА ГРАДОНАЧАЛНИЧКИТЕ МЕСТА Скопје, Велес, Виница, Чашка, Зрновци, Градско, Валандово, Свети Николе, Гази Баба и Новаци се местата каде што кандидатите за градоначалници ќе бидат од редовите на ЛДП. СДСМ и ЛДП ќе номинираат заеднички кандидати во Кавадарци, Росоман, Кичево, ...

СДСМ - ЛДП 6:1

Вест - 17.01.2005

КОАЛИЦИОНА ПОДЕЛБА НА СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ Либерал демократите во Скопје ќе канидидираат градоначалник само во Гази Баба СДСМ ќе предложи кандидати за градоначалници во скопските општини Центар, Бутел, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош.

Груевски молчи за кандидатурата, Пенов го чека Ахмети

Утрински - 17.01.2005

ВМРО-ДПМНЕ не е на чисто, ќе исфрли свој кандидат во Скопје или ќе ја поддржи независната кандидатура на Трифун Костовски Сашко Димевски Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и натаму е нагласено медиумски обработуван и истакнуван како евентуален кандидат за градоначалник на Скопје.

Трифун Костовски добива пас од опозицијата?

Дневник - 17.01.2005

ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ОБЕДИНУВА ЗА СКОПСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК ВМРО-ДПМНЕ во наредните два дена ќе реши дали ќе го поддржи независниот кандидат Трифун Костовски во трката за скопски градоначалник, дознава "Дневник" од партиски извори. Претставниците на таа опозициска партија и на Граѓанското движење за ...

Вмровци размислуваат за заеднички кандидат за градоначалник

Дневник - 17.01.2005

ПРИЛЕП Раководството на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје ќе одлучи за коалирање, одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, на повикот на ВМРО-Народна партија за заеднички настап на локалните избори во Прилеп. ВМРО-НП упати јавен повик до сите членови на ВМРО-ДПМНЕ за коалирање на изборите за ...