TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Притвор за кумановците што го претепаа зетот од сестра

Вест - 26.07.2008

Истражен судија им одреди по 30 дена притвор на браќата З.И. (26) и М.И. (21) од кумановското село Опае, кои пред три дена го претепаа нивниот зет од сестра М.С. (33) од село Чајлане, Скопје.

Двајца браќа го претепале зетот

Време - 25.07.2008

Двајца браќа од кумановското село Опае се осомничени дека физички го нападнале и претепале нивниот зет поради семејни недоразбирања.

Браќа претепале зет од сестра

Вест - 25.07.2008

Завчера во 15, 30 часот, на една од уличките во селото Опае, Кумановско, браќата З.И. (26) и М.И. (21) го пресретнале нивниот зет од сестра М.С. (33) од скопско село Чајлане и почнале да го тепаат.

Браќа од Опае го претепале зетот

Утрински - 25.07.2008

Браќа од Опае го претепале зетот Двајца браќа од кумановското село Опае завчера го претепале својот зет за сестра од скопско Чајлане. Според МВР, браќата З.И. (26) и М.И. (21) завчера го пресретнале зетот М.С. (33) на улица во Куманово.

Зете, мили зете

Н.Македонија - 25.07.2008

Двајца браќа го начекале и го претепале сопругот на нивната сестра и потоа го однеле кај нив дома и го малтретирале уште половина час.

Го истепале зетот, завршил на Ургентен во Скопје

Нетпрес - 24.07.2008

Двајца браќа го истепале зетот поради меѓусебни семејни недоразбирања. Добро го “испеглале“ што завршил во скопскиот Ургентен центар, со повреди во пределот на главата и телото.

Го претепале зетот

Вечер Прес - 24.07.2008

Меѓусебни недоразбирања биле причина, двајца браќа да го претепаат зетот за сестра. Настанот се случил во кумановското село Опае каде бил претепан 33-годишниот М.С. од село Чајлане. Повредениот искористил прилика па ја напуштил куќата на неговиот дедо по што бил пренесен во кумановската болница.