TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Огромни штети од поплавите во брегалничкиот регион

А1 - 19.02.2005

Големата вода од нагло растопениот снег во реката Осојница, што однесе половина од 60-метарскиот мост, кој ги поврзува 6-те населени места цо Виница, направи голема штета на 230 хектари земјоделски површини по течението на реката Брегалница.

Бегавме низ нивите за да се спасиме од надојдената вода

Време - 19.02.2005

ОЧЕВИДЕЦ НА ПОПЛАВАТА ВО ВИНИЧКО РАСКАЖУВА Жителите на селото Јакимово добија струја, но се уште се отсечени од Виница откако пред три дена се излеа реката Осојница и го однесе насипот до мостот што го поврзува Јакимово со Виница. Поплавени се и нивите близу речното корито.

Поплавите урнаа два моста кај Виница

Време - 18.02.2005

ОД ДОЖДОВИТЕ И ТОПЕЊЕТО НА СНЕГОТ Обилните врнежи од дожд и брзото топење на снегот на Плачковица неочекувано го зголемија нивото на реките во Виничко, при што надојдената река Осојница однесе два моста и ги поплави земјоделските површини покрај коритото.

Цунами во Брегалничко

Дневник - 18.02.2005

ПОПЛАВИ ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА Надојдената река Осојница го однесе насипот од мостот и отсече пет села кај Виница Брегалничкото цунами урна еден мост, отсече пет села, откорна дел од магистрален пат и поплави десетици хектари ниви.

Заедно со патот, падна и камион

Вечер Прес - 18.02.2005

Надојдената река Осојница завчера направи неколку штети во Виница. На десетина километри од Виница падна дел од патот во должина од 12 метри, заедно со патот падна и камион "застава", кого, за среќа, заштитната ограда го задржа да не падне во реката.

Поплавени имоти во Малешевијата, урнат мост во Виничко

Утрински - 17.02.2005

Брегалница и Осојница се излеаја од своите корита и направија големи штети Во Малешевијата од надојдените води најмногу настрадаа имотите во селата Мачево и Будинарци Иван Бојаџиски ШТИП - Обилните дождови и топлото време кое предизвика брзо топење на снегот на Малешевските планини и по околните ...

Во виничкиот регион се урнаа два моста

А1 - 16.02.2005

Поради брзото топење на снегот од Плачковица и интензивните врнежи на дожд, забележани во текот на вчерашниот и денешниот ден, дојде до зголемување на нивото на водата на браната Калиманци и реката Брегалница и нејзините притоки.