TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Папандреу порача минатото да се заборави

Дневник - 17.01.2003

НА КОСОВО Етничките конфликти треба да останат во минатото, треба да живееме заедно, да соработуваме и да делиме едни исти вредности, како што се демократијата, правната држава, почитувањето на човековите права и на малцинствата, изјави завчера во Приштина шефот на грчката дипломатија Јоргос ...

Грција се оградува од "балканската федерација"

Капитал - 16.01.2003

По интервјуто на Јоргос Папандреу за "Зидојче цајтунг" Грција се оградува од "балканската федерација" Грчки дипломатски извори нагласија дека Атина се залага за заедништво на Балканот, но исклучиво во рамките на ЕУ Грција се оградува од интерпретациите на интервјуто на нејзиниот министер за ...

ЕУ решително против промени на балканските граници

А1 - 15.01.2003

Високи европски претставници решително ги осудија и отфрлија шпекулациите за можни промени на границите на државите во балканскиот регион, повикувајќи ги земјите од Балканот да соработуваат во напорите за што побрзо приклучување во европските интеграции.

Хрватска може да влезе во ЕУ во 2007 година

Утрински - 15.01.2003

Според Јоргос Папандреу ЗАГРЕБ - Хрватска сў уште може да им се придружи на земјите кои се очекува да и се приклучат на Европската унија во 2007 година, изјави вчера грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Папандреу. "Тешко е да се манипулира со датумите.

Папандреу ја поддржува Албанија за влегување во ЕУ

Дневник - 15.01.2003

ТИРАНА Албанија ќе ги забрза реформите неопходни за присоединување на земјата во ЕУ, изјавил албанскиот премиер Фатос Нано по средбата со шефот на грчката дипломатија, Јоргос Папандреу, јави МИА. Папандреу, од своја страна, ги поздрави напорите на Албанија во борбата против корупцијата и ...

Мора да се осигура европската иднина на Балканот

Вест - 14.01.2003

БЛИЦ ПОСЕТА НА ПАПАНДРЕУ НА МАКЕДОНИЈА За проблемот со името не е зборувано Сите земји членки на Европската унија треба што е можно побрзо да го ратификуваат Договорот за стабилизација и асоцијација со Македонија, а меѓу нив, тоа треба да е задача и на Грција.

Папандреу сака федерација, но европска

Утрински - 14.01.2003

Шефот на грчката дипломатија во мисија во Македонија како претседавач на ЕУ Слободанка Јовановска Шефот на грчката дипломатија Јоргос Папандреу ја претстави вчера во Скопје грчката предлог-стратегија за побрзо интегрирање на Западниот Балкан во ЕУ и притоа демантираше дека се залага за каква и да е ...

Балканот треба прво да ги реши етничките прашања

Утрински - 14.01.2003

Што разговараше Папандреу со Џафери, Ахмети и со Ѓорчев На средбата со лидерот на Демократската партија на Албанците, Арбен Џафери, Папандреу разговарал за состојбата во Македонија, Косово и пошироко на Балканот. Притоа Џафери инсистирал Грција да се ангажира за брза интеграција "на овие простори ...

Грција ќе го промовира Балканот во ЕУ

Дневник - 14.01.2003

МИНИСТЕРОТ ЈОРГОС ПАПАНДРЕУ ВО МАКЕДОНИЈА Во шесте месеци додека европското кормило ќе биде во рацете на Атина, Балканот ќе биде приоритет, а од него ќе се бара соработка и борба со организираниот криминал Европа сака да продолжи стабилизацијата на Балканот за да се осигури дека тој регион има ...

Папандреу се заложи за нов Балкан

А1 - 13.01.2003

Шефот на грчката дипломатија Јоргос Папандреу денеска во Скопје се заложи за нов Балкан, кој се заснова на надежта дека мирот, стабилноста, економскиот развој, демократијата и владењето на правото може да станат реалност. „Сега Балканот е постабилен.

Папандреу, Солана и Патен денеска во Македонија

Утрински - 13.01.2003

турнеја Шефот на грчката дипломатија Јоргос Папандреу, чија земја и официјално го презеде ротирачкото претседателство со Европската унија, од денеска до среда, ќе ги посети сите пет држави од Западен Балкан, официјално е соопштено во Атина.

Папандреу денеска во Скопје

Дневник - 13.01.2003

ЕУ НА ТУРНЕЈА ПО БАЛКАНОТ Шефот на грчката дипломатија, Јоргос Папандреу, чија земја и официјално го презеде ротирачкото претседателство во Европската Унија (ЕУ), денеска ќе престојува во Македонија. Во текот на неколкучасовниот престој во Скопје Папандреу ќе се сретне со претседателот Борис ...