TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

САД планираат употреба на нуклеарно оружје во Ирак

А1 - 26.01.2003

Американски воен експерт Вилијам Аркин, повикувајќи се на официјални извори од Пентагон, истакна, во денешното издание на весникот „Лос Анџелес тајмс“, дека администрацијата на Буш ја разгледува употребата на нуклеарното оружје во евентуалната војна против Ирак.

Турција нема испратено свои војници во северен Ирак

А1 - 26.01.2003

Турција нема испратено свои војници во северен Ирак за поддршка на САД, но американски војници веќе навлегле во северен и јужен Ирак, изјави лидерот на турската владеачка Партија на правдата и развојот Реџеп Таип Ердоган во интервјуто за арапскиот весник „Ал Хајат“.

Вашингтон и Лондон се решени и на сила да го разоружаат Ирак

А1 - 25.01.2003

САД и Велика Британија се решени да го разоружаат Ирак, „ако треба и на сила“, повторија американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер во вчерашниот телефонски разговор. Како што соопшти Кабиентот на Блер, двајцата лидери уште еднаш повториле оти Ирак, доколку не се откаже од ...

САД со силен аргумент ќе го принудат Ирак да се разоружи

Утрински - 25.01.2003

Изјава на висок претставник на Пентагон ЊУЈОРК - Висок претставник на одбраната во четвртокот изјави дека САД имаат "силен аргумент" да го принудат Ирак да се разоружи, врз основа на сегашното разузнавање и на историските записи.

Вашингтон останува сам за војната против Ирак

Утрински - 25.01.2003

Откако Кина и Русија им се приклучија на Франција и на Германија во противењето за воена интервенција ВАШИНГТОН - Вашингтон во четвртокот се згрчи од нараснатото непријателство од страна на опозицијата за можната војна во Ирак, откако Кина и Русија им се приклучија на главните сојузници на САД - ...

Шредер и Путин согласни против војна

Вест - 25.01.2003

"Запрете војна со Ирак" пишува на џиновскиот транспарент што демонстрантите го поставија во грчкото пристаниште Нафплио, каде се одржува состанокот на министрите за вработување на ЕУ БЕРЛИН, 25 јануари (АП) - Германскиот канцелар Герхард Шредер и рускиот претседател Владимир Путин вчера се ...

САД во потрага по нови сојузници за војна против Ирак

А1 - 24.01.2003

САД и Велика Британија се убедени дека голем број земји ќе им се придружат во војната против Ирак и без согласност на Обединетите Нации. Наспроти нив, Русија, Германија и Франција и натаму се противат на воената акција во Ирак.

Русија вели нема основа за војна со Ирак

Вест - 24.01.2003

Од вчерашните протести во Багдад АТИНА, 24 јануари (Ројтерс) - Рускиот министер за надворешна политика Игор Иванов вчера во Атина изјави дека во моментов нема основа за употреба на сила против Ирак. "Се уште постојат политички и дипломатски опции за решавање на ирачката криза" изјави Иванов кој ...

Русија не гледа основа за американска инвазија врз Ирак

Дневник - 24.01.2003

МИНИСТЕРОТ ИВАНОВ ВО АТИНА Москва смета дека во овој момент нема причини за војна против Ирак, изјави шефот на руската дипломатија Игор Иванов при посетата на Атина, јави Ројтерс. - Се уште не се исцрпени сите политички и дипломатски средства за решавање на ирачкото прашање - изјави Иванов.

Германија ќе побара од инспекторите нов извештај за Ирак

Утрински - 24.01.2003

Според дипломатите во Организацијата на обединетите нации ВАШИНГТОН/БАГДАД - Дипломатите во Обединетите нации соопштија дека Германија се очекува да побара од инспекторите за оружје на ОН да достават друг извештај во врска со нивната соработка со Багдад кон средината на февруари, кога Берлин го има ...

САД ќе настрада бетер од 11 септември ако удри на Садам

Вест - 24.01.2003

БАГДАД, 24 јануари (Ројтерс) - Американската војска ќе претрпи штети поголеми од оние во нападите од 11 септември ако Вашингтон издаде наредба за инвазија на Ирак, наведува весникот на синот на ирачкиот претседател Садам Хусеин.

Ирачките власти против егзил на Садам Хусеин

А1 - 23.01.2003

Ирачкиот вицепремиер Тарик Азис ја отфрли можноста Садам Хусеин да ја напушти земјата со цел да се избегне можна војна против Ирак, без оглед на некои непотврдени информации дека неколку арапски земји работат на подготвување егзил за ирачкиот лидер.

Садам не може да ги уништи нафтените полиња на соседите

Дневник - 23.01.2003

ТРГОВЦИТЕ СО "ЦРНОТО ЗЛАТО" ЗДИВНАА Ирачките проектили "скад-б" лесно може да ги погодат нафтените центри на Саудиска Арабија и на Кувајт, но тие не се доволно прецизни за да ги уништат виталните точки Цената на "црното злато" на светските берзи се стабилизира откако политичарите и воените ...

Американскиот претседател станува нестрплив

Утрински - 23.01.2003

ВАШИНГТОН - Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека Ирак не се разоружува и ги повикува опозициите на своите сојузници да се приклучат кон борбата која е на повидок. Тој покажа нетрпение спрема инспекторите за оружје на Обединетите нации на кои им треба повеќе месеци за да ги проверат ...

Франција и Германија прославија 40 години пријателство со став против војна со Ирак

Вест - 23.01.2003

Претседателите Ширак и Шредер со своите министри во Париз одбележаа 40 години од Елисејскиот договор за помирување ПАРИЗ, 23 јануари (АП) - Франција и Германија вчера прославија 40 години од Елисејскот договор за помирување со најавата на серија мерки што уште повеќе ќе ги зближат некогашните ...

Садам Хусеин ќе го бомбардираат во февруари

Утрински - 23.01.2003

Руската воена разузнавачка служба го откри американски план за напад на Ирак Од нашиот дописник Бранко ВлаховиЌ МОСКВА - Руската воена разузнавачка служба успеа да дојде до информации за точниот план на американскиот напад на Ирак.

Русија: САД ќе го нападнат Ирак на средината на февруари

Вест - 23.01.2003

МОСКВА, 23 јануари (Ројтерс) - Руските вооружени сили дошле до информација дека САД и нивните сојузници одлучиле да почнат воена акција во Ирак од средината на февруари, соопшти руската новинска агенција Интерфакс. Цитирајќи неименуван висок извор во руската армија агенцијата наведува дека САД ...

Нападот врз Ирак ќе почне во февруари

Дневник - 23.01.2003

ПЕНТАГОН НАВЕСТИ, МОСКВА ПОТВРДУВА Сојузничката операција за соборување на режимот на Садам Хусеин може да почне по еден месец, објавија извори на Пентагон, а таа информација ја потврдија и руски офицери Основа на процените на Пентагон е наредбата за испраќање на уште два носачи на авиони и ...

Церемонијата во сенка на кризата во Ирак

Утрински - 23.01.2003

Одбележана 40-годишнината од француско-германскиот билатерален пријателски договор Париз и Берлин одлучни да го избегнат конфликтот со Багдад ПАРИЗ - Франција и Германија вчера објавија дека се одлучни да го избегнат конфликтот во Ирак, но одбија да откријат како ќе гласаат ако Советот за ...

Германија нема да поддржи војна во Ирак

А1 - 22.01.2003

Германскиот канцелар Герхард Шредер изјави синоќа дека неговата земја нема да гласа за резолуција на ОН со која би се поддржала војната против Ирак. „Немојте да очекувате дека Германија ќе се согласи со резолуција која ќе ја оправда војната“, нагласи Шредер.

Војната во Ирак ќе почне за еден месец, тврди Пентагон

А1 - 22.01.2003

Воените дејствија против Ирак може да почнат за еден месец, соопштија официјални претставници на Пентагон. Проценките на Пентагон се засновани врз вчерашната наредба на американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд за испраќање во Персискиот Залив на уште два носачи на авиони и придружни ...

Критична недела за можната војна во Ирак

Утрински - 22.01.2003

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ/БАГДАД - Соединетите Американски Држави бараат Советот за безбедност да ги прифати одговорностите за Ирак и да не ги избегнува тешките избори како што е военото натрупување на сили во Заливот и да ги зголемува шпекулациите за војната којашто е на повидок.

Конференција за Ирак во Турција

Утрински - 22.01.2003

Во обид да се спречи војната на Блискиот Исток АНКАРА - Турција вчера соопшти дека ќе биде домаќин на конференцијата на министрите за надворешни работи од земјите на Блискиот Исток која ќе се одржи оваа недела, со надеж дека ќе ја спречи војната со Ирак.

На инспекторите им требаат уште неколку месеци работа во Ирак

Вест - 22.01.2003

АТИНА, 22 јануари (Ројтерс) - Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи вчера изјави дека потребни се уште неколку месеци за да се заврши со потрагата по оружје за масовно уништување во Ирак. "Потребни ни се уште неколку месеци пред да ја завршиме нашата работа и токму ...

Секој четврти британски војник доби билет за Ирак

Дневник - 22.01.2003

МАСОВНА МОБИЛИЗАЦИЈА НА ОСТРОВОТ Британија најави дека ќе испрати 30.000 војници, офицери и помошен персонал за евентуалната војна против Ирак, јави Ројтерс. Секретаријатот за одбрана најавуваше голема мобилизација, но никој не очекуваше дека Британија ќе испрати кон Ирак дури една четвртина од ...

Бликс не е сигурен што пронашле неговите инспектори во Ирак

А1 - 21.01.2003

Шефот на инспекцијата на Обединетите нации во Ирак Ханс Бликс доцна синоќа во Атина не можеше да потврди дали инспекторскиот тим во Ирак пронашол било какво недозволено оружје за масовно уништување. Бликс, по состанокот со шефот на грчката дипломатија Јоргос Папандреу, пред новинарите избегна да ...

Франција се противи на можниот напад на Ирак

А1 - 21.01.2003

Франција му порача синоќа на Советот за безбедност дека нема никаква причина за воена акција против Ирак, алудирајќи дека може да стави вето на евентуалната нова резолуција за напад врз Ирак. Постојаните членки на Советот за безбедност длабоко се поделиле околу ирачкото прашање, велат информациите ...

Ирак со сопствени тимови ќе го бара забранетото оружје

Утрински - 21.01.2003

Багдад покажа помирувачки тон по дводневните разговори со првите инспектори на ОН БАГДАД - Ирак вчера вети поголема помош за експертите на ОН за оружје, истакнувајќи дека формира сопствени инспекторски екипи кои ќе бараат забрането оружје.

Садам Хусеин не заминува во егзил

Утрински - 21.01.2003

Ирак БЕЈРУТ - Специјалниот пратеник на Садам Хусеин вчера ги негираше сите тврдења за тоа дека претседателот заминува во егзил и изјави дека сите Ирачани - од деца, па до највозрасните - ќе се борат да го одбранат нивниот лидер од странската инвазија.

Ирак ќе се потруди повеќе да соработува со инспекцијата на ОН

Вест - 21.01.2003

Главниот инспектор на ОН Ханс Бликс на вчерашната средба со ирачкиот министер за надворешни работи Наџи Сабри во Багдад БАГДАД, 21 јануари (Ројтерс) - Главниот инспектор за вооружување на ОН Ханс Бликс вчера изјави дека во двата дена разговори со Ирак биле надминати бројни практични прашања, но ...

Агенти и командоси трагаат по Садам

Дневник - 21.01.2003

САД БАРААТ АЛТЕРНАТИВНИ РЕШЕНИЈА НА ИРАЧКАТА КРИЗА Локацијата на Садам Хусеин е важна за американските сили затоа што неговата елиминација треба да биде главната цел на планираната воена интервенција Специјална американска единица на чело со агенти на Централната разузнавачка агенција се обидува да ...

Садам нема намера да се повлече од власта

Вест - 21.01.2003

Багдад, 21 јануари - Специјалниот пратеник на ирачкиот претседател, Али Хасан ал Мажид вчера ги негираше информациите дека постојат планови за повлекување на Садам Хусен од должноста, додавајќи дека "сите Ирачани, од најмлад до најстар, ќе застанат во одбрана на својот водач и претседател од ...

Шредер демантира дека има брачни проблеми

Вест - 21.01.2003

БЕРЛИН (Ројтерс) - Германскиот канцелар Герхард Шредер и неговата сопруга ги одрекуваат извештаите во германските и британските медиуми дека имаат брачни проблеми и го осудија вниманието што беше насочено кон нивниот приватен живот.

Ирачките власти се согласија на подобра соработка со ОН

А1 - 20.01.2003

Главниот експерт на ООН за разоружување на Ирак, Ханс Бликс денеска во Багдад објави дека постигнал договор за подобра соработка на ирачките власти со неговите инспектори, јавија агенциите. „Договорот, што содржи десет точки, предвидува пристап кон сите локации, вклучително и приватните куќи“, ...

Протести до САД: "Оставете го Ирак на мир!"

Дневник - 20.01.2003

ДЕМОНСТРАЦИИ ПРОТИВ НАПАДОТ НА ИРАК Илјадници Американци завчера се собраа во Вашингтон и во Сан Франциско и одржаа антивоени демонстрации, барајќи од Белата куќа да се повлече и да ги остави инспекторите од ОН да ја извршат својата работа, јави Ројтерс.

Ирак станува нов Виетнам за Американците

Утрински - 20.01.2003

Големи антивоени протести во САД и дваесетина земји во светот Против војна се холувудските ѕвезди, синдикалците, анархистите и воените ветерани Денот обележан со протести против можната војна против Ирак под водство на САД кулминираше во џиновско мировно рели во Вашингтон, Сан Франциско и во други ...

Садам не бара земја за егзил

Утрински - 20.01.2003

ДОХА - Информациите дека Садам Хусеин можеби ќе замине во егзил се "бесмислици", изјави во саботата роднината на ирачкиот претседател Али Хасан ал-Маџид. "Тие се бесмислици и една од методите на психолошка војна против Ирак", изјави Маџид, кој е член на Револуционерниот команден совет на Ирак, за ...

Приватниот живот на германскиот канцелар - хит во Британија

Утрински - 20.01.2003

Британските весници не даваат пет пари за тужбите на Шредер ЛОНДОН - Британскиот весник "Меил он Сандеј" се спротивстави на обидите на германскиот канцелар Герхард Шредер да му забрани да ги повтори информациите за неговиот приватен живот.

Судбината на Ирак зависи од дуелот меѓу "јастребот" Ричард Чејни и "гулабот" Колин Пауел

Дневник - 20.01.2003

"ТАЈМС" ГИ АНАЛИЗИРА АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЕНИ ПЛАНОВИ Американските власти планираат да ја применат "косовската опција" - Буш да може да почне напади и без поддршка од Обединетите нации, ако добие доволно поддршка од другите странски центри Клучните соработници на американскиот претседател Џорџ В.

Откриените контроверзни документи не се доказ

Утрински - 20.01.2003

Ханс Бликс, главниот инспектор на ОН, во мисија на последна шанса во Ирак Главните инспектори за оружје на ОН пристигнаа во Ирак за да извршат притисок за поактивна соработка со меѓународните инспектори околу барањата за информации за програмите за оружје.