Турскиот министер за надворешни работи Јашар Јакиш изјави денеска дека е многу веројатно турскиот Парламент во вторник да гласа за предложеното распоредување на американските војници во Турција при евентуалниот напад на Ирак.
Нацртот на новата резолуција за Ирак, со која ќе се отвори пат за воена интервенција, пред Советот за безбедност на ОН ќе му биде претставена веќе наредната седмица, можеби уште в понеделник, сопшти портпаролот на Белата куќа Ари Флечер.
Вашингтон соопшти дека распоредил доволен број сили во Заливот за напад врз Ирак КЕНЕСО - САД во четвртокот соопштија дека распоредиле доволен број сили во Заливот за напад врз Ирак кој може да се случи во кое било време, а повисоки американски претставници изјавија дека Вашингтон следната недела ...
ИСТАНБУЛ/БУКУРЕШТ, 22 февруари (Ројтерс) - Турскиот премиер Абдула Ѓул вчера изјави дека "меѓусебно разбирање" во разговорите со Вашингтон за отворањето на турските воени капацитети за американските војници при евентуален напад од Ирак и додаде дека преговорите ќе продолжат.
ВАШИНГТОН ЈА КРОИ СУДБИНАТА НА ИРАК Американците и Британците веќе имаат доволно сили во регионот на Персискиот залив за да ја спроведат планираната интервенција врз Ирак, но распоредувањето војска и опрема ќе продолжи со предвиденото темпо, предупреди шефот на Пентагон, Доналд Рамсфелд, јави ...
РАШТИМАН ДРЖАВЕН ВРВ Владата уште нема официјална јавна позиција за ставот на Македонија во врска со застанувањето на страната на САД, или на онаа на Европејците, предводени од Франција и Германија. Црвенковски неофицијално...
МОСКВА, 21 февруари, (Ројтерс) - Русија вчера ги нападна САД за притисокот што го прават врз инспекторите на ОН во Ирак, барајќи од нив извештаи кои ќе се користат како предтекст за напад врз земјата.Русија, исто така вчера побара од Багдад целосна соработка со меЃународните инспектори.
Анкара не му верува на зборот на Вашингтон АНКАРА - Вчера турскиот лидер Таип Ердоган беше цитиран како вели дека Турција нема да ги отвори своите бази за американските сили доколку Вашингтон писмено не гарантира дека ќе достави помош, како и за турската улога во каква било војна против Ирак.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ САМ ГО УТВРДИ ПРИОРИТЕТОТ ЗА МАКЕДОНИЈА Претседателот Борис Трајковски завчера му дал овластување на амбасадорот на Македонија во Обединетите нации Срѓан Керим да ја пренесе безрезервната поддршка за акцијата врз Ирак.
АНКАРА, 21 февруари (АП) - Турскиот челник на владеачката Партија за обнова и развој Таип Ердоган, вчера изјави дека Анкара нема да ги отвори своите бази за американските војници се додека не добие писмена потврда од ВаШингтон за економска помоШ на Турција и улогата Што оваа земја би ја имала во ...
КЕРИМ ВО ООН Македонија смета дека режимот на ирачкиот претседател Садам Хусеин е "закана за меѓународниот мир" и дека е потребно Советот за безбедност на ОН да ги преземе сите неопходни мерки да се отстрани оваа закана. Ова е македонскиот официјален став за ирачкото прашање, кое завчера во Советот ...
Македонскиот амбасадор зборуваше во Обединетите нации во расправата за Ирак Македонскиот амбасадор Срѓан Керим, во расправата за Ирак во ОН, го обвинил Багдад дека ја прекршил релевантната Резолуција на Обединетите нации и го повикал Советот за безбедност да преземе неопходна и соодветна акција ...
Припадници на американската 522. оклопно-транспортна единица се истоварија во Турција, без претходно Парламентот во Анкара да дозволи распоредување странски војници и воена опрема на нејзина територија за потребите на САД при евентуална воена интервенција во Ирак.
Република Македонија смета дека режимот на Садам Хусеин е закана за меѓународниот мир и потребно е Советот за безбедност на ОН да ги преземе сите неопходни мерки за отстранување на таа закана. Ова е ставот на Македонија во врска со ирачкото прашање кој, како што изјави денеска претседателскиот ...
Мнозинство од околу 60 земји, што изминатите два дена учествуваа во ирачката расправа во Советот за безбедност на ОН, се спротивставија на можната војна против Ирак и го поддржаа продолжувањето на работата на меѓународните инспекции.
САД и Британија работат на нова резолуција на Советот за безбедност за Ирак ОН/АНКАРА - Соединетите Американски Држави и Велика Британија вчера работеа на резолуција на ОН за да го смират глобалното спротивставување за војна, со одобрување на напад врз Ирак од страна на западните сили кои се ...
Вашингтон е остар спрема оние што бараат повеќе време за инспекциите на ОН ПАРИЗ - Американскиот државен секретар Колин Пауел ги обвини земјите како Франција дека сакаат повеќе време за инспекциите за оружје во Ирак поради тоа што се ?плашат" од одговорноста за можната војна за разоружување на ...
Германско несогласување со намерите на Вашингтон и на Лондон БЕРЛИН - Германскиот канцелар Герхард Шредер во вторникот изјави дека не верува оти во овој момент има потреба од тоа Советот за безбедност на ОН да преземе мерки за втора резолуција со која ќе се одобри нападот на Ирак.
ДИПЛОМАТСКА ПОДГОТОВКА НА ТЕРЕНОТ ЗА ВОЈНА ВРЗ ИРАК Американскиот претседател Џорџ В. Буш изјави дека антивоените протести на 6 милиони луѓе низ светот за време на викендот нема да го разубедат од ставот дека само со сила може да се разоружи ирачкиот лидер Садам Хусеин, со или без резолуција од ...
Што покажа најновиот спор во АлијансатаНАТО: Дали сојузот повеќе не е вистински сојуз?Дел од европските членки не се подготвени за вклучувањето на НАТО во воени активности надвор од неговиот "театар", а воедно сметаат дека Алијансата треба да остане одбранбена организација "Надвладеа солидарноста ...
САД и нивните сојзници наскоро пред Советот за безбедност на ОН ќе излезат со нова предлог-резолуција за Ирак, изјави американскиот амбасадор во Светската организација, Џон Негропонте. Негропонте потврди дека со делегацијата на Велика Британија во текот на последните два дена го усогласувале ...
НАТО денеска во Брисел одобри распоредување одбранбени системи во Турција при евентуална војна во Ирак. Одбранбени системи на Турција вклучуваат авиони од типот „АВАКС“, ракетни системи „Патриот“ и елементи за хемиска и биолошка заштита.
ПОРАДИ ОТПОРОТ ОД ЈАВНОСТА Американските и британските воени планери ја разгледуваат можноста воената операција во Ирак да почне наесен, кога се очекува јавноста да поддржи таква акција, јави Макфакс, пренесувајќи извештаи на британските весници.
Шефот на дипломатијата на Саудиска Арабија ги предупредува САД ДУБАИ - Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Саут ал Фајсал, ги предупреди САД дека започнувањето на војна со Ирак без поддршка од страна на ОН ќе биде "агресивна војна" и ќе го дестабилизира целиот Блиски Исток.
ЛОНДОН, 19 февруари (Ројтерс) - Британскиот премиер Тони Блер вчера изјави дека преферира да се донесе нова резолуција на ОН пред да почне воена инвазија на Ирак и дека се уште не е донесена конечна одлука за дејствување против Ирак.
ЕУ не ја исклучи војната како последно средство БРИСЕЛ - Лидерите на Европската унија се обединија во понеделникот за да го предупредат Ирак дека инспекциите на ОН за оружје не можат да продолжат неограничено време без соработка од Багдад и првпат се изјаснија дека војната би можела да биде ...
Турција ќе испрати меѓу 40 и 55 илјади војници на север од Ирак, за да создаде тампон зона при евентуална војна во оваа држава. Предвидено е тампон - зоната да го спречи и евентуалното основање независна курдска држава на територија на Турција.
Лидерите на државите-членки на ЕУ синоќа во Брисел заземаа заеднички став дека ОН се надлежни за решавање на ирачката криза и дека „војната не е неизбежна“, ако режимот во Багдад ги исполни барањата за потполно уништување на забранетото оружје за масовно уништување.
Престедателот на Евопската комисија Романо Проди се бацува со грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Папандеру пред вчерашната лидерска средба на ЕУ во Брисел БРИСЕЛ, 18 февруари (АП) - Длабоко поделената Европа вчера со напор се трудеше да ги надмине несогласувањата во врска со Ирак и да се ...
По маратонските преговори меѓу членките на алијансата БРИСЕЛ - НАТО го надмина едномесечниот ќор-сокак околу плановите за одбрана на Турција во случај на војна предводена од САД, по маратонските разговори во неделата на комитетот каде што Франција, која не е членка, го блокираше предлогот.
Москва се обидува на некој начин да му помогне на режимот на претседателот Садам Хусеин ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Руските политичари оваа недела ќе направат вистински десант на Багдад. Вчера од Москва кон Багдад летна делегација од 60 политичари и угледни научници кои на тој начин ...
Милионите луѓе на протестите силен сигнал за лидерите БРИСЕЛ - Лидерите на Европската унија вчера одржаа итен состанок во Брисел за да дискутираат за длабоките поделби во однос на можната војна против Ирак. Дописниците јавуваат дека на самитот се очекуваат остри разговори иако постои желба да се ...
БРИСЕЛ, 18 февруари - "Можам да потврдам дека 18 земји-членки на НАТО постигнаа договор за почеток на планирање на обранбени мерки за заштита на Турција, изјави доцна вечерта во неделата во Брисел генералниот секретар на Алијансата Џорџ Робертсон.
Советот на НАТО синоќа постигна договор за планирање мерки за одбрана на Турција при евентуалната војна во Ирак. „18 сојузници се договорија експертите по воено планирање да почнат со работа“, изјави генералниот секретар Џорџ Робертсон, додавајќи дека и покрај настојувањата одлуката да ја поддржат ...
ЕУ денеска одржува вонреден самит целосно посветен на политиката околу Ирак, за да ги премости оддалечените позиции помеѓу земјите што го поддржуваат американскиот став, предводени од Британија и Шпанија, и државите кои се спротивставуваат на можната војна во Ирак, што ги предводат Германија и ...
ВО САБОТАТА И МАКЕДОНИЈА ДЕМОНСТРИРАШЕ Неколку стотини скопјани во саботата протестираа против можната воена интервенција против Ирак, приклучувајќи се на серијата протести во околу 500 градови во 75 земји во светот. Под мотото "насилството е последниот излез за глупавиот", учесниците во протестот, ...
МАКЕДОНИЈА СЕ ПРИКЛУЧИ НА СВЕТСКИТЕ АНТИВОЕНИ ПРОТЕСТИ "Насилството е последен излез за глупавиот" беше мото на собирот Завчера во Скопје се одржаа мировен протест против можната воена интервенција во Ирак, под мотото "Насилството е последен излез за глупавиот".
БРИСЕЛ, 17 февруари (АП) - Државите од НАТО вчера дебатираа по предлогот на Брисел за ставање крај на спорот околу воената помош за Турција во случај на напад од страна на Ирак кој ги заостри ... БРИСЕЛ, 17 февруари (АП) - Државите од НАТО вчера дебатираа по предлогот на Брисел за ставање крај на ...
Кофи Анан Абу Даби - Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан смета дека можеби ќе биде неопходна втора резолуција за Ирак и оти инспекторската мисија во оваа држава не може да трае бесконечно, доколку не постои соодветна соработка од страна на Багдад.
САД предлагаат голем економски пакет на Турција ВаШингтон - САД предлагаат Турција да добие пакет економска помош во вредност од околу шест милијарди долари и кредитни гаранции од околу 20 милијарди долари во замена за поддршка од Анкара за евентуална воена акција врз Ирак, јавија дел од западните ...
Франција уште еднаш ја блокираше одлуката за одбрана на Турција БРИСЕЛ - НАТО вчера изгледаше подготвен да постигне компромисен договор за да го реши ќорсокакот во кој западна во врска со планирањето за одбрана на Турција во случај на војна против Ирак предводена од САД, меѓутоа сепак останаа ...
Реакции на извештајот на Ханс Бликс дека во Ирак не е најдено оружје за масовно уништување Американскиот државен секретар Колин Пауел изјави дека неговата земја ќе почека уште неколку недели пред да одлучи дали Ирак ја почитува резолуцијата 1441 на Советот за безбедност (СБ) на Обединетите нации ...
Во саботата се одржа мировен протест на неколку стотини граѓани на Македонија "Стоп на војната во Ирак, дајте му шанса на мирот", "Доста војни, насилство и криминал, доста крв за нафта", "Доста се војни, да водиме борба за нивно укинување", се само дел од пораките што беа упатени на саботниот ...