TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Жестоки престрелки и денеска

А1 - 12.08.2001

Татнежи од артилериски оган утрово околу 8 часот доаѓаа од селото Љуботен на Скопска Црна Гора, на 15 километри од Скопје. Македонските безбедносни сили возвратија на нападите што утрово ги извршиле терористите на полициската станица во селото Љубанци - потврдија извори во министертството за ...

Нападите кај Радуша се поинтензивни

А1 - 11.08.2001

Во последните неколку часа неколку стотици терористи успеале да се префрлат од косовска на македонска страна и да ги напаѓаат позициите на македонските безбедносни сили. Од македонска страна жестоко се одговара. Во одбраната се вклучени хеликоптерите на АРМ и во тек е не само воена, туку и ...

Нападнати пунктови на полицијата и на АРМ кај Радуша и Чашка

Вест - 11.08.2001

Во четвртокот, во вечерните часови, албанските терористи во три наврати во текот на ноќта жестоко ги нападнале пунктовите на македонските безбедносни сили кај Радуша, при што еден припадник на АРМ бил повреден. Првиот напад бил во 20 чаот и 15 минути кога терористите го нападнале полицискиот пункт ...

Загинаа уште седум војници

Вест - 11.08.2001

КАЈ ЉУБОТЕН, БЛИЗУ СКОПЈЕ, АРМИСКО ВОЗИЛО НАГАЗИ НА ДВЕ МИНИ Во страотните експлозии на самото место загинале шест војници од резервниот состав на АРМ, а уште еден од десеттемина повредени им подлегнал на повредите на патот до Воената болница во Скопје, соопшти вчера...

Немаме избор, избрани сме да се бориме

Дневник - 11.08.2001

Коментар - Георги Барбаровски Македонија вчера даде уште најмалку седум жртви. Само што погреба десет млади војници во Прилепско, мораше да копа нови гробови во Скопско. Пред тоа крвавеа Битола, Драчево, Македонска Каменица...

Терористите со камиони ги извлекуваат мртвите

Дневник - 11.08.2001

РЕШИТЕЛНА АКЦИЈА во ТЕТОВО Kомандантите на ОНА вчера во паника се јавиле во логистичката база во Косово, за да известат дека имаат повеќе од 300 мртви и огромен број ранети Големи армиски и полициски сили вчера водеа жестока и молскавична акција за ослободување на Тетово и околината, во која ...

Вашингтон стои зад терористичките напади во Македонија

Дневник - 11.08.2001

Мишел Чосудовски - Анализа Додека државниот секретар Колин Пауел ја потврдува американската решителност "да се бори против тероризмот", американски воени советници се борат рамо до рамо со терористите Помеѓу бунтовниците што беа преместени од Арачиново имаше 17 "инструктори" - поранешни американски ...

ОНА напаѓа од периферијата, градот под контрола на АРМ и на полицијата

Вест - 11.08.2001

ЗАВЧЕРА ДЕСЕТЧАСОВНА БОРБА ЗА ТЕТОВО Во жестокиот вкрстен оган врз АРМ и полицијата во Тетово, се вклучија и жители, етнички Албанци, кои пукаат од становите. Полесно повредени тројца војници на АРМ и двајца полицајци, но и цивили, Македонци ...

Седум македонски војници загинаа од мини на терористите

Дневник - 11.08.2001

ПОДМОЛЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД КАЈ СКОПСКОТО СЕЛО ЉУБАНЦИ По експлозијата на мините терористите со пешадиско оружје стрелале кон преживеаните војници, кои возвратиле и успеале да го одбијат нападот Седум војници на АРМ загинале, а девет биле ранети кога воен камион нагазил на две противтенковски мини ...

Нови седум жртви на македонските безбедносни сили

А1 - 10.08.2001

Седум војници од резервниот состав на АРМ загинаа, а осум се повредени утрово во осум часот на патот меѓу скопските села Љубанци и Љуботен кај месноста Љуботенски бачила на Скопска Црна Гора. Во експлозијата се повредени припадниците на АРМ Томе Димовски, Штерјо Филиповски, Сашо Трајковски, Зоран ...

Терористите тврдат дека не се одговорни за убиството на војниците

Вест - 10.08.2001

Терористите на ОНА вчера за странските агенции изјавија дека не се одговорни за смртта на десеттемина македонски војници. Во изјавата за АП висок командант на терористите, кој инсистирал да биде анонимен, изјавил дека "жали за смртта на војниците" и инсистирал: "Ние не ...

Терористите планирале да ја освојат полициската станица на Бит—пазар

Дневник - 10.08.2001

МВР ВО ЧАИР СПРЕЧИЛА ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ОНА Доброупатени извори велат дека се чекало на две големи групи терористи за да се изведе акцијата за освојување на полициската станица, на која планирале да постават албанско знаме Групата терористи од кои петмина беа убиени, а петмина уапсени во акцијата на ...

Воениот конвој бил испратен како на екскурзија!

Дневник - 10.08.2001

На заседата каЈ ГрупЧин и претходеле катастрофални грешки Процената била дека конвојот ќе помине понезабележливо ако војниците бидат префрлени со обични автобуси и без посебна придружба На подмолната заседа на албанските терористи на воениот конвој на АРМ му претходела катастрофално лоша процена на ...

Терористите кај Групчин масакрираа, политичарите во Охрид парафираа

Дневник - 09.08.2001

ВО ПОДМОЛНА ЗАСЕДА УБИЕНИ ДЕСЕТ ВОЈНИЦИ НА АРМ Поголеми групи терористи влегуваат во Тетово од повеќе страни, го малтретираат македонското цивилно население и ги напаѓаат пунктовите на АРМ Десет македонски војници се убиени, а тројца се ранети во жесток напад со рачни минофрлачи врз конвој на АРМ, ...

Во Тетово се пукаше од сите страни, Македонците во паника

Вест - 09.08.2001

Во Тетово, вчера владееше голема напнатост. Во градот се пукаше од сите страни. Македонците се во паника. Продавниците од раните пладневни часови беа затворени, а минувачите на улиците беа ретки. Неофицијални информации говорат дека поголема група терористи биле забележани околу Шарената џамија, ...

Пилоти со невооружени хеликоптери спасиле тројца војници

Дневник - 09.08.2001

Два безмерно храбри пилоти на АРМ со невооружени хеликоптери влетаа среде битка и успеаја да ги евакуираат тројцата ранети војници од конвојот што беше нападнат од осумдесетина терористи кај селото Групчин. Во нападот загинаа десет резервисти на АРМ. Нападот почнал околу 9.30 часот.

Десет мртви и двајца повредени војници на АРМ во напад на албанските терористи близу Групчин

Вест - 09.08.2001

Десет војници на АРМ загинаа, а тројца се повредени во нападот на албанските терористи вчера претпладне врз конвој воени возила на патот Тетово - Скопје Десет војници на АРМ загинаа, а тројца се повредени во нападот на албанските терористи вчера претпладне врз конвој воени возила на патот Тетово - ...

Тетово под оган

А1 - 08.08.2001

Едно лице мртво, а две потешко повредени - е билансот од денешните вооружени дејства на албанските терористи во Тетово. Сулејмани Лимани на 35 годишна возраст подлегна, по 30-тина минути, на прострелните рани во десната надлактица и надколеница и во стомакот.

Во Чаир застрелани петмина припадници на ОНА

Вест - 08.08.2001

ЛИКВИДИРАНО ТЕРОРИСТИЧКО ГНЕЗДО ВО СКОПЈЕ Во масовна полициска акција во која учествувале 300 припадници на МВР од специјалниот состав, вчераутро околу 5 часот, во скопската населба Чаир и Гази Баба е разбиено терористичко гнездо.

Убиени пет албански терористи

А1 - 07.08.2001

Пет албански терористи се усмртени изутрината во операцијата на специјалните сили на македонската полиција, при обид да се изврши претрес во куќа во близина на Гази Баба. Петтемината убиени терористи се платеници во редовите на ОНА дојдени од Албанија.