TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Балканот има европска перспектива, но откако ќе се реформира Унијата

Утрински - 12.05.2006

Претседателот на Европската комисија, Баросо, го претстави документот за иднината на ЕУ Според се, 2008 ќе биде клучна година за проширувањето, зашто во 2007 се изборите во Франција и во Холандија Од нашиот дописник Тони Гламчевски Нанси -Пред 2008 година не би требало да се очекува ниту една ...

Не може кој сака во ЕУ

Вечер Прес - 12.05.2006

Европската унија мора да ги почитува преземените обврски за нејзино проширување, но исто така потребна е и расправа за тоа што идните проширувања ќе значат за Унијата во целина, се наведува во документот за "апсорпционата моќ" усвоен од Европската комисија, завчеравечер во Брисел.

Проширувањето на ЕУ да продолжи, но до каде

Време - 11.05.2006

БРИСЕЛ СО СТАРИТЕ ДИЛЕМИ Проширувањето на ЕУ треба да продолжи, но во исто време треба јасно да се утврди до каде ќе се движат границите, дали сите што сакаат можат да станат членки на Унијата. Тоа е дел од препораките од документот на Европската комисија околу иднината на европскиот устав и ...

Ќе не примат ако сакаат

Вечер Прес - 11.05.2006

Европската унија останува "ЗА" проширување, но ќе отвори дебата дали сите кои сакаат можат да станат нејзини членки, се вели во нацрт-извештајот за "апсорпционата моќ", кој го подготвува Европската комисија, пренесе вчера "Ројтерс".

Треба да се утврди како проширувањето ќе влијае на ЕУ

А1 - 10.05.2006

ЕУ мора да ги почитува преземените обврски за прием на нови членки, но притоа мора да се утврди како проширувањето ќе влијае на Унијата, се наведува во документот на Европската комисија, која ја започна дебатата за иднината на Европа во пресрет на јунскиот лидерски самит.

ЕК ја дефинира „апсорпционата моќ“

А1 - 10.05.2006

Унијата ќе остане на ставот за проширување, но ќе ја отвори и дебатата дали сите кои тоа го сакаат може да станат нејзини членки. Ова е суштината од нацрт извештајот кој го подготвува Европската комисија околу дефинирањето на „апсорпционата моќ“ на Унијата и околу иднината на заедничкиот Устав.

Баросо: Ќе победиме во дебатата за проширување на ЕУ

Канал5 - 10.05.2006

Се отвора дебатата за идното проширување на Европската унија. Во документот насловен како „Агенда за граѓаните“ усвоен на денешната седница на Европската комисија, дадени се контурите на расправата за натамошното проширување. Се отвора дебатата за идното проширување на Европската унија.

Реформите ќе ги држат отворени портите

Време - 10.05.2006

ТРИБИНА ЗА ЕУ И ЗА ПРОШИРУВАЊЕТО Проширувањето на Европската Унија ќе биде забавено се додека ЕУ не најде решение за уставната криза, а Македонија може да се надева на почеток на преговорите доцна во 2007 или во 2008 година, оценија дел учесници на вчерашната трибина за апсорпциските капацитети на ...

Проширувањето е обврска и за ЕУ и за нас

Време - 09.05.2006

РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА ЗА „ВРЕМЕ“ Идеите и визионерски зборови на Роберт Шуман пишувани пред четириесетина години на излезот од Втората светска војна важат и денес. Тоа се зборови на солидарност низ која европските држави стасаа во просперитет, прогрес и мир.

Рен: Проширувањето на ЕУ ќе забави

Макфакс - 09.05.2006

Брисел Проширувањето на Европската унија ќе забави и нема да има нов прием на членки, најмалку до 2009 година, по приемот на Бугарија и Романија. Ова, денеска во Брисел, во Европскиот политички центар го изјави еврокомесарот за проширување Оли Рен.

Европејците стравуваат од проширувањето на ЕУ

Време - 08.05.2006

ЕВРОБАРОМЕТАР Околу 63 отсто од граѓаните на Европската Унија стравуваат дека понатамошното проширување на ЕУ ќе ги зголеми проблемите на пазарот на работна сила во нивните држави, покажуваат најновите резултати од испитувањето што го спроведе Евробарометар, пренесе МИА.

Европејците скептични за ширењето на ЕУ

Дневник - 08.05.2006

Околу 63 отсто од граѓаните на Европската Унија стравуваат дека понатамошното проширување на ЕУ ќе ги зголеми проблемите на пазарот на работна сила во нивните држави, покажуваат резултати од анкета, јави МИА. На прашањето: „Дали сметате дека понатамошното проширување ќе ги зголеми проблемите на ...

Анкета – Огромно мнозинство Австријци против проширување на ЕУ

Макфакс - 08.05.2006

Брисел Австријците, чија земја претседава со Европската унија се во групата најголеми противници на проширувањето, покажува испитување на Евробарометар. Според последната анкета, стравот од натамошното ширење на ЕУ најизразен е на Кипар – 82 отсто, Германија (80), Австрија (75) и во Франција – 72 ...