TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Идентификувани пет тела, меѓу нив не е телото на Трајковски

А1 - 29.02.2004

Судските вештаци и експертите идентификувале пет тела од 9-те загинати во авионската несереќа кај Мостар. Според првичните информации идентификувани се: Димка Илкова Бошковиќ , Анита Лозановска Кришан советнички во кабинетот на Трајковски, Ристо Блажевски од МНР , Аце Божиновски од обезбедувањето ...

Црната кутија нема да оди во Париз, вели Црвенковски

А1 - 29.02.2004

Не знам каде ќе ја пратат црната кутија, но знам каде нема да ја пратат изјави попладнето премиерот Црвенковски во Босна прецизно сугерирајќи дека црната кутија од срушениот авион нема да оди на испитување во Париз. Дилемите за тоа каде ќе се прегледуваат снимените материјали во црната кутија се ...

Црвенковски ja заврши посетата во Сараево и Мостар

А1 - 29.02.2004

Македонскиот премиер Бранко Црвенковски ја заврши посетата на Сараево и на Мостар, каде престојуваше со цел изворно да се информира за деталите околу истрагата за авионската несреќа во која трагично загина претседателот Борис Трајковски.

ЦРВЕНКОВСКИ: ИНСИСТИРАВМЕ НА ПОБРЗО РАСВЕТЛУВАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ

Канал5 - 29.02.2004

- “Инсистиравме на што побрзо расветлување на вистината затоа што се работи за голема трагедија за нашата земја. Изгубени се девет животи, меѓу кои и животот на претседателот на државата”, изјави попладнево на прес-конференција во Мостар македонскиот п - “Инсистиравме на што побрзо расветлување на ...

ПИЛОТ НА ЛУФТХАНЗА ЗА ВЕСНИКОТ НОВИ ЛИСТ ОД РИЕКА -Несреќа поради дефект или лошо наведување?-

Канал5 - 29.02.2004

Откако е утврдено дека авионот на македонската Влада удри во ридот Матиц кое се наоѓа непосредно до селото Хусковици, нешто повеќе од 8 миљи (или околу 15 км) од пистата на мостарскиот аеродром, односно дека авионот летал од правец на Столац кон Мостар и Откако е утврдено дека авионот на ...

Заврши истрагата, пронајдено и последното тело

А1 - 28.02.2004

Официјално завршена е истрагата на теренот каде се урна авионот во кој беше претседателот Борис Трајковски и уште осум лица. Пронајдени се остатоците и на деветтото тело и сите тела се префрлени на обдукција во Мостар. Екипите на судските вештаци и крим техничарите веќе се повлекоа од местото на ...

Падот на авионот обвиен во многу неразјаснети околности

А1 - 28.02.2004

Македонскиот „Кингер“ паднал на 7 километри оддалеченост од пистата во Мостар и тоа летал во правец кон аеродромот велат најновите информации до кои дојде А1. Спорно е зошто авионот летал на висина од 500 метри во толку опасен планински предел.

Извор од МВР: „Доколку не откажал моторот одгвоворноста ја сносат СФОР“

А1 - 28.02.2004

„Доколку со истрагата се докаже дека не откажал моторот на авионот, директна одговорност за падот на авионот сносат контролорите на летот од Мостар, односно францускиот батаљон на СФОР“, изјави за агенцијата „Бета“ извор близок до истражниот тим на БиХ, кој го испитува падот на авионот во кој ...

Босанските власти и СФОР во конфликт поради изјавите

А1 - 28.02.2004

Контрадикторноста во изјавите на босанските власти доаѓаат од еден извор СФОР. Ова е ставот на официјално Сараево, кое влезе во конфликт со мировниците за времето на акцијата за пронаоѓањето на телата на загинатите. СФОР се брани ние само им олеснувавме на босанските власти.

Не се знае каде ќе се дешифрира црната кутија

А1 - 28.02.2004

Црната кутија и уредот за снимање на разговорите од паднатиот авион ќе се дешифрираат во Нинберг, Германија, или Вичита, САД, потврдија за А1 владини извори. За да се избегне некакво влијание во истрагата овие материјали нема да се носат во Париз како што беше претходно најавено, бидејќи французи ...

Таинствено заминување на Црвенковски за Сараево

А1 - 28.02.2004

Црвенковски вечерва во 20 часот пристигна на аеродромот во Сараево и веднаш замина на средба со својот босански колега Аднан Тензиќ. Македонскиот Премиер имаше билатерални средби и со претставници на СФОР. Се сретна со бригадниот генерал Јанг на кого Црвенковски му го пренесе инсистирањето за ...

Утврден идентитетот на 4 лица, претседателот не е меѓу нив

А1 - 28.02.2004

Патолозите до сега го утврдиле идентитетот на четворица од загинатите во уривањето на авионот во кој се наоѓаа претседателот Трајковски и македонската делегација. Меѓу идентификуваните не е телото на претседателот Трајковски.

МВР НА БИХ: СИТЕ ДЕВЕТ ПАТНИЦИ ПОЧИНАЛЕ ВЕДНАШ ПО ПАДОТ

Канал5 - 28.02.2004

Министерството за внатрешни работи на Босна и Херцеговина ги отфрли денеска како ”груби шпекулации” информациите објавени во дел од босанските медиуми, дека македонскиот претседател Борис Трајковски бил жив неколку минути по падот на авионот во кој се нао Министерството за внатрешни работи на Босна ...

„Суперкингер" еден од најсигурните бизнис-авиони

Утрински - 28.02.2004

Реакција на производителот на авионот Производителот на авиони „Рејтон ер крафт" ги демантираше шпекулациите што произлегоа од Контролата на летање во Мостар дека, можеби, причина за несреќата на авионот било замрзнување на крилата на авионот на височина над 700 метри.

СФОР се правел ќор?

Дневник - 28.02.2004

Младен Иваниќ, министер за надворешни работи на БИХ, вчера соопшти дека владините сили успеале да ги пронајдат остатоците од авионот за само два и пол часа. Иваниќ изјави дека од СФОР ќе се бара детаљна информација за тоа зошто истрагата на натовци траела толку долго и била безуспешна.

ВМРО-ДПМНЕ побара Владата да испрати „волци“ во БиХ

Време - 28.02.2004

НЕЗАДОВОЛНИ ОД ИНТЕНЗИТЕТОТ НА ПОТРАГАТА Најголемата опозициска партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ побара Владата да испрати спасувачки екипи составени од припадници на специјалните полициски и армиски единици за да им помогнат на припадниците на СФОР во потрагата по претседателот Трајковски и по ...

Две минути лет ги делеа од животот

Дневник - 28.02.2004

ОТКРИЕНИ ТЕЛАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ И НА ДРУГИТЕ ЗАГИНАТИ ВО АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА На авионот му недостасувале само две минути до Мостар, но од засега неразјаснети причини, се обидел да слета на една висорамнина Телото на претседателот Борис Трајковски и на сите други осум патници што ...

Авионот летал со два полни резервоари

Време - 28.02.2004

Пилотски и технички авионот бил максимално подготвен. Два од четирите резервоари за гориво на претседателскиот „кингер“ биле наполнети пред да летне, дознава „Време“. Во нив биле наточени вкупно 1.480 литри гориво. Четирите резервоари собираат 2.100 литри.

Владата и официјално го потврди загинувањето на Трајковски

Утрински - 28.02.2004

Еден ден по трагедијата на авионот со кој патуваше шефот на државата ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Македонската Влада вчера официјално потврди дека ниту еден патник не ја преживеал трагедијата на авионот кој се урна во близината Мостар, а во кој беа претседателот Борис Трајковски, шестчлената делегација која ...

ИЗВОР ВО МВР НА БиХ: АКО НЕ ОТКАЖАЛ МОТОРОТ ТОГАШ ОДГОВОРНОСТ ЈА СНОСИ СФОР

Канал5 - 28.02.2004

"Доколку со истрагата се докаже дека не откажал моторот на авионот, директна одговорност за падот на авионот сносат контролорите на летот од Мостар, односно францускиот батаљон на СФОР", изјави за агенцијата "Бета" извор близок до истражниот тим на БиХ, к "Доколку со истрагата се докаже дека не ...

Авионот летал по лошо време

Утрински - 28.02.2004

Временската состојба на целиот Балкан на денот на несреќата била комплицирана ЗДЕНКА ПАВКОВИЌ Во моментот кога владиниот авион со претседателот на државата, Борис Трајковски, и другите патници летнал кон Мостар, временските услови во регионот на целиот Балкан биле синоптички сложени, со фронтални ...

Времето се влошило во текот на кобниот лет?

Дневник - 28.02.2004

НАГАЃАЊА ЗА ПРИЧИНИТЕ НА НЕСРЕЌАТА Во моментот на несреќата времето било такво што никој не би смеело да лета, тврди "Еуроконтрол" Капетанот на авионот на претседателот Трајковски, пилотот Марковски, во отсуство на официјална забрана за летање, бил единствениот што можел да го одложи летот на ...

СФОР го бараше паднатиот авион на погрешно место

Утрински - 28.02.2004

Надлежните босански органи ги пронајдоа остатоците на авионот само два ипол часа откако им беше дозволено Од нашиот известувач Будо Вукобрат Сараево - Само два и пол часа откога им беше доверено да ја преземат истрагата, надлежните органи и стручните тела на Босна и Херцеговина ги пронајдоа првите ...

Пронајдени телата на претседателот Трајковски и на неговите сопатници

Време - 28.02.2004

ВЧЕРА ВО БЛИЗИНА НА МОСТАР Безживотните тела на претседателот Борис Трајковски и на осумте негови сопатници се пронајдени вчера околу пладне на планината Хргут, дваесетина километри јужно од Мостар, потврдија македонските и босанските власти.

Најдени телата на Претседателот и осумината загинати

Вест - 28.02.2004

Авионот бил скршен на два дела,телата се најдени во трупот Спасувачките екипи во јужна Босна вчера го најдоа телото на претседателот Борис Трајковски во поцрнетиот труп на авионот. Тоа беше едно од деветте јагленисани тела кои ги најдоа спасувачите кои до местото на несреќата мораа да се пробјат ...

Контролата го водела авионот по чудни патишта

Дневник - 28.02.2004

СКАНДАЛОЗНИ ДЕТАЛИ ЗА ЛЕТОТ Сите се збунети од чудното однесување на силите на НАТО по несреќата Француските контролори на летање од составот на СФОР го воделе авионот на претседателот Трајковски по невообичаени патишта, па авионот се урнал на место на кое никогаш не летале авиони, неколку ...

Пронајдени се телата на загинатите

Утрински - 28.02.2004

По 24 -часовна потрага во близина на селото Ротимља се пронајдени остатоците од урнатиот авион Гордана Дувњак Телото на претседателот Борис Трајковски и на осуммината,кои се наоѓаа во авионот "Кингер" што се урна завчера во близина босански Столац, вчера утро се пронајдени во месноста Влака, кај ...

"Црните кутии" испратени на анализа

Дневник - 28.02.2004

Контролата на летот на аеродромот во Мостар го снимила последниот разговор со пилотите на авионот на претседателот Трајковски. Снимката вчера требаше да и биде предадена на македонската комисија во Мостар. - Во околу 8 часот во четвртокот Контролата на летот го прими последното јавување на пилотот, ...

Македонските експерти ја контролираат истрагата

Дневник - 28.02.2004

вицепремиерот манасиевски тврди Владата вчера и официјално потврди дека нема преживеани во авионската несреќа на македонската делегација предводена од претседателот Борис Трајковски, што се случи во близината на Мостар. Се очекува до крајот на денот телата на деветтемина загинати да бидат ...

Започна потрагата по претседателскиот авион

А1 - 27.02.2004

Потрагата започна во 7 часот изутринава, но поради врнежите на дожд е отежната. Претставници на СФОР потврдија дека мултинационалните сили се вклучени во потрагата на теренот на локацииите кои денеска ќе се пребаруваат, истотака со хеликоптери се донесени и припадници на СФОР, кои ќе го чешлаат ...

Пронајдени деветте тела и делови од авионот

А1 - 27.02.2004

Владини извори потврдија дека се пронајдени сите девет тела и делови од урнатиот авион на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, во областа на селото Хусковиќи, во близина на Столац, јужно од Мостар. Информацијата од терен ја потврди заменикот јавен обвинител Роксанда Крстевска, ...

Започна идентификацијата на телата од трагичната авионска несреќа

А1 - 27.02.2004

Започна идентификувањето на деветте тела, извлечени од местото на трагичната авионска несреќа што се случи вчера утро во близина на Мостар кога се урна авионот на претседателот Борис Трајковски. Вчера нешто после 18. часот потрагата беше прекината, официјално поради лошите временски услови и ...

Можеби СФОР ја знае причината за уривањето на Кингерот

А1 - 27.02.2004

Одговорот за причините за уривањето на македонскиот Кингер можеби се крие во СФОР, чии луѓе го наведувале авионот при слетувањето. Информациите до кои дојде А1 велат дека кон аеродромот во Мостар има само еден пристапен пат на правецот север југ, а македонскиот авион го снемало доста далеку од тој ...

Хронологија на трагичниот настан во кој загина претседателот Трајковски

А1 - 27.02.2004

Владиниот авион Кингер вчера полетува за Мостар. Во авионот се наоѓаат: македонскиот претседател Борис Трајковски, Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска-советници во Кабинетот, Миле Крстевски, вработен во МНР, Борис Велинов, Аце Велиновски - обезбедување, Марко Марковски и ...

Црната кутија ќе ја каже причината за уривањето на авионот

А1 - 27.02.2004

Кои се причините за уривањето на авионот над Хусковиќи ќе покажат снимките од црната кутија која ќе биде испратена во Париз. На неа се снимени и последните зборови на екипажот и патниците кои загинаа во трагичната несреќа. Утрово нивните тела беа пронајдени, авионот се распаднал во минирано ...

ХРОНОЛОГИЈА НА ТРАГИЧНИОТ НАСТАН ВО КОЈ ЗАГИНА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ

Канал5 - 27.02.2004

Владиниот авион Кингер вчера полетува за Мостар. Во авионот се наоѓаат: македонскиот претседател Борис Трајковски, Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска-советници во Кабинетот, Миле Крстевски, вработен во МНР, Борис Велинов, Аце Вел Владиниот авион Кингер вчера полетува за ...

Владиниот авион бил редовно сервисиран

Вест - 27.02.2004

Владиниот авион "бичкрафт супер кингер 200", со кој претседателот на Македонија Борис Трајковски вчера леташе за Мостар, по одлука на Извршниот совет на Македонија е купен во 1980 година, нов, од производителот во Канзас, САД.

Бучковски: По загинатите трагаат хеликоптери на СФОР и карабинери

Време - 27.02.2004

До 15 часот безбедносни екипи на Босна и Херцеговина и на СФОР не успеале да се пробијат до местото на несреќата, изјави вчера министерот за одбрана Владо Бучковски. - Во постојан телефонски контекст сум со мојот босански колега и со Адмирал Џонсон, кои ме известија дека хеликоптери на СФОР четири ...

"Кингерот" беше зрел за ремонт

Утрински - 27.02.2004

Единствениот владин авион беше стар 24 години и наскоро требаше да му се заменат моторите ЗДЕНКА ПАВКОВИЌ Авионот од типот "кингер", со кој леташе делегацијата предводена од претседателот Борис Трајковски и кој се урна при веќе почнатата процедура на слетување во близина на аеродромот во Мостар, ...

И македонски истражни органи во Мостар

Време - 27.02.2004

ВЛАДА Специјално владино тело што го предводи министерот за правда Иџет Мемети тргна од скопскиот аеродром за да се вклучи во утврдувањето на состојбата и во истражната постапка на местото каде што се урна авионот на претседателот Борис Трајковски.

Спасувачките екипи не можат да стигнат на местото на несреќата

Утрински - 27.02.2004

Екипи на СФОР и на полицијата на БиХ заеднички трагаат по остатоците на паднатиот †кингер" Од нашиот известувач Будо Вукобрат САРАЕВО - Во доцните попладневни часови вчера на местото каде што падна авионот на македонскиот претседател Борис Трајковски, врнеше дожд, а густите облаци што се спуштија ...

СФОР И ПОЛИЦИЈАТА НА БИХ ЈА ПРОДОЛЖИЈА ПОТРАГАТА ПО ОСТАТОЦИТЕ НА АВИОНОТ

Канал5 - 27.02.2004

- Меѓународните сили во БиХ и полицијата утрово ја продолжија потрагата по остатоците на авионот на македонскиот претседател Борис Трајковски, кој пред 24 часа се урна во близина на Мостар. “Потрага повторно почна утрово во 7 часот”, изјави порт - Меѓународните сили во БиХ и полицијата утрово ја ...

Загина Претседателот

Вест - 27.02.2004

ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА КАЈ МОСТАР СФОР соопшти дека околу 8,05 часот контролата на летање изгубила контакт со претседателскиот авион. Македонскиот претседател Борис Трајковски загина вчера во авионска несреќа што се случи во близина на Мостар, кај Столац.

Загина претседателот Борис Трајковски

Утрински - 27.02.2004

Тажен ден за Македонија. Авионот на шефот на државата се урна недалеку од Мостар Љупчо Поповски Од вчера изутрина Македонија е во шок - претседателот Борис Трајковски загина кога малиот авион ?кингер", во кој тој се наоѓаше, се урна во планините во јужна Херцеговина, Република Српска, на 14 ...

Членови на македонската делегација во Мостар

Време - 27.02.2004

Македонската делегација, предводена од претседателот Борис Трајковски, која замина од Скопје на Меѓународната конференција за инвестирање што требаше да се одржи во Мостар, Босна и Херцеговина, ја сочинуваа: Борис Трајковски, претседател на Република Македонија, Ристо Блажевски, советник во ...

"Кингерот" се користи во над сто земји

Утрински - 27.02.2004

АВИОН Авионот во кој настрада претседателот Борис Трајковски беше од типот "кинг ер Б200", еден од "бичкрафт" - семејството на мали таканаречени "корпорациски" авиони, што ги произведува компанијата "Пејтеон" од Масачусетс, која летала токму со оваа линија, се нареди меѓу најпознатите светски ...

Неколку државници ги откажаа летовите за Мостар

Вест - 27.02.2004

ОДЛОЖЕНА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО БИХ Меѓународната конференција за инвестирање во БиХ, која вчера требаше да се одржи во Мостар, е откажана поради уривањето на авионот со кој патуваа претседателот Борис Трајковски и уште шест патници и членови на екипажот.

Специјално владино тело замина за Мостар

Вест - 27.02.2004

Задачата на ова специјално владино тело е да ја испита фактичката состојба, заедно со федералните власти на БиХ, како и да соработува во целокупната истражна постапка "Владата, веднаш по добивањето на првите вести околу 08 часот кога авионот е изгубен од радарската контрола, формираше владино ...

Специјално владино тело отпатува за Мостар да ги утврди причините на несреќата

Утрински - 27.02.2004

Веднаш по добивањето на првичната вест за уривањето на претседателскиот авион Специјална владина екипа вчера околу 13,30 часот отпатува за Мостар, со цел во соработка со босанските федерални власти да се удврди фактичката причина за авионската несреќа, во која животот го загубија претседателот на ...

„Кингерот“ одамна требаше да биде приземјен

Време - 27.02.2004

ИНЦИДЕНТИТЕ СО ВЛАДИНИОТ АВИОН ПРЕДУПРЕДУВАА Со владиниот авион „суперкингер Б200“, во кој загина претседателот Трајковски, пред нешто повеќе од една година за малку ќе настрадаше и министерот за одбрана Владо Бучковски. Извори на „Време“ од Управата за цивилна и воздушна пловидба потврдија дека на ...

Не се знаат причините за уривањето на „Кингерот“

А1 - 26.02.2004

Во отсуство на официјални информации за причината за несреќата А1 денеска ги консултираше луѓето што минале многу време во „Кингерот“ што денеска се урна. Владини пилот што порано летале со „Кингерот“ не можат да дадат дециден одговор што се случило, но претпоставуваат дека причина за уривањето не ...

Се урна авионот на претседателот Борис Трајковски

А1 - 26.02.2004

Утрово во близина на Столац, 40 километри јужно од Мостар се урна авионот со кој патуваше претседателот Борис Трајковски. Во авионот заедно со претседателот патуваа шест соработници и двајца членови на екипажот. Теренот е недостапен и екипите на СФОР кои утрово се упатија кон местото на несреќата, ...

Се урна авионот на претседателот Борис Трајковски

Канал5 - 26.02.2004

Утрово во близина на Столац, 40 километри јужно од Мостар се урна авионот со кој патуваше претседателот Борис Трајковски. Во авионот заедно со претседателот патуваа шест соработници и двајца членови на екипажот. Теренот е недостапен и екипите на СФОР к Утрово во близина на Столац, 40 километри ...

Загина претседателот Борис Трајковски

Време - 26.02.2004

ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА КАЈ МОСТАР Борис Трајковски, претседателот на Република Македонија, утринава загина во авионска несреќа кај месноста Врсник, близу Мостар, Република Српска. Загинаа и шесте члена на Кабинетот на претседателот и двајцата пилоти.