"Јас лично не сум инволвиран во никакви корупциски афери, а како работат луѓето не е моја работа, туку на органите на државата. Во излагањето на екс-премиерот Хари Костов не гледам лично обвинување и затоа немам намера да се повлечам од списокот на мојата партија за составот на новата Владата, ...
Сега веќе бившиот премиер Хари Костов на вистинска адреса ги испорача обвинувањата за елементити за коруптивни активности кај едниот од коалиционите партнери во власта, Демократската унија за интеграција, и тоа точно лоцирани-во Министерството за транспорт и врски и првиот човек таму Агрон Буџаку.
Заменик-премиер за економски систем во идната Влада ќе биде Минчо Јорданов, менаџер на "Макстил", додека Свето Јаневски екс-менаџер на скопска Пивара ќе биде надворешен соработник за советување на премиерот Владо Бучковски за економски прашања.
Сузана Џамтоска ДУИ дефинитивно се најде во незгодна ситуација по укажувањата на мандатарот Бучковски дека не го сака Буџаку во новиот состав на Владата, со хипотеката што ја носи. "Сметаме дека беше непринципиелно од страна на мандатарот да излегува со такви изјави за медиумите, кога нашиот став ...
Свето Јаневски, главниот менаџер на скопска Пивара се двоуми дали да ја прифати понудата да биде заменик премиер за економски систем. Јаневски на вчерашниот ручек со мандатарот Владо Бучковски и Ристо Пенов, лидер на ЛДП, излегол со контрапонуда да биде "личен советник на премиерот за економски ...
Наспроти сите напори на партиските претставници на Демократската унија за интеграција да ја (раз)убедат јавноста дека обвинувањата за коруптивни активности на сметка на нивниот сопартиец се беспредметни, зашто, нели, станува збор за чесен човек, сепак се чини дека новиот владин кабинет ќе остане ...
Сузана Џамтоска Тројката Бучковски - Ахмети - Пенов денеска ќе го утврдува распоредот на силите во новата влада. Досега, поточно, на завчерашните средби, мандатарот Владо Бучковски ниту давал, ниту пак некој од лидерите барал некое министерство.