TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пет трансформатори ќе го подобрат напојувањето

Време - 21.01.2006

ГАЗИ БАБА И ЕСМ СЕ ДОГОВОРИЈА Петте трансформатори што ќе ги постави „Електростопанство“ во текот на годинава трајно ќе ги решат проблемите со електричната енергија што ги мачат жителите на општината Гази Баба. На вчерашната средба со општинските власти од ЕСМ ветиле дека најпрво рамномерно ќе ја ...

Блокадите во Скопје завршија, на удар другите градови

Време - 21.01.2006

„ГЛАС ЗА СВЕТЛИНА“ НЕ СЕ ОТКАЖУВА Откако СДСМ соопшти дека ги снима регистрациите, возачите ги покрија со весници Блокадите што ги организира здружението „Глас за светлина“ во знак на протест поради приватизацијата на „ЕСМ-дистрибуција“ од задутре се селат во другите градови во земјава.

Козметичарки стануваат инкасаторки

Време - 21.01.2006

ПРЕД ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА „ЕСМ-ДИСТРИБУЦИЈА“ Владимир Николоски Козметичарка со завршен трет степен - произведувач на козметички производи со договор на дело била вработена како инкасаторка во скопската подружница на „ЕСМ-дистрибуција“ лани во мај.

Нема одложување за приватизацијата

Време - 21.01.2006

ВРАБОТЕНИТЕ СРЕЌНИ КОМИСИЈА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА Собраниската комисија за економски прашања по вчерашната расправа не го поддржа предлогот на група пратеници од опозицијата да се одложи приватизацијата на ЕСМ до зачленувањето на Македонија во Европската Унија, јави МИА.

Нема одложување на приватизацијата на ЕСМ

Утрински - 21.01.2006

Комисија за економски прашања Предлогот на група пратеници од опозицијата да се одложи приватизацијата на ЕСМ откако Македонија ќе стане членка на Европската унија, по негативното мислење на Владата, вчера не доби поддршка од собраниската Комисија за економски прашања.

Од понеделник ќе се протестира во девет града

Утрински - 21.01.2006

"Глас за светлина" ги сели протестите против продажбата на ЕСМ Блокадите на "Глас за светлина" поради продажбата на ЕСМ "Дистрибуција" од понеделник се селат во другите градови на Македонија. На вчерашната прес-конференција Ромео Јосифовски од Здружението информира дека блокадите во Скопје што се ...

Бесими сее "бисери" за ЕСМ

Дневник - 21.01.2006

ВМРО-ДПМНЕ Нови бисери на глупоста, така ВМРО-ДПМНЕ ги оцени последните изјави на министерот за економија Фатмир Бесими дека слабиот одѕив на протестите за ЕСМ значи оти граѓаните се согласуваат со продажбата на 27 отсто од фирмата. - Власта или нема поим или свесно манипулира со јавноста.

Скопје блокирано од активисти на ВМРО-ДПМНЕ

Дневник - 21.01.2006

СПОРЕД СДСМ Портпаролите на Здружението "Глас за светлина", кое ги организира блокадите на Скопје поради продажбата на "ЕСМ дистрибуција", Марина Христовска и Ромео Јосифовски, се активисти на ВМРО-ДПМНЕ и работеле за партијата за локалните избори, тврди СДСМ.

Блокадите се селат во другите градови

Дневник - 21.01.2006

"ГЛАС ЗА СВЕТЛИНА" ПОПУШТИ Блокадите против продажбата на ЕСМ од понеделник се селат во другите градови во земјава, јави МИА. Здружението "Глас за светлина" од понеделник ќе ги блокира сообраќајниците во Прилеп, Битола, Охрид, Кичево, Велес, Штип, Струмица, Куманово и во Крива Паланка.

ЕСМ треба да се управува, а не да се продава

Дневник - 21.01.2006

ИНТЕРВЈУ - ИЛИЈА АНДОНОВ ЧЕНТО Слободан Содиќ Владата има мандат од народот да управува со имотот на државата, но не и да го распродава. Исто како што кираџијата не може да го продава станот во кој привремено живее. Не сум априори против продажбата и влегувањето на странски капитал во ...

ЕСМ вработува во екот на продажбата

Дневник - 21.01.2006

50 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ДИСТРИБУЦИЈА Слободан Содиќ Во "ЕСМ дистрибуција" има 50 нови вработувања. Компанијата ги ангажирала новите кадри откако почна да работи самостојно, односно по поделбата на старото "Електростопанство" на три претпријатија.

Блокадите се селат во други градови

Вечер Прес - 21.01.2006

Протестите и сообраќајните блокади, што деновиве во Скопје ги организираше Здружението "Глас на светлина", од понеделник се селат во девет други градови од државата. Иако за денеска беше закажан завршниот протест во главниот град, тој е откажан, а во текот на наредната недела ќе бидат блокирани ...

Опозицијата: Да се стопира приватизацијата на ЕСМ до влезот во ЕУ

А1 - 20.01.2006

Да се стопира приватизацијата на ЕСМ Дистрибуција се до влезот на земјава во Европската Унија. Овој предлог на опозицијата идната недела ќе се најде пред пратениците. Денеска за него расправаше собраниската комисија. Власта го отфрли предлогот. Бил нелогичен.

Завршуваат протестите против продажбата на ЕСМ

А1 - 20.01.2006

Протестите против продажбата на ЕСМ завршуваат денеска. Иако организаторите на блокадите најавија дека и утре ќе го блокираат Скопје, се предомислија. Велат, во сабота владините институции не работат, па затоа немало да има ефект од протестите. Но нивните активности не запираат тука.

Черепналковци палат и гасат во ЕСМ

Време - 20.01.2006

ИМА ЛИ СЕМЕЈНИ КЛАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА? Трајче Черепналкоски е генерален директор на МЕПСО, а Златко работи во „Мајнел банк“ - консултант за приватизација на ЕСМ Никола Черепналковски е државен советник за енергетика во Министерството за економијa Мирче Котевски Черепналковци ќе му ја одредат ...

ЕСМ треба да се приватизира на транспарентен начин

Утрински - 20.01.2006

Опозиција ВМРО-Народна не е против самиот процес на приватизација на ЕСМ, туку ги напаѓа начинот, условите и законитоста на постапката на приватизацијата. "Сметаме дека ЕСМ треба да биде продадено, но убедени сме дека тоа може да се изврши низ чиста законска процедура, без можности за оштета и по ...

Не чека грабеж на столетието

Дневник - 20.01.2006

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ Продажбата на "ЕСМ дистрибуција" се прави спротивно на Законот за борбата против корупцијата и ќе се претвори во грабеж на столетието, кој ќе се одрази негативно врз виталните интереси на државата и ќе предизвика социјална експлозија, смета Павле Трајанов, лидер на Демократскиот ...

Бесими нека не не прави будали

Дневник - 20.01.2006

"ГЛАС ЗА СВЕТЛИНА" РЕАГИРА Министерот за економија Фатмир Бесими сака да не направи будали и неуки, држејќи ни часови по енергетика. Вака вчера реагираа членовите на здружението "Глас за светлина" на изјавите на Бесими дека државата продава само 27 отсто од старото ЕСМ.

Последен ден од блокадите поради продажбата на ЕСМ

Канал5 - 20.01.2006

Последен ден од блокадите на скопските крстосници организирани од здружението Глас за светлина. За утре најавените блокади се откажани. Организаторите велат дека собрале 20 000 потписи од граѓани за стопирање на продажбата на ЕСМ.

ДС и ВМРО-НП против продажба на ЕСМ Дистрибуција

А1 - 19.01.2006

Економски некоректно и социјално погубно е во изборна година Владата да го продава ЕСМ Дистрибуција, оцени опозициониот Демократски сојуз. ЕСМ да се продава кога Македонија ќе стане членка на Европската Унија - иницијатива на ВМРО-Народна.

Граѓаните продолжија со блокади на Скопје

А1 - 19.01.2006

Граѓаните и денеска ги блокираа раскрсниците во Скопје. Но за разлика од претходните денови, на скопските улици немаше голем метеж. Граѓаните и денеска со истите барања до Владата - ЕСМ да не се продава. Претставниците на „Гласот на светлината“ денеска се обиделе до потенцијалните купувачите на ЕСМ ...

СДСМ: Имаме докази - блокадите се масло на Груевски

Време - 19.01.2006

ПРОТЕСТОТ ПРОДОЛЖУВА СО НЕГАТИВНИ ЕФЕКТИ Мирче Котевски Блокадите во Скопје против приватизацијата на ЕСМ организирани од здружението „Глас за светлина“ се само израз на волјата на одредена група граѓани, но протестот нема да има влијание врз одлуката на избраните компании што во моментов вршат ...

Катастарските решенија за ЕСМ ќе паднат на Уставен суд ?

Време - 19.01.2006

СПОРНИОТ ИМОТ НА ТАПЕТ Уставниот суд само ќе потврди дека е имун на политички влијанија ако ги отфрли измените во Законот за преобразба на ЕСМ според кои државата по кратка постапка го префрла целиот катастарски неевидентиран имот на фирмите од поранешното „Електростопанство“, пред приватизацијата ...

Протестите ги блокираа возилата на Брза помош

Утрински - 19.01.2006

И вчера продолжија блокадите во Скопје против продажбата на "Електростопанство" Социјалистите се за референдум, а ДОМ предупредува дека со приватизацијата ќе се добие само приватен монопол Блокадите што ги организира „Глас за светлина" на виталните скопски раскрсници ги оневозможуваат возилата на ...

Бучковски нема мандат да го продава ЕСМ

Дневник - 19.01.2006

"ГЛАС ЗА СВЕТЛИНА" ПОРАЧУВА Веруваме дека премиерот ќе биде доблесен и ќе ја смени одлуката за продажба на "Електростопанство" зашто граѓаните му дадоа поддршка да управува со државата и со ЕСМ, а не да владее и да го распродава државниот имот.

Продажбата на ЕСМ ќе донесе феудален мрак

Дневник - 19.01.2006

ДОМ ПРЕДУПРЕДУВА Продажбата на ЕСМ и поскапувањето на електричната енергија за многумина ќе значи драматично втурнување во феудален мрак со свеќи на масата, а за македонското стопанство ќе значи колапс, порача вчера Лилјана Поповска од Демократската обнова на Македонија.

Блокади за потребите на ВМРО-ДПМНЕ

Дневник - 19.01.2006

СПОРЕД СДСМ По секој ден од протестите против продажбата на "ЕСМ дистрибуција" станува се појасно кои се вистинските организатори на блокадите во Скопје и која е нивната вистинска политичка заднина, оцени вчера СДСМ. - Организаторите веќе и не се кријат.

Н' чека само поскапа струја

Дневник - 19.01.2006

СПМ Според Социјалистичката партија, од продажбата на ЕСМ граѓаните нема да видат полза оти ќе се случи криминално трошење на парите и поскапување на струјата. Причина за тоа е што Владата не направила стратегија пред да реши да го продаде најголемиот стратегиски капацитет во земјава.

Четврти ден од протестите против продажбата на ЕСМ

Канал5 - 19.01.2006

Четврти ден од блокадите на скопските улици организирани од Здружението „Глас за светлина“. Хаосот низ градот продолжи и денеска. Организаторот писмeно ќе им образложи на потенцијалните инвеститори зошто ЕСМ не треба да се приватизира.

БЛОКАДИ

Вечер Прес - 19.01.2006

Неколку возила паркирани на главните крстосници во градот, по десетина луѓе со транспаренти и невиден сообраќаен хаос во Скопје е она што беше слика првиот ден од протестот кој го организираше невладината организација "Глас на светлина" против продажбата на ЕСМ.

Писмо до странските инвеститори да се попишманат

Вечер Прес - 19.01.2006

"Блокадите се последно средство со кое сакаме да ја натераме Владата да ја прекине продажбата на ЕСМ. Нервоза која кај граѓаните ќе се јавува во овие пет дена, додека траат протестите во центарот на Скопје, ќе биде минорна во однос на онаа што ќе се почувствува во периодот по продажбата на ЕСМ.

„Глас на светлината“ блокираше пет клучни раскрсници

А1 - 18.01.2006

Трет ден иста слика во Скопје. Пет клучни раскрсници се блокирани, а се собираат и потписи против продажбата на ЕСМ. „Се потпишав против продажбата. Многу е лесно да продадеш, тешко е да го направиш, ние тоа сме го имале и за да се направи, сите сме двоеле пари, а кој е сега тој некој да продава? ...

Се преиспитува Законот за преобразба на ЕСМ

Време - 18.01.2006

УСТАВНИОТ СУД ГО ОТВОРИ ПРЕДМЕТОТ Уставниот суд формира предмет и веднаш презел дејства за одлучување по иницијативата за преиспитување на уставноста на Законот за преобразба на ЕСМ со кој се регулира катастарски неевидентираниот имот на дистрибуција пред нејзината продажба.

Ја продаваат дистрибуцијата без да го прашаат народот

Време - 18.01.2006

ОПОЗИЦИЈАТА ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА ЕСМ Без ниту еден претставник од Владата, приватизацијата на ЕСМ беше тема на вчерашната трибина „Електроенергетскиот сектор на Македонија меѓу приватизацијата на електродистрибутивниот систем и аспирациите за влез во ЕУ“, во организација на ВМРО - ДПМНЕ.

СДСМ се сомнева дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад протестот

Утрински - 18.01.2006

Продолжија протестите на "Глас за светлина" против продажбата на ЕСМ ЛП им даде поддршка на "Глас за светлина" Здружението "Глас за светлина" вчера ги продолжи протестите против продажбата на ЕСМ "Дистрибуција" што ги започна завчера на пет локации во Скопје.

Се преземаат дејства за оценување на Законот за продажба на ЕСМ

Утрински - 18.01.2006

Уставен суд Уставниот суд вчера информираше дека во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за оценување на Законот за продажба на ЕСМ е формиран предмет и веднаш се преземени дејства за одлучување за предметот. "До Уставниот суд на 5 јануари 2006 година е доставена иницијатива од ВМРО-ДПМНЕ за ...

Тендерот за ЕСМ треба да се раскине, бара ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 18.01.2006

Трибина на опозициската партија против продажбата на "Електростопанство на Македонија" Според ВМРО-ДПМНЕ, партиите треба да образложат што ќе прават со парите од продажбата на ЕСМ и да го прашаат народот дали се согласува со тоа: од вчерашната трибина МАЈА ТОМИЌ Приватизацијата, односно продажбата ...

Владата итно да ја запре продажбата на ЕСМ

Дневник - 18.01.2006

ТРИБИНА НА ВМРО-ДПМНЕ Владата треба веднаш да ја запре продажбата на "ЕСМ дистрибуција" зашто државата не е подготвена за влез на приватен инвеститор во електроенергетскиот сектор. Ова е заклучокот од трибината што вчера ја организираше Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Паѓа уличниот напон

Дневник - 18.01.2006

ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПРОДАЖБАТА НА ЕСМ ПАК ГО БЛОКИРА СКОПЈЕ Здружението "Глас за светлина" и вчера ги блокира петте клучни раскрсници во центарот на Скопје и побара од премиерот да ја спречи продажбата на "ЕСМ дистрибуција", што е цел на нивните протести.

Уставниот суд се фати за приватизацијата на ЕСМ

Дневник - 18.01.2006

ЗАШТИТА НА ЗАКОНИТОСТА Уставен судија веќе работи на иницијативата за оценка на уставноста на Законот за измени и дополнувања на Законот за преобразба на ЕСМ, поднесена на петти јануари, изјавија вчера во Уставниот суд. Во Судот не сакаат да го коментираат повикот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ...

ЕСМ ПРОТЕСТИ ТРЕТ ДЕН Оневозможена работата на Брза помош

Канал5 - 18.01.2006

Хаосот низ улиците во Скопје продолжи и денеска. Колони возила на секоја крстосница, нервозни граѓани, оневозможен нормалниот живот во главниот град. Возилата на брзата помош не стигнуваа навреме за помош на граѓаните. Хаосот низ улиците во Скопје продолжи и денеска.

Кој ги плаќа пеналите на ЕСМ?

Вечер Прес - 18.01.2006

Електродистрибуција "Скопје" вчера си призна една од своите грешки, што судејќи според бројот на граѓаните кои бараат корекции на нивните сметки и не се толку ретки, ниту толку мали (гледано во износите). Нормално, кој работи тој и греши, а човечки е и да се признае тоа.

Скопје и вчера под неколкучасовна блокада

Вечер Прес - 18.01.2006

Протестите против продажбата на ЕСМ и блокади на повеќе улици во центарот на градот, организирани од Здружението "Глас на светлина", продолжија и вчера, но со помал интензитет. Сообраќајот кој завчера беше целосно блокиран со возила на пет локации во Скопје, вчера се одвиваше во една насока, освен ...

Протестите против продажбата на ЕСМ продолжија помасовно

А1 - 17.01.2006

Скопје е веќе втор ден парализиран, блокиран од граѓаните кои се против продажбата на ЕСМ. Денеска излегоа во поголем број од вчера. Велат дека блокирањето на целиот град е единствениот начин нивното барање да стигне до Владата.

Дебата за продажбата на ЕСМ

А1 - 17.01.2006

Граѓаните со протести, експертите, академиците и опозицијата со дебата се обидуваат да ја убедат власта да ја стопира продажбата на ЕСМ. Сметаат оти Владата нетранспарентно, без стратегија и без визија ја турка приватизацијата. Немаше кој да ги слушне.

Блокадите против приватизацијатана ЕСМ го парализираа Скопје

Време - 17.01.2006

ГРАЃАНСКОТО НЕЗАДОВОЛСТВО СЕ РАДИКАЛИЗИРА Подобро една недела да го парализираме сообраќајот во Скопје, одошто да дозволиме продажбата на „Електростопанство“ целосно да го уништи домашното стопанство за навек. Вака граѓанското здружение „Глас за светлина“ ги оправда блокадите на петте најфреквентни ...

Не се стигаше ни до болниците

Вест - 17.01.2006

"ГЛАС ЗА СВЕТЛИНА" СО ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПРОДАЖБАТА НА ЕСМ ГО БЛОКИРАШЕ СКОПЈЕ МВР вчера оцени дека протест со блокирање на главните сообраќајници е небезбеден за жителите на градот и оти организаторот е должен на граѓаните да им обезбеди непречено снабдување со лекови, храна, гориво, Здружението ...

Од ЕСМ може да се замине доброволно со повеќе илјади евра во џеб

Утрински - 17.01.2006

За вработените во "Електростопанство на Македонија" се нудат бенефиции во социјалниот пакет За секоја година работен стаж ќе се исплатува по една и пол плата. Просекот на платите во "Електростопанство на Македонија" е 22.000 денари МАЈА ТОМИЌ Вработените во трите друштва од некогашно ЕСМ, МЕПСО, ...

Продажбата на ЕСМ е завршена работа, им порача Владата на демонстрантите

Утрински - 17.01.2006

"Глас за светлина" одржа протести на пет локации во Скопје На пет локации во центарот на Скопје здружението "Глас за светлина" вчера ги започна протестите против продажбата на ЕСМ "Дистрибуција", кои ќе се организираат секој нареден ден, до петок, од 11,30 до 16 часот.

ВМРО ДПМНЕ ги собра истомислениците да се кренат против продажбата на ЕСМ

Канал5 - 17.01.2006

ВМРО-ДПМНЕ ги собра истомислениците да го кренат гласот против продажбата на ЕСМ. Организираше трибина на која нивните членови, претставници од други политички опции, професори и академици ја повикуваа владата да ја запре продажбата на Дистрибуција.

Продолжуваат протестите против приватизацијата на ЕСМ

Канал5 - 17.01.2006

Втор ден од блокадите организирани од здружението Гласот за светлината. Блокирани повторно седумте најпрометни скопски крстосници. Денеска организаторите почнаа и да собираат потписи за стопирање на продажбата на ЕСМ. Втор ден од блокадите организирани од здружението Гласот за светлината.

Со блокади против продажбата на ЕСМ

Вечер Прес - 17.01.2006

Голем број улици во Скопје вчера беа под целосна, речиси петчасовна, блокада, како резултат на протестите организирани од страна на Здружението на граѓани "Глас на Светлина". Тие ги повикаа граѓаните на овој начин да ја изразат својата реакција против најавата на Владата за приватизација на ЕСМ.

МВР против протестите поврзани со ЕСМ

А1 - 16.01.2006

Министерството за внатрешни работи, во врска со блокадите на повеќе раскрсници и патни правци во Скопје, укажува дека ваквиот начин на изразување протест од повеќе причини може да биде небезбеден за жителите на главниот град.

Протести во Скопје против продажбата на ЕСМ Дистрибуција

А1 - 16.01.2006

Во обид да ја спречат продажбата на ЕСМ Дистрибуција, граѓаните денеска повторно излегоа на протести. Овојпат ги блокираа клучните сообраќајници во Скопје. Пет часа главниот град остана во сообраќаен хаос . Граѓаните стравуваат оти продажбата на ЕСМ ќе донесе поскапа струја и нов приватен монопол ...

Блокади за ЕСМ

Време - 16.01.2006

ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ Додека трае втората фаза од тендерската постапка граѓанското здружение „Глас за светлина“ најави парализирање на клучните сообраќајници низ Скопје. Според информацијата, од денеска до сабота, во терминот од 11.30 до 16 часот, блокади со автомобили ќе бидат поставени на пет локации ...

Длабинската анализа во полн ек,Италијанците никаде ги нема

Време - 16.01.2006

ВИСТИНСКИ ЛИ Е ИНТЕРЕСОТ ЗА ЕСМ? Италијанското електростопанство ЕНЕЛ се уште не испратило свои експерти што ќе вршат длабинска анализа на ЕСМ иако оваа компанија е меѓу четирите најсериозни кандидати за купување на „Дистрибуцијата“, потврдија извори од Министерството за економија.

Блокади во Скопје против приватизацијата на ЕСМ

Утрински - 16.01.2006

"Глас на светлината" Здружението "Глас на светлината", како реакција на продажбата на "Електростопанството на Македонија", за неделава најави дека ќе ги блокирани поважните сообраќајници во Скопје. Изразувањето на револтот на улица е чекор на кој повторно се одлучи здружението откако во петокот од ...

Со блокади против продажбата на ЕСМ

Дневник - 16.01.2006

ОД ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ Здружението "Глас на светлина" од денеска почнува да организира блокади на сообраќајниците во Скопје, како реакција на продажбата на "Електростопанство на Македонија"(ЕСМ). Претставници од Здружението во петокот побараа од премиерот Владо Бучковски да ја прекине приватизацијата ...

Владата очекува, експертите поделени во прогнозите-ќе се добие ли повисока цена за ЕСМ

Канал5 - 16.01.2006

Владата очекува потешко кесе од двојното зголемување на капиталот на ЕСМ пред очите на инвеститорите. Високи Владини извори за канал 5 ги открија очекувањата- сега инвестоторите на проценка ке имаат повредна компанија за која ке треба да ги достават своите финансиски понуди.