„Преку амандмани ќе побараме да се отстрани можноста градежното земјиште да се продава во четири очи, како и да го менаџираат општините, а не државата, односно управувањето да се одвива согласно со категоризацијата за издавање градежни дозволи“.
Лиценцирање и категоризација на градежните фирми, воведување надзорен инженер со поголеми овластувања и одговорности, како и пократки процедури за вадење градежни дозволи се главните новини што ги носат измените во законите за градба. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски вчера, во Стопанската комора, пред градежните компании ги презентираше измените во законите за градежно земјиште, ...
Финансиската криза се' уште не „удрила“ по градежништвото. „Светската финансиска криза надвор од Македонија се рефлектира и врз градежништвото, но во рамки на Стопанската комора се' уште нема организирано средба за да се излезе со став по тоа прашање.
Новините во законите за градење, градежно земјиште и урбанистичко и просторно планирање, ќе се одразат позитивно во целиот процес на градење. Со измените ќе се намали времето на чекање, ќе се намалат малверзациите во овој сектор, ќе се уреди неискористеното градежно земјиште. Една од новините е воведување на институцијата надзорен инженер.
Градежните компании ќе мора да се лиценцираат. Со новините во Законот за градење ќе се стави ред во градежништвото и крај на дивоградбите рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Денеска градежните компании ги слушнаа придобивките од законите за градежно земјиште и за просторно и урбанистичко планирање.
Наместо досегашните 40 проценти, во иднина општините ќе добиваат по 80 отсто од продажбата на земјиштето. Билјана Ангеловска. Општинските каси во иднина ќе се полнат двојно повеќе и тоа само од еден извор - од градежното земјиште, бидејќи наместо 40 проценти, колку што досега добиваа од продажбата на државното градежно земјиште, во иднина ќе им следуваат дури 80 проценти.
Скопје, 27 октомври (МИА) - Владата на Република Македонија сака градежништвото да стане лидер на македонската економија и ќе преземе мерки тоа да расте како што се покажа во последните два квартала од годинава. Ова го истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешната средба со претставници на градежните компании од земјава на која ги презентираше новините во Законот за градење ...
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски пред членовите на Организацијата за градежништво при Стопанската комора на Македонија, најави лиценцирање на градежните компании. Според Јанакиевски лиценцирањето е предвидено со новиот Закон за градежништво, додека директорите на компаниите поздравувајќи ја таквата одлука, нагласија дека со овој новитет ќе се стави ред во секторот.
Целта на измените во законот за градба и урбанистичко планирање е да се постигне ред во градежништвото како и елиминирање на нелојалната конкуренција. Со новините се предвидува само лиценцирани градежни компании да имаат право да учевствуваат во тендерите за градба како и можност во изготвувањето на урбанистичките планови.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски денеска оствари средба со претставниците на градежните фирми во државава на која ги презентираше најновите измени и придобивки од Законот за градежно земјиште, Законот за градење и Законот за просторно и урбанистичко планирање.
- Предложивме инструмент за заштита да биде вметнат во законот, македонските компании да имаат предност во доделувањето на тендерот. Зошто, на пример обиколницата, досега најголемата работа за градежниците ја прави странска компанија, велат градежниците.