TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Без договор за претседател

А1 - 13.01.2002

Албанските лидери на вчерашните разговори во Приштина организирани од американската канцеларија не успеаја да постигнат договор за избор на претседател на Косово. На средбата учествуваа лидерите на Демократскиот сојуз на Косово, Ибрахим Ругова на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи и на ...

Ругова извиси и во вториот круг за претседател на Косово

Вест - 11.01.2002

ПРИШТИНА, 11 јануари (Ројтерс) - Ветеранот пацифист Ибрахим Ругова вчера не доби доволно поддршка во вториот круг на гласање за престедателските избори на Косово. Наместо потребното двотретинско мнозинство од вкупно 120 пратеници во парламентот за него гласаа само 50.

Ругова повторно не доби поддршка

Утрински - 11.01.2002

На вчерашните избори за претседател на Косово ПРИШТИНА - Искусниот лидер на етничките Албанци, Ибрахим Ругова, вчера по втор пат не успеа да добие доволно поддршка во новото законодавство на Косово за да биде избран за претседател на југословенската покраина.

Ругова не е избран за претседател

А1 - 10.01.2002

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, Ибрахим Ругова, кој беше единствениот кандидат за претседател на јужната српска покраина, денеска , ниту во вториот круг гласање на пратениците на косовскиот парламент, не успеа да добие доволен број гласови.

Солана бара да се избере претседател на Косово

Вест - 10.01.2002

Брисел, 10 јануари - "Веќе два месеца граѓаните на Косово и меѓународната заедница чекаат и дојден е моментот косовските пратеници да ја преземат одговорноста и на 10 јануари да изберат претседател на Косово", се вели во вчерашното соопштение на претставникот на Европската унија за надворешна ...

Тајни гласови за Ругова?

Утрински - 10.01.2002

Дали денеска ќе биде надмината кризата со изборот на косовските институции ДИМИТАР ЧУЛЕВ Сите пазарења беа во игра и оттаму секаков исход е можен на денешната седница на косовскиот парламент од која "срамежливо" се очекува да биде избран првиот легален претседател на протекторатот Косово и на ...

Солана бара од Косовците конечно да изберат претседател

Дневник - 10.01.2002

ПРЕД ДЕНЕШНАТА СЕДНИЦА Во Приштина денеска ќе се одржи втората седница на провинциското Собрание на која пратениците треба да изберат претседател на Косово, јави Бета. Единствен кандидат е Ибрахим Ругова, но најголемите партии на косовските Албанци се уште не постигнале договор за изборот.

Солана бара да се избере претседател на Косово

А1 - 09.01.2002

„Веќе два месеци граѓаните на Косово и меѓународната заедница чекаат и дојден е моментот косовските пратеници да ја преземат одговорноста и на 10-ти јануари да изберат претседател на Косово“, се вели во соопштението на претставникот на ЕУ за надворешна политика, Хавиер Солана.