TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ССМ бара Владата да им помогне на работниците

Вест - 10.09.2008

Сојузот на синдикатите изразува загриженост за драстичниот пад на животниот стандард на работниците и нивните семејства, условен од ниските и нередовни плати и од зголемувањето на цените на основните животни продукти.

ССМ бара од власта мерки за заштита на стандардот

Утрински - 10.09.2008

ССМ очекува приватниот сектор да ги искористи средствата што ќе ги добие од намалениот персонален данок Сојузот на синдикатите на Македонија вчера побара од Владата да преземе итни и ефикасни мерки за запирање на трендот на зголемување на цените и заштитата на стандардот на граѓаните, од кои, како ...

ССМ: Владата да го заштити стандардот на граѓаните

Н.Македонија - 10.09.2008

Сојузот на синдикатите на Македонија од Владата побара да преземе итни и ефикасни мерки за запирање на трендот на зголемување на цените и за заштита на стандардот на граѓаните, од кои, како што истакнуваат, дури една третина живее на работ на сиромаштијата.

ССМ - ГРАЃАНИТЕ НЕМААТ НИТУ ЗА "КРПЕН ЖИВОТ"

Телма - 09.09.2008

Инфлацијата кај нас постои без разлика на начинот и елементите за нејзино пресметување,без разлика што министерот за финансии не убедува дека таа е под контрола и без разлика дека, како што вели тој, во Америка инфлацијата била за 0,1% повисока од нашата.

Синдикатот со мерки ќе го подобрува стандардот

Кирилица - 09.09.2008

Враќање на цените на некои прехранбени производи, интервенции со производи од стоковните резерви, интервентен увоз, даночни и царински олеснувања, поостри пазарни и финансиски контроли и елиминирање на шпекулациите за користење на монополски услуги, се дел од мерките предложени од ССМ Сојузот на ...

ССМ БАРА ВЛАДАТА ДА ПРЕЗЕМЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ

Сител - 09.09.2008

ССМ БАРА ВЛАДАТА ДА ПРЕЗЕМЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ Сојузот на синдикатите на Македонија денеска од Владата побара да преземе итни и ефикасни мерки за запирање на трендот на зголемување на цените и заштитата на стандардот на граѓаните, од кои, како што истакнуваат, дури една ...

ССМ: Опаднал животниот стандард на граѓаните

Канал5 - 09.09.2008

Животниот стандард на граѓаните опаднал смета Сојузот на синдикати на Македонија. ССМ побара да се вратат старите цени на храната, а владата да интервенира со стоковите резерви, даночни олеснувања и да ги засили пазарните контроли.

Околу 80 проценти од платата за храна и пијалаци

Вечер Прес - 09.09.2008

Најдобар барометар може да биде првата продавница во која ќе видите колку продукти минатата година можевте да купите за 1000 денари, а колку оваа година, вели портпаролот на ССМ, Пеце Груевски Македонските граѓани околу 80 проценти од нето-платите што ги добиле во периодот од април до јуни годинава ...

ССМ: Третина од македонските граѓани се на работ од сиромаштијата

Нетпрес - 09.09.2008

Македонските работници водат крпен живот, ама нема што да крпат. Една третина од населението живее на работ на сиромаштијата.

Синдикатот предложи мерки за подобар стандард

Макфакс - 09.09.2008

Загриженост поради се подрастичното опаѓање на животниот стандард на работниците условено од ниските плати и зголемувањето на цените, изрази Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Портпаролот на ССМ, Пеце Груевски денеска на прес конференција изнесе голем број статистички показатели за движењето ...