НАЈГОЛЕМИТЕ ДОВЕРИТЕЛИ НА СКОПСКАТА ФАБРИКА ЗА ЧЕВЛИ НЕ СЕ ПОЈАВИЛЕ НА СТЕЧАЈНОТО РОЧИШТЕ Македонска банка, иако врз основа на долговите поседува 83 отсто од фабриката, не се појавила на рочиштето и дозволила "Газела", во нејзино отсуство, да се продаде на австриски "Шрит - вилах" "Во моментов се ...
Работниците од Газела членови на УНАСМ ќе поднесат жалба на решението со кое вчера судиката Маја Малахова го одобри планот за реорганизација, кој предвидува фабриката да се продаде за 4 милиони марки, иако претходно исчистена од сите долгови.
ИНЦИДЕНТ НА СУДСКОТО РОЧИШТЕ ЗА СТЕЧАЈ НА СКОПСКА "ГАЗЕЛА" Скопскиот чевларски комбинат од вчера е и официјално во стечај. Стечајниот суд ја усвои бизнис програмата на стечајниот управник на "Газела", Владимир Тамбурковски, според која колу 954 вработени во фабриката ќе ги задржат работните места, ...
Доверителите во „Газела“ денеска донесоа одлука фабриката да продолжи да работи според планот за реорганизација, што го изготвил стечајниот управник Владислав Тамбурковски. Тоа значи дека „Газела“ нема да се ликвидира, а нов газда во фирмата речиси сигурно ќе биде австриската фирма „Штрит“ со која ...
Група работници од „Газела“ и денеска два часа протестираа пред Македонска Банка која е доминантен сопственик на фабриката. На овој начин независните синдикалци го покажуваат револтот од, како што велат, однесувањето на банката во случајот ликвидација или продажба на фабриката.
ПРОТЕСТ НА НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ ПРЕД МАКЕДОНСКА БАНКА Според независниот синдикат на фабриката, стечајот во "Газела" мора да се стопира, зашто тој им оди на рака на Ламбе Арнаудов и на ексдиректорот Никола Цветковски кои сакаат производството да го купат бадијала Во организација на Унијата на ...
Вчерашниот протест на вработените на "Газела" пред Македонска банка се должи на нервозата на УНАСМ што Банката не ја деблокирала синдикалната сметка на "Газела" со сума од 23.689 ГМ, кои потоа требало да се префрлат на сметката на автономните синдикалци, се вели во соопштението на Банката.
ПРОТЕСТ ПРЕД "МАКЕДОНСКА БАНКА" Вработените во "Газела" вчера протестираа пред Македонска банка, со барање таа да ја прекине стечајната постапка и да ги исполни обврските преземени на последната средба со синдикалните претставници.
Дел од работниците на „Газела“ денеска протестираа пред Македонска банка, барајќи од директорот на банката да го исполни ветувањето што им го дал пред еден месец. Тој им вети дека ќе се заложи за стопирање на стечајот и за промена на стечајниот управник во фабриката чиј сопственик е Mакедонска ...