TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кардиологот Борче Петровски пуштен со кауција

Утрински - 14.06.2007

Кардиологот Борче Петровски ќе се брани од слобода. Откако плати кауција од 200 илјади евра, тој завчера попладне беше пуштен од истражниот затвор „Скопје“, каде што помина 19 дена во притвор. Ваквата одлука е одобрена откако се создадени услови за тоа и се испрашани сите сведоци.

Пуштен од притвор кардиохирургот Петровски

Дневник - 14.06.2007

Борче Петровски, поранешен директор на скопската Клиника за кардиологија, осомничен за злоупотреба на околу 2 милиона денари, е на слобода по 19 дена минати во притвор . Тој платил 200.000 евра кауција, по што завчера бил пуштен од истражниот затвор „Скопје“.

Пуштен на слобода Борче Петровски

Вечер Прес - 14.06.2007

Кардиологот Борче Петровски, завчера е пуштен на слобода откако платил гаранција од 200.000 евра. Петровски во текот на натамошната постапка ќе се брани од слобода, откако судскиот совет ја прифатил понудената гаранција, која била упатена во готовина.

Кардиологот Петровски пуштен од притвор со кауција

А1 - 12.06.2007

200.000 евра во готово е кауцијата која ја платил кардиологот Борче Петровски за да биде пуштен да се брани од слобода. Од истражниот затвор Шутка докторот Петровски е ослободен попладнево околу 17 часот и 15 минути. Претходните неколку дена траела правната процедура за да биде усвоено неговото ...