Албанија почна да извезува струја на Косово веднаш откако покраината прогласи независнот, јавија медиумите во Тирана. Белград се закани со економска блокада на Косово, а закана упати и до Албанија, ако продолжи да му извезува струја.
ЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛИТЕ НЕ ПРОИЗВЕДОА ДОВОЛНО ЕНЕРГИЈА Грција повторно ја спасува Македонија од недостиг од електрична енергија оти државните електроцентрали не можат да ги задоволат потребите, тврдат за „Време“ извори во државната компанија за пренос на електрична енергија, МЕПСО.
Законот за енергетиката остава простор за нерегуларности и за можна корупција во трошењето стотина милиони евра, посочија од „Транспарентност“ Владата потроши 18 месеци за политичко одржување ниска цена на електричната енергија наместо да развива стратегија како неизбежното поскапување да се одвива ...
За „Транспарентност - Македонија“ Владата потроши 18 месеци во политичко одржување ниска цена на струјата „Новиот закон за енергетика, кој е во процедура во Собранието, е уште еден производ на владината практика во неговата подготовка да не биде консултирана пошироката стручна јавност и да не бидат ...
Големите потрошувачи, граѓаните и малите индустриски капацитети годинава ќе имаат потреба од 10.095 GWh електрична енергија, стои во Енергетскиот биланс за 2008 година. Според податоците, од преносниот оператор МЕПСО големите фабрики, кои од почетоков на годината сами купуваат струја, на отворениот ...
Државните електрани нема суштински да ги коригираат проекциите за производство на струја за оваа година. Мала промена може да има единствено во бројките за хидрокапацитетот, тврдат неофицијално за канал 5 извори од компанијата.
Грција повторно ја спасува Македонија од недостиг на струја. Државната компанија за пренос „МЕПСО“ договори размена на дневна електрична енергија со грчките енергетски власти, од денеска па во наредните 10 дена. Кусокот се јави поради лошата проекција на производството кај државните електрани ...
Потрошувачката на струја во земјава од почетокот на годинава до 11 февруари е поголема од планираната, а производството помало. Поради тоа Македонскиот електропреносен систем-оператор бара од ЕСМ-ЕВН и од „Електрани на Македонија“ да достават ревидирани биланси за планираната потрошувачка и ...
Од почетокот на годинава досега хидроцентралите произвеле 52 ггвч. струја помалку, што е за 37 отсто под планираното со енергетскиот биланс за годинава. Плус, ЕВН - ЕСМ за периодот од 1 јануари до 11 февруари презел од системот 28 ггвч.
ПОТФРЛИЈА ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ Наташа Стојановска Државната компанија за пренос на струја, МЕПСО, ги чека новите податоци за производството и за потрошувачката на струја од државните електрични централи и од Австријците од ЕВН, за да реши дали ќе прави нов дополнителен увоз или Македонија ќе троши скапа ...
Преку северниот сосед влегува најголем дел од увозната струја, а главниот далновод е Ниш, Косово Поле до Скопје Маја Томиќ Евентуалниот прекин на испораката на струја од Србија кон Македонија за земјава би претставувало вистинска катастрофа, коментираат енергетски експерти.
Преносниот оператор МЕПСО ќе одлучува дали ќе објави нов тендер за дополнителен увоз на струја или ќе го вклучи ТЕЦ Неготино во системот поради намалениот хидропотенцијал во земјава Преносниот оператор МЕПСО, во консултација со Владата и со министерствата за економија и за финансии, ќе одлучи дали ...
Државните електрани на чело со Чингоски ја доведоа земјава пред недостиг на струја и нов трошок за набавка на кусокот, поради лошото планирање на производството. Електраните потфрлиле во проекцијата колку ќе произведат, па во јануари се јавил кусок од 37% помалку струја од хидрокапацитетите.
Застарениот генератор не можел да го издржи напојувањето. Тоа било причината што Воената болница вчера наутро цел час остана без електрична енергија. Екипи на ЕВН доцна синоќа го отстраниле дефектот, но препорачале генераторот под итно да се замени со нов.
Еден час без струја остана скопската Воена болница вчера во утринските часови, поради што беа одложени повеќе закажани операции. Дополнителен проблем настанал кога бил вклучен помошниот генератор, кој поради оптоварување не можел да обезбеди доволно електрична енергија.
Преносниот оператор препозна лошо планирање во производството на домашна струја кај Електрани. МЕПСО открива дека во јануари ЕЛЕМ произвела помалку струја од она што го ветила во енергетскиот биланс. Дури за 37 отсто потфрлил планот на компанијата кај хидрото.
ПРЕД ДА ПОЧНАТ ОПЕРАЦИИТЕ Воена болница остана без струја вчераутро, околу девет часот, веднаш по визитата, кога лекарите се подготвувале да влезат во салите за операција. Цел час лекарите чекале во неизвесност пред операциските сали, а пациентите, кои веќе биле подготвени за операција, во паника ...
Откако Болницата вчера утрото останала без струја, докторите веднаш пратиле абер до Владата дека го чекаат премиерот Никола Груевски да дојде да ги посети, како што тоа го направи пред два месеца кога без струја остана Кардиохирургијата "Филип Вт Воена болница вчераутро околу 9:30 часот остана без ...
Крстот ќе биде жртва на новиот Закон за енергетика, бидејќи испорачаната струја за ЕВН Македонија претставува загуба која компанијата не може да ја наплати, а ќе ја купува по пазарни, наместо по регулирани цени како досега Милениумскиот крст на падините на Водно, најграндиозната градба во Скопје, ...
Државната компанија за пренос МЕПСО бара струја по регионот за да ја спаси земјава од недостиг. А1 од владини извори дознава, дека раководството на МЕПСО, се обратило до енергетските власти во Србија, Грција и Бугарија. Бара струја по размена, која потоа земјава ке ја враќа назад.
Цела Воена болница утринава околу девет часот останала без струја, непосредно пред да започнат операциите. Лекарите цел час чекале пред операционите сали да дојде напојување. Пациентите кои во моментот биле подготвувани за операции, во паника прашувале што се случува, зошто се одложуваат ...
ГОЛЕМИТЕ ПОТРОШУВАЧИ БЕЗ УСУЛ Големите производители плаќаат илјадници евра за струја што воопшто не ја искористиле, бидејќи погрешно испланирале и договориле многу поголеми количества со трговците. Според податоците на Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) три последователни дена ...
Енергетските власти се мобилизираат. Итно прават стратегија за ублажување на евентуална криза која би можела да ја предизвикаат актуелните политички состојби во регионот, тврдат извори од енергетските компании. Велат дека состојбите дополнително ги усложнува и хидро - потенцијалот кој бил на ...
Без струја денеска од 10 до 11 часот ќе останат дел од потрошувачите лоцирани на улиците "Водњанска", "Ацо Караманов", "Загребска", "Партение Зографски", "Питу Гули", "Атанас Кратошо", ОУ "Кочо Рацин" и детската градинка во населбата Водно, како и останатите стопански и нестопански субјекти во овој ...
Преносниот оператор МЕПСО на својата веб-страница од вчера почна да ја објавува дневната потрошувачка на струја во земјава, во одредни периоди од денот. Конзумот на електрична енергија во неделата изнесуваше 29.586 мегават-часови, што претставува 6,2 отсто помалку од планираната потрошувачка на ...