TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Анан го осуди израелскиот напад во Газа

А1 - 07.12.2002

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан најостро го осуди нападот на израелската армија на палестинскиот бегалски камп во Газа во кој загинаа најмалку 12 лица, десет цивили и двајца припадници на ОН. Анан го повика Израел да ги почитува меѓународните хуманитарни закони, и да и нареди на својата армија ...

Израелската војска уби 10 Палестинци во бегалски камп во Газа

Вест - 07.12.2002

Палестинците вчера ги погребаа жртвите во кампот Буреиџ ГАЗА СИТИ, 7 декември (АП) - Израелски војници придружени од тенкови и воени хеликоптери вчера во потрага по еден милитант во преполниот бегалски камп Буреиџ во Појасот Газа предизвикаа хаотични борби во кои загинаа 10 Палестинци.

Крваво чистење на појасот Газа од палестински милитанти

Утрински - 07.12.2002

Во силна акција на израелската армија убиени десет Палестинци БУРЕЈ - Изреалските сили, поддржани со тенкови и хеликоптери, вчера упаднаа во кампот за бегалци Буреј во појасот Газа, при што предизвикаа оружени борби и убија 10 лица, соопштија палестински очевидци и болнички извори.

Тенкови и хеликоптери им го закрвавија верскиот празник на Палестинците

Дневник - 07.12.2002

НАЈМАЛКУ ДЕСЕТ ЖРТВИ ВО ПРЕСМЕТКА ВО ГАЗА Израелски пешадиски трупи поддржани од 25 тенка и од неколку борбени хеликоптери убија најмалку десет Палестинци во жестоки судири во бегалскиот камп Буреиџ во појасот Газа вчера изутрина, јави Ројтерс.

Девет загинати при акција на израелските сили

А1 - 06.12.2002

Израелски тенкови, поддржувани од воени хеликоптери, повторно влегоа во бегалскиот камп Бурудеш во јужните делови од Појасот Газа. Во престрелките меѓу израелските војници и вооружените Палестинци загинале девет лица, уништени се две куќи, а четири лица се уапсени.

Израел го одобри планот за изградба на

Вест - 06.12.2002

Ерусалим, 6 декември - Израелскиот премиер Ариел Шарон вчера го одобри планот со кој се предвидува изградба на "заштитен sид" долж демаркационата линија меѓу Северен Израел и Западниот Брег со цел израелското население да се заштити од палестинските напади.

Израелска рација во појасот Газа

А1 - 05.12.2002

Израелските трупи повторно влегоа во појасот Газа. Како што се дознава од кругови на палестинките сили за безбедност, војниците на израелската армија спровеле рации во два градски кварта во потрага по милитантни Палестинци. Во близина на населбата Нецарим била минирана куќа на еден ...

Шарон го поддржа планот на Буш за палестинска држава

А1 - 05.12.2002

Израелскиот претседател Ариел Шарон за прв пат јавно го поддржа планот на американскиот претседател Џорџ Буш за формирање палестинска држава, која би опфатила 40 проценти од западниот брег и три четвртини од појасот Газа. Привремените граници ќе бидат поставени до крајот наредната година, а ...

Израелци убија милитанти во пештерски бункер и 95-годишна старица во такси

Дневник - 05.12.2002

ВОЈНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Израелските војници вчера убиле двајца палестински милитанти, кои од своето засолниште во пештера кај Хеброн отвориле оган врз воена патрола, јави Ројтерс. Израелците го откриле засолништето на групата Исламски џихад и пратиле патрола да ги уапси милитантите, но двајцата ...

Нови жртви во израелско-палестинскиот конфликт

А1 - 04.12.2002

Двајца вооружени Палестинци се убиени денеска во престрелката со единица на израелската армија во близина на Хеброн, во јужниот дел од Западниот Брег, ја пренесува „Франспрес“ изјавата на израелски воени извори. Војниците спроведувале потрага кога двајцата Палестинци, скриени во пештера, отвориле ...

Израелски војници убија 95-годишна Палестинка

Утрински - 04.12.2002

Уште една жртва на насилството на Западниот Брег РАМАЛАХ - Израелските војници вчера убија една 95-годишна Палестинка која се качувала во такси по медицински преглед во градот Рамалах на Западниот Брег, соопштија палестински очевидци и лекари.

Убиен тинејџер при израелски напад на пазар

Утрински - 03.12.2002

Крвав крај на изралескиот обид за воведување полициски час во Јенин ЈЕНИН - Израелските единици вчера убија еден палестински тинејџер, а повредија уште 16 лица на преполн пазар во градот Јенин на Западниот Брег, соопштија палестински очевидци и болнички извори.

Израелески проектили погодиле палестински автомобил со милитанти

Вест - 02.12.2002

Палестински жени плачат покрај куќата што израелската војска ја уништила при нападите на Беит Лахија ГАЗА, 2 декември (Ројтерс) - Еден израелски воен хеликоптер вчера испукал два проектила на палестински автомобил што превезувал тројца милитанти во Појасот Газа при што освен еден од милитантите ...