TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

До економска рехабилитација со подобар однос кон парите

А1 - 17.03.2002

Дајте и пари на Македонија, но внимавајте на македонската корумпирана влада, беше препораката на Меѓународната кризна група до донаторите на конференцијата минатиот вторник во Брисел. Премиерот Љубчо Георгиевски вчера од Самоиловите тврдини во Охрид за коментарите за корумпираноста на неговиот ...

Се разбиструва структурата на парите од донаторите

Утрински - 16.03.2002

По завршувањето на Донаторската конференција за Македонија По добиените 307 милиони евра за Македонија, на Донаторската конференција во Брисел, остана дилемата колку од тие средства ќе бидат грантови, а колку таканаречени меки кредити.

Маргинални економски ефекти од Донаторската конференција

Утрински - 16.03.2002

Македонија меѓу предупредувањата на Меѓународната кризна група и повеќето пари од донаторите Веќе шест месеци македонската јавност се храни со илузии од Донаторската конференција дека по нејзиното одржување ќе тече мед и млеко во Македонија.

МАТ ја почести Владата со донаторски лет за Брисел

Вест - 14.03.2002

И РЕДОВНИОТ АВИОПРЕВОЗНИК ИМ СЕ ПРИДРУЖИ НА ДОНАТОРИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА И контроверзниот авиопревозник МАТ им се придружи на донаторите, кои завчера во Брисел ја шокираа македонската Влада со речиси половина милијарда евра. И контроверзниот авиопревозник МАТ им се придружи на донаторите, кои завчера ...

Македонија импресионирана од дарежливоста на донаторите

Вест - 14.03.2002

НА ДОНАТОРСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БРИСЕЛ ВЕТЕНИ 307 МИЛИОНИ ЕВРА Од добиените 307 милиони евра на Донаторската конференција, наменети за поддршка на платниот биланс, обнова на разурнатите објекти и имплементација на рамковниот договор, повеќето се грантови а остатокот кредити со многу поволни услови, ...

Задоволство од успешноста на Донаторската конференција

Утрински - 14.03.2002

Евроатлантски клуб Евроатланскиот клуб на Македонија изразува задоволство од успешноста на Донаторската конференција за Македонија. ?Со тоа уште еднаш се потврди дека меѓународната заедница има позитивна улога, не само како клучен фактор во безбедносното стабилизирање на државата, туку како фактор ...

Донаторите подарежливи за 51 милион евра

Утрински - 14.03.2002

Нашава држава на Донаторската конференција доби вкупно 578 милиони евра, од кои 307 милиони евра се чисти донации Петтата донаторска конференција за Македонија, навидум изненадувачки, но според организаторите: Европската унија и Светската банка, како и од донаторите, многу логично, донесе ...

Да не биде туширање на ладно

Дневник - 14.03.2002

Коментар - Слободан Содиќ Меѓународната заедница завчера во Брисел и додели на Македонија половина милијарда долари, со кои земјава треба да ги санира раните од шестмесечната војна. Засега не се знае колку од овие пари ќе бидат дадени како вистинска донација, а колку ќе дојдат како кредити.

Ќесето најхрабро го одврзаа Брисел и Германците

Дневник - 14.03.2002

ПО ДОНАТОРСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО СЕДИШТЕТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА Лавовскиот дел од парите за поддршка на буџетот ќе стаса откако ќе склучиме аранжман со ММФ Европската Унија со 207 милиони евра е најголем донатор на Македонија на завчерашната донаторска конференција во Брисел.

Македонија од меѓународната заедница доби 307 милиони евра

Капитал - 14.03.2002

Донаторска конференцијаМакедонија од меѓународната заедница доби 307 милиони евраМакедонската делегација од Брисел се врати презадоволна од парите што ги доби, но и укорена дека Македонија е земја во која царува корупцијата. Затоа, трошењето на парите ќе го надгледува посебен антикорупциски ...

Kолку од ветените 307 милиони евра се неповратни средства, а колку кредити

А1 - 13.03.2002

Македонската влада се уште не располага со прецизни бројки за тоа колку од ветените 307 милиони евра на донаторската конференција се неповратни средства, а колку кредити. Во министерството за финансии денеска изјавуваат дека чекаат официјално известување од Европската комисија.

Донаторите ветуваат дека ќе ја задоволат Македонија

Вест - 13.03.2002

СЕ ОДРЖА ДОНАТОРСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БРИСЕЛ Специјално од Брисел за ВЕСТ: Анита САЛТИРОВСКА " Меѓународната заедница беше решителна, но и фер во инсистирањето Македонија да ги исполни условите што и беа поставени. И вие имате права да очекувате од Европската комисија да го направи истото со тоа ...

Донаторите бараат Владата да остане на патот на реформите

Утрински - 13.03.2002

Во Брисел почна Донаторската конференција за Македонија. Излагања на Прибе, Георгиевски, Груевски и Ибраими Виолета Цветковска БРИСЕЛ - Во дух на висока подготвеност на меѓународната заедница, пред с? на Европската комисија и на Светска банка и очекувања од македонската страна, во Брисел почна ...

Македонија доби 307 милиони евра

Утрински - 13.03.2002

Вчерашната Донаторска конференција во Брисел заврши над очекувањата на македонската делегација Македонија вчера од донаторите доби 307 милиони евра, поголемиот дел во вид на грантови и меки кредити. Според соопштението доставено до новинарите непосредно пред прес- конференцијата доцна попладнето за ...

Од странскитефинансиери бараме малку пари

Утрински - 13.03.2002

Борис Стојменов Според направените пресметки за средствата што ни се потребни за санирање на вкупните штети од војната може да се извлече заклучокот дека му се додворуваме на меѓународниот фактор кој не е баш многу расположен да ни даде пари, констатира претседателот на ВМРО-Македонска, Борис ...

Македонија доби едно чудо пари во Брисел

Дневник - 13.03.2002

на вЧерашната донаторска конференциЈа Странските донатори и дадоа на нашата земја 307 милиони евра помош само за оваа година, а ветија уште 271 милион евра за проектите за економски развој Република Македонија на донаторската конференција во Брисел доби повеќе пари отколку што очекуваше, односно ...

307 милиони евра од донаторите за Македонија

А1 - 12.03.2002

Македонија на донаторската конференција доби 307 милиони евра, што е за 51 милион повеќе од тоа што го бараше од донаторите и што беше надвор од очекувањата. Покрај овие средства, на Македонија ќе и бидат доделени дополнителни 271 милиони евра за финансирање на разни проекти за поттикнување на ...

Донаторските пари нема да се делат по национален клуч

Вест - 12.03.2002

ДЕНЕСКА ВО БРИСЕЛ ПОЧНУВА ДОНАТОРСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА На конференцијата се пријавени 43 земји и организации, а донаторите тврдат дека нема да даваат пари за купување воена опрема и дека парите нема да се делат врз национална основа (Специјално од Брисел за ВЕСТ: Анита САЛТИРОВСКА) На ...

Со парите од донаторската ќе раководи посебна институција

Утрински - 12.03.2002

НАЈАВА Ќе се формира посебна владина институција за раководење со парите од донаторската конференција, при што клучен оддел ќе биде за менаџирање со средствата за спроведување на Рамковниот договор, беше најавено вчера во Брисел.

Финансиска поддршка за закрепнување на Македонија

Утрински - 12.03.2002

Денеска во Брисел се одржува донаторска конференција за нашава земја БРИСЕЛ - "Парите од донаторската конференција ќе ги дадеме на централната власт во Македонија, а таа ќе ги распределува натаму. Оваа програма не е дискриминаторска, туку средствата ќе бидат дадени таму каде што има потреба".

Донаторите загрижени од високата корупција во Македонија

А1 - 11.03.2002

Ден пред одржување на донаторската конференција, во Брисел, во фокусот е прашањето како Македонија ќе ги троши парите што ќе и бидат ветени утре. За тоа каква е опасноста поради високата корупција во Македонија, парите од донаторите да завршат во погрешен џеб, прашуваа и овдешните новинари.

За 250 милиони долари полета цела сурија

Вест - 11.03.2002

На донаторската конференција, која во вторник ќе се одржи во Брисел, вчера замина 45 - члена делегација од функционери, помошници, службеници и телохранители. Македонија од донаторите ќе побара 256 милиони долари, од кои 185 милиони за покривање на дефицитот во платниот биланс и во буџетот, 45 за ...

Најмногу средства потребни за јазот во платниот биланс

Утрински - 11.03.2002

Утре во Брисел ќе се одржи Донаторска конференција за Македонија МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Македонска делегација, предводена од премиерот Љупчо Георгиевски, според најавите, синоќа требаше да отпатува за Брисел, каде што утре треба да се одржи донаторска конференција за Македонија.

Донаторска конференција за покривање на срамот со Сребреница

Утрински - 11.03.2002

Акција за собирање помош на ОН во Њујорк Њујорк - Обединетите нации во Њујорк ќе организираат прва донаторска конференција за собирање средства за Сребреница, која ќе биде поддржана и од некои кругови од Бања Лука, вклучувајќи го и премиерот на Република Српска Младен Иваниќ.

Донаторската е јасен сигнал од големите сили

Утрински - 11.03.2002

Никола Груевски, Министер за финансии: Донаторската конференција има неколку значења, вели министерот за финансии, Никола Груевски, во рубриката ?Став на министерот", на страницата на Министерството на Интернет. Прво е јасен позитивен сигнал од ЕУ, САД и другите големи сили дека ја поддржуваат ...

Владата бара 256 милиони евра

Дневник - 11.03.2002

ДОНАТОРСКА КОНФЕРЕНЦИЈА Европската комисија им порача на сите донатори да бидат великодушни, зашто на Македонија треба да # се помогне, рече Ема Адвин, портпаролка на еврокомесарот Крис Патен Македонската Влада на донаторската конференцијата што ќе се одржи утре во Брисел ќе побара 256 милиони евра ...