TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кариќ апелира кај рускиот патријарх за ослободување на Вранишковски

А1 - 13.08.2005

Рускиот патријарх Алексеј го прими во Москва заменик-претседателот на Движењето на силите на Србија (ПСС) Драгомир Кариќ, кој го замолил да го искористи авторитетот за ослободување на митрополитот Јован од затвор во Македонија, соопшти денеска партијата.

Случајот „Вранишковски“ - меѓудржавен спор

Време - 13.08.2005

АНАЛИЗА НА БИМ Затворањето на Јован Вранишковски, кој беше расчинет од МПЦ и прогласен за српски егзарх во Македонија, ги влоши односите меѓу Скопје и Белград и има потенцијал да се разгори преку зголемени тензии меѓу соседите држави, се вели во последната анализа на Балканската истражувачка мрежа ...

Односите меѓу Скопје и Белград може да ескалираат

Дневник - 13.08.2005

АНАЛИЗА НА БИМ Црковната војна се прелеа на политички и на економски план, заклучува БИМ Затворањето на Јован Вранишковски, кој беше расчинет од МПЦ и прогласен за српски егзарх во Македонија, ги влоши односите меѓу Скопје и Белград и има потенцијал да ескалира преку зголемени тензии меѓу соседите ...

Вранишковски ги залади Скопје и Белград

Утрински - 13.08.2005

Во целиот случај се вклучи и грчката црква застанувајќи отворено на страната на СПЦ Во Македонија молк, а на север не стивнуваат реакциите за уапсениот владика Македонското судство нема намера да го коментира последниот Извештај на ОБСЕ, во кој се изнесени лоши оцени за пресудата на битолскиот суд ...

Вранишковски може да предизвика меѓудржавен спор

Вечер Прес - 13.08.2005

Затворањето на Јован Вранишковски, кој беше расчинет од МПЦ и прогласен за српски егзарх во Македонија, ги влоши односите меѓу Скопје и Белград и има потенцијал да ескалира преку зголемени тензии меѓу соседните држави, се вели во последната анализа на Балканската истражувачка мрежа.

БИМ: Случајот Вранишковски може да ескалира

А1 - 12.08.2005

Случајот со затворање на Вранишковски, расчинет од МПЦ и прогласен од СПЦ за српски егзарх во Македонија, има потенцијал и натаму да ескалира, наметнувајќи нови тензии меѓу двете соседни држави, се оценува во најновата анализа на Балканската истражувачка мрежа - БИМ.

ОБСЕ во одбрана на Јован

Дневник - 12.08.2005

СЛУЧАЈ "ВРАНИШКОВСКИ" Мислењето на судот дека владиката Јован Вранишковски со заедништвото и бранењето на каузата на Српската православна црква во Македонија предизвикал религиозна омраза и нетрпеливост не е доволно за да се оправда осудата и не е во согласност со религиозните слободи.

Извештај на БИМ за апсењето на Вранишковски

Канал5 - 12.08.2005

Балканската истражувачка мрежа во својата последна анализа заклучува дека случајот „Вранишковски“ има потенцијал да ескалира и да ги влоши односите меѓу Македонија и Србија. Оваа мрежа на организации која произлезе од работата на лондонскиот институт за воено и мирнодопско известување и сега е ...

За ОБСЕ се неубедливи доказите за вината на Вранишковски

Утрински - 12.08.2005

Странскиот експерт со лоши оцени за пресудата на битолските судии Извештајот во вторникот му е доставен на македонскиот премиер Владо Бучковски, а испратен е и на адреса на неколку други релевантни државни институции, меѓу кои, и на Државното обвинителство Гордана Дувњак "Нема сомневање дека ...

Божа Кариќ апелира до странците за ослободување на Вранишкоски

А1 - 11.08.2005

Српскиот бизнисмен и политичар Богољуб Кариќ, кому на сон му се јавил „владиката Јован“, т.е. Зоран Вранишкоски, ќе упати писмо со апел на неколку странски адреси за да помогне околу ослободувањето на српскиот егзарх во Македонија.

Адвокатите бараат да се пушти Вранишковски зашто судиите згрешиле!

Утрински - 11.08.2005

Кои се аргументите на одбраната на осудениот расчинет владика Бранителите на Вранишковски се повикуваат на Универзалната декларација за човекови права Гордана Дувњак Одбраната на осудениот расчинет владика бара од врховните судии да донесат одлука, со која ќе ги преиначат двете претходни пресуди ...

Врховниот суд и од РСС за извештајот на ОБСЕ за Јован

Канал5 - 11.08.2005

Мислењето на ОБСЕ во кое се критикува пресудата за Јован Вранишковски не стигнало во Врховниот суд. И да стигне, велат оттаму, нема да го коментираат затоа што единствената работа за која се надлежни да постапуваат е барањето за вонредно преиспитување на правосилна пресуда кое деновиве го достави ...

Вештачењето ги потврди проневерите на Вранишковски

Утрински - 11.08.2005

ВЕЛЕС - Според извршеното судско вештачење што беше извршено по барање на обвинетиот Зоран Вранишковски на 60 страници се потврдени сомневањата за криминални дела извршени во Пелагониско-преспанската, Брегалничката и епархијата Повардарска на ексвладиката Јован во времето кога тој раководеше со нив.

Вранишковски нема поддршка ниту дома, ниту во православниот свет

Вечер Прес - 11.08.2005

Во Македонската православна црква сметаат дека Србија залудно се обидува да го сврти вниманието на меѓународната јавност на случајот "Вранишковски". "И на слобода и во затвор - сеедно. Малкуте следбеници на Јован десет години не успеаја да создадат поддршка меѓу македонскиот народ, а тоа нема да го ...

Вранишковски ќе одговара и за проневера на 200.000 евра

Вечер Прес - 11.08.2005

Главниот претрес за финансиските малверзации на Зоран Вранишковски, што досега неколку пати беше одложуван, е закажан за септември во Основниот суд во Велес. Според обвинителниот акт, а на барање на Синодот на МПЦ, разрешениот владика Јован за време на неговото раководење со црквите и манастирите ...

Притисок од меѓународната заедница за случајот Вранишковски

А1 - 10.08.2005

Законите со кои се санкционираат религиозните прашања се само дел од корпусот човекови права, кои Македонија ќе треба дополнително да ги преиспита, откако поранешниот владика на МПЦ Јован Вранишковски отиде во затвор поради предизвикување верска омраза.

Државата падна на случајот "Вранишковски"

Дневник - 10.08.2005

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ Во случајот "Вранишковски" државата демонстрираше школски пример за ограничување на слободата на вероисповеста и беа доведени во прашање непристрасноста и објективноста на судот, смета Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија.

Расколникот Вранишковски "се крсти" во Врховниот суд

Утрински - 10.08.2005

Одбраната на осудениот владика го искористи правото на вонредно преиспитување на правосилната пресуда Врховниот суд за решавањето на жалбата на просрпскиот владика ќе побара мислење од Јавното обвинителство Гордана Дувњак Одбраната на осудениот владика Јован Вранишковски, кој веќе две недели се ...

Државата ја фаворизира МПЦ, смета Хелсиншкиот комитет

Утрински - 10.08.2005

Македонскиот комитет за човекови права ја обвинува државата за несекуларност Државата покажа нескриена преференција спрема една верска заедница - МПЦ, чии интереси и проблеми ги издигна на ниво на државни Македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права најостро се спротивставува на секој облик ...

ЛОШ ИЗВЕШТАЈ НА ОБСЕ ЗА ВРАНИШКОВСКИ

Канал5 - 10.08.2005

Ова е експертското мислење за случајот „Вранишковски“, кое ОБСЕ го нарача од меѓународно признати правници и до кое дојде Канал 5. Во него деканот на катедрата за меѓународно јавно право на универзитетот во Бристол Малколм Еванс ја критикува судската пресуда со која Вранишковски беше упатен на ...

Хелсиншкиот комитет удри и по Македонија и по Србија

Време - 10.08.2005

ЗА СЛУЧАЈОТ „ВРАНИШКОВСКИ“ Иван Блажевски Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет во Македонија вчера ја осуди пресудата на битолскиот суд за две и полгодишна казна за Јован, но и мешањето на српските власти во случајот на Јован Вранишковски.

Финансиските злоупотреби на Вранишковски 200.000 евра

А1 - 09.08.2005

Точно 200.000 евра тежат финансиските злоупотреби на екс владиката Јован направени во Пелагониско-преспанската, Брегалничка и Повардарска епархија, констатира во обвинителниот акт велешкото јавно обвинителство. Вранишковски без одлука на Синодот на МПЦ присвојувал пари од параклисите, црквите и ...

Солана демантира дека барал ослободување на Вранишковски

Утрински - 09.08.2005

Реакции од Брисел по пишувањето на белградскиот весник "Курир" Брисел - Канцеларијата на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Хавиер Солана, вчера ја демантираше информацијата објавена во белградскиот весник „Курирри, според кој Солана, наводно, побарал од највисокиот ...

„Амнести итернешнел“ бара итно ослободување на Вранишковски

Време - 09.08.2005

„СРПСКИ ЕГЗАРХ“ ПРЕД СОВЕТОТ НА ЕВРОПА Наташа Доковска Меѓународната организација „Амнести интернешнел“ бара „српскиот егзарх“ Јован Вранишковски итно да биде пуштен на слобода. Во спротивно, оваа меѓународна организација ќе побара од Советот на Европа тоа прашање да биде разгледано во рамките на ...

Вранишковски продолжува со тактиката на мачеништво

А1 - 08.08.2005

Расчинетиот владика Јован Вранишковски во затворот Идризово се соживеа со улогата на маченик. Тој вели дека му е добро во приемното одделение, каде што е сместен во соба со уште тројца затвореници. Неговиот адвокат Васко Георгиев, кој денеска го посети Вранишковски во затворот, рече дека со својот ...

Црвенковски нема да дозволи мешање во внатрешните работи

Утрински - 08.08.2005

Претседателот тврди дека врз него не се врши притисок за расчистување на ,,случајот Вранишковски" Црвенковски: Вранишковски е македонски државјанин кој нема задача да ги штити и исполнува религиозните чувства на Србите во Македонија, туку има задача да ја супституира или негира МПЦ Претседателот ...

Адвокатот Георгиев го посети Вранишковски во Идризово

Канал5 - 08.08.2005

Битолскиот адвокат Васил Георгиев, денеска се сретна со затворениот Јован Вранишковски во затворот Идризово. По повеќе од еден час разговор, Георгиев за Канал 5 изјави дека дошол да се види со Вранишковски, бидејќи тој бил отсутен кога Вранишковски замина на издржување на казната.

Се чека да пресече Врховниот суд

Време - 08.08.2005

СЕ КОМПЛИКУВА СЛУЧАЈОТ „ВРАНИШКОВСКИ“ Пеце Стефаноски Апелацискиот суд во Битола подготвува информација до Министерството за правда за судскиот предмет на Јован Вранишковски, во кој, со правосилна пресуда е осуден на 1,5 година затвор поради поттикнување национална и верска омраза, раздор и ...

Белград му предал пакет на Јован

Дневник - 08.08.2005

ТАЈНА ПОСЕТА од Претставник на амбасадата на СЦГ На Вранишковски во затворот му било дозволено да носи свештенички елек и да чита грчки книги Претставник на амбасадата на Србија и Црна Гора во Скопје во минатата недела го посетил Јован Вранишковски во скопскиот затвор Идризово и му предал пакет со ...

Македонија не е српска бановина!

Вечер Прес - 08.08.2005

"Цел Лесковац се крена на нозе откако телевизијата на Богољуб Кариќ изврши пропаганда против Македонија за затворањето на Вранишковски, кого Србите го сметаат за свој егзарх", вели Ивана Ковачевска-Цветковиќ, која завчера присуствуваше на Генералното собрание на Светскиот македонски конгрес.

Не трпам притисок од никого

Вечер Прес - 08.08.2005

Претседателот Бранко Црвенковски досега не бил подложен на никаков притисок од претставниците на меѓународната заедница во врска со случајот Вранишковски, а како што вчера самиот објасни, дури не забележал ниту некаков посебен интерес на дипломатите за тоа прашање.