TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Битолските пензионери собираат потписи за посмртнината

Утрински - 08.12.2007

БИТОЛА - И битолските пензионери не го даваат Солидарниот фонд и се противат на намерата на министерот Мешков парите што секој месец ги издвојуваат на доброволна основа да ги менаџира државата, а не како досега пензионерското здружение.

Кој ќе се грижи подобро за посмртнината

Утрински - 06.12.2007

ПИОМ има само 30 шалтери, наспроти 48 здруженија колку што имаат пензионерите ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА Ако државата им го земе Солидарниот фонд на пензионерските здруженија, тогаш посмртнината ќе стане тешко достапна за пензионерите, посебно за оние по селата.

Пензионерите не го даваат Солидарниот фонд

Дневник - 06.12.2007

Сојузот на пензионерите на Македонија најавува дека нема да дозволи парите од Солидарниот фонд за посмртнина да им ги исплатуваат подрачните единици на Фондот за пензиско осигурување, наместо, како досега, здруженијата на пензионерите.

Опозицијата против измени во законот за пензиско осигурување

А1 - 05.12.2007

Измените во законот за пензиско и инвалидско осигурување ќе создадат вистински хаос во практичната примена. Намерата на Владата е да ги стават под своја капа парите од солидарниот фонд. Опозицијата жестоко се спротивстави на законските измени.

Се скараа кој повеќе се грижи за пензионерите

Вест - 05.12.2007

ПРЕПУКУВАЊА СДСМ- ВЛАДА СДСМ ја обвини Владата дека 140 денари кои пензионерите месечно ги уплаќаат во Солидарниот фонд ги троши за реклама и бара да отстапи од решението за контрола на Фондот. " Сметаме дека овие средства се лични средства на пензионерите и само тие имаат право да располагаат со ...

Пензионерите стравуваат дека ќе извисат за покачувањето

Утрински - 05.12.2007

ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА Пензионерите стравуваат дека не само што може да добијат помало покачување од она што им го вети Владата туку и дека може да извисат и да нема никакво зголемување на нивните пензии. Нивниот оптимизам по најавите за поголеми пензии посебно паднал откако Владата поднела амандман за ...

СДСМ: Владата ги присвои парите на пензионерите

Дневник - 05.12.2007

Владата сака да ги присвои и да ги троши парите што пензионерите доброволно ги одвојуваат во солидарниот фонд за исплата на посмртнина, обвини вчера Игор Ивановски, потпретседател на СДСМ. - Решението на Владата за де факто конфискација на средствата на пензионерите го сметаме за обид за трошење на ...

СДСМ во одбрана на криминалот!?

Вечер Прес - 05.12.2007

Владата сака да ги присвои и троши средствата кои пензионерите доброволно ги одвојуваат во својот Солидарен фонд за погребнина, смета СДСМ, па затоа партијата нема да ги поддржи измените на Законот со кој се предвидува парите од пезионерските здруженија да преминат под државна капа.

СДСМ: Владата манипулира со пензионерите

А1 - 04.12.2007

СДСМ ја обвини Владата на Груевски, дека манипулира со пензионерите. Тврдат дека пензиите немало да се зголемат за 20, туку за 4%. Според опозицијата, Владата ги троши парите на пензионерите од солидарниот фонд за своите рекламни кампањи.

СДСМ бара од Владата да отстапи од решението за контрола на солидарниот пензионерски фонд

Канал5 - 04.12.2007

За да ги поддржи измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување СДСМ бара од Владата и од ВМРО - ДПМНЕ да отстапат од решението за контрола на солидарниот пензионерски фонд. Скопје, 4 декември (МИА) - За да ги поддржи измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување СДСМ бара од ...